Кабала Моменти се извадоци од дневните Кабала Лекции кои се учат со д-р Михаел Лајтман, врз основа на веродостојни кабалистички извори и вклучува учество во живо помеѓу студентите по Кабала и гледачите на Кабала ТВ
Наставата се одржува од 2:00 до 5:00 часот наутро, Македонско време,од Недела до Петок. Петочните лекции се наменети воглавно за почетници.
Сите Дневни лекции можат бесплатно да се симнат во секое време од Архива
|
 Постојат само две главни заповеди - страв и љубов. Од стравот доаѓа барањето, а од љубовта - благодарноста.
 Разликата помеѓу духовната светлина и темнина е во тоа што светлината е својство на давање, а темнината е својство на добивање поради себе.
 Нашата желба е обвиткана во лушпа. Замислете си, тоа е како кокос - внатре има сок, а потоа има бел дел и конечно, надворешната лушпа - кафеникава.
 Јас создавам во себе место за ова лего и, всушност јас ги вклучувам во себе сите. Но под услов во својата желба за примање да дадам на секого место како во легото во кое, додека го цртам, таму влегуваш ти и тој и тој...
 Проценката не е само колку добиваш, туку и колку даваш. Секој треба да дава, треба да работи, треба да дава на општеството, треба да го преземе врз себе товарот на семејството, одгледувањето на децата итн.
 Мажот и жената, и Создателот меѓу нив. Ако тие постојат за да го достигнат духовното, и тоа е најважно за нив - врската, и навистина, секој пат си ја поставуваат како цел пред себе, кога и двајцата знаат дека тоа е причината поради која постоиме на овој свет, тоа е "круна" на семејството.
 Тоа доаѓа од духовниот корен, каде што силата на давање бара место во кое може да дава, место за давање.
 Така жените се здружувате во една организација, во која самите можете да се справите, но заедно можете кога ги користите надворешни сили.
 Жените, поради недостаток на избор, достигнуваат и до фаза во која треба да се справат со животот, за да обезбедат она што мажите не им даваат, и така тие се обврзани да учат, да вршат тешка работа, да се грижат за домот , да раѓаат деца без мажи, да ги воспитуваат, да се грижат за нив без сопруг.
 Книгата никогаш не ни кажува за нешто теоретско и со тоа да треба да се согласам со разумот, туку само со нашите чувства.
|
|
|