
Со тоа што го фали својот човек, жената му помага нему да се развива и ја зајакнува нивната врска.
Денес стапката на разводи е зачудувачка, а повеќето врски се со краток век. Поради ова, многу е важно за луѓето да го најдат начинот како да одржат успешен брак. Со цел жената да сфати како најдобро да го исполни својот дел од врската, таа мора да ја сфати природата на мажот. Тогаш таа ќе биде мудра и способна да создаде трајна врска исполнета со љубов.
Вистинска љубов постои само во духовниот свет.
Ако мислите дека ќе ја најдете љубовта од приказните и тоа ќе ве направи среќни,размислете пак.Таквата љубов не е вистинска љубов,туку користење на другите за себезадоволување.
Она што обично го викаме љубов е егоистично задоволување на една личност од страна на друга, без оглед дали е сексуално задоволство или било кој друг вид исполнување што го добиваме од другиот. И јасно е, тоа не е љубов. Што е тогаш љубов? Љубов е кога не обрнуваш внимание на себе, туку ги земаш желбите на друга личност и се трудиш да ги исполниш точно онака како што таа сака. Со други зборови, се претвораш во сад на исполнување за другата личност. Тоа е вистинска љубов, и постои само во духовниот свет. И не е важно дали е маж или жена – она што е важно се желбите, душата.
Спротивно на тоа, кога зборуваме за љубов во овој свет, всушност зборуваме за привлечност и задоволство кои настануваат од хормони. Кога би ја прекинале врската на човек со неговиот хормонален систем, тој не би можел да чувствува „љубов." Тоа пак покажува дека она за кое обично мислиме дека е љубов е само егоистична желба за уживање. Понекогаш таа желба знае да биде и сурова, сакајќи да добие исполнување на трошок на другата личност. Затоа, љубовта за која читаме во приказните е всушност илузија, и не постои во стварноста. Тоа е затоа што сите наши желби се засноваат само врз желбата да се исполниме себеси.
Дури и кога им даваме нешто на другите, го правиме тоа само затоа што нам ни дава задоволство. Нашето давање е бесмислено бидејќи она што навистина ни е важно додека го вршиме е како ние се чувствуваме.
 Духовното потекло на сексот е единството на душата со Создателот.
Во духовниот свет, душата е обединета со Светлината, и ова единство се нарекува „Цивук“- спојување во двојка. Тоа претставува обединување на двата дела од суштеството - машкиот и женскиот, и е најголемото задоволство што некогаш постоело - душата исполнета со Светлината на Создателот.
Духовното спојување во двојка има исто така свое разгранување или копија во физичкиот свет- тоа е крајното задоволство на овој свет, и почетокот на сите наши желби на овој свет.
Односите без духовна поврзаност не можат да преживеат
Денес практично е невозможно мажот и жената да одржуваат добар однос со текот на времето, ако не постои духовна поврзаност меѓу нив. Тоа е затоа што нивните ега се во конфликт еден против друг и ја разоруваат нивната врска. Денес постојат безброј разводи, и повеќето врски се распаѓаат, бидејќи нашите ега се во „пламен“ и тие само раснат се` поголеми со времето. Преубавиот стих, „Мажот, жената и Боженственото Присуство меѓу нив“ – едноставно не постои кај таквите парови.
Па што е потребно да се создаде таква духовна врска меѓу нив, единствена работа која може да го залечи нивниот однос? Присуство на духовна врска значи дека двајцата партнери знаат за причината на нивното постоење – да се започне духовно патување и да се досегне духовната животна цел. Тогаш ќе има нешто што вистински ќе ги спојува , ќе бидат во заедничка „келија“, и стихот„ Маж, жена и Боженстевено Присуство меѓу нив“ навистина ќе се оствари. Со други зборови, тие ќе го почувствуваат откровението на Боженственото Присуство – Создателот.

Жената ја извршува својата улога со тоа што е спротивна,(и не е еднаква) со мажот
Улогите на мажите и жените станаа толку нејасни, што луѓето се збунети, какви би требало да бидат идеални улогите на мажите и жените. Ова влијаело на односите помеѓу мажите и жените, и дури предизвикало збунетост кај луѓето за нивниот сопствен идентитет.
Колку повеќе сакаме да создаваме едноставна, чиста рамноправност – според нашето разбирање на тоа, на крајот тоа не користи ниту на мажите,ниту на жените.
 Нашето его е змијата кој не спречува да бидеме во состојба да сакаме некој друг
Значењето на приказната за Адам, Ева и змијата всушност е многу едноставно.Змијата го претставува егото кое е откриено помеѓу Адам и Ева, мажот и жената. И тоа е навистина се` што е тука раскажано. На пример, да си претпоставиме среќен, заљубен пар.
 Помешаност на машки и женски квалитети на духовно ниво води кон изневерување, предавство и сексуални девијации во нашиот свет.
 Мажите се здобиваат со Светлост, а жените им обезбедуваат желба за исправување
Фразата „ мажот и жената, досегнување заедно“, на сите нас ни дава претстави кои немаат ништо заедничко со она што всушност представува. Ние се гледаме нас како телесни мажи и жени кои се однесуваат едни кон други како што нивните тела, мисли и емоции се однесуваат на нив!
 Виртуелните врски се производ на нашата сопствена фантазија.
Многумина денес создаваат „виртуелна романтична поврзаност" на социјалните интернет страници каков што е Фејсбук. Тие среќаваат други луѓе, споделуваат фотографии, па дури и се вљубуваат во нивните виртуелни партнери! Причината поради која сме толку многу привлечени кон нашите виртуелни партнери е поради тоа што со нив се поврзуваме на не-материјално ниво, без физички контакт, па дури и „духовно" на некој начин.
|