
Достигнување на Вишите Светови
од Д-р Михаел Лајтман
Ова е практичен и пригоден начин да се поврзете со смислата на животот, да сфатите што ние правиме тука и што е нашата цел во овој свет. Аудио верзијата на Достигнување на Вишите Светови, ви овозможува да впиете крајна исполнетост на движечката духовна содржина на едноставен англиски јазик, каде и да бидете. Преку трогателно раскажување ве води на патување кое го просветлува умот, гo оживува срцето и ве движи во длабочините на вашата душа. Зборови на Д-р Рав Mихаел Лајтман "Тоа е надвор од човековото сфаќање, да се разбере суштината на таков духовен квалитет каков што е целосен алтруизам и љубов. Ова е од едноставна причина што луѓето не можат да сфатат, како такви чувства можат воопшто да постојат, кога секој навидум бара поттик да изврши било какво дело; без некаква лична добивка луѓето не се подготвени да се прошират себе. Затоа, квалитет како алтруизам, може на човек да му биде даден само од Горе, и само оние кои го доживеале тоа можат да го разберат. "Така, седнете удобно и дозволете и на мудроста кабала да ве измие. Соочувањето со совршенството на бескрајноста на таков начин, е искуство кое не може да се опише со зборови. Тоа мора да го почувствува секој поединец, секое искуство на свое место. Овој сеопфатен водич за духовното откритие, е наменет за сите оние кои ја бараат вистинската смисла во животот, а која е далеку од обичните.
Музиката користена во снимките е напишана од Баал ХаСулам (Раби Јехуда Aшлаг): Једид Нефеш и Кел Мистатер (преземање од Мелодии од Баал ХаСулам).
Аранжман: А. Eтингер / Т. Kозинек од Tхинкмузик студио, Торонто, Канада
Нарација и продукција: Т. Koзинек.
- Вовед / Како да го слушате снименото
- Согледување на Создателот
- Духовен пат
- Провидение на Создателот
- Реализирање на Создателовите правила
- Поништување на личните интереси
- Целта на проучување Кабала
- Духовен напредок
- Нашето согледување
- Структура на реалноста
- Молба за помош
- Справување со желбата за само-задоволство
- Внатрешно движење и развој
- Искоренување на егоизмот
- Патот на Кабалата
- Откровение и прикривање
- Постепено духовно исправување
- Внатрешни квалитети и надворешни гледишта
- Спојување со Создателот
- Семоќен Волшебник кој не може да биде сам
- Духовни нивоа
- Враќање кон Создателот
- Исправување на егоизмот
- Духовен развој
- Духовна работа
- Доверба и вера
- Процес на приспособување кон Создателот
- Сознание на духовните света
- Фази на исправување
- Не, за самиот себе
- Преобразба на нашата природа
- Страв од Создателот
- Семе на алтруизмот
- Битка за согледување на Создателот
- Примање за добро на давањето
- Пратеното страдање како апсолутна добрина
- Зла наклонетост
- Напоредна работа со трите линии
- Разбирање на нашата вистинска природа
- Kaбалистички цитати
- Рав Лајтмановите потрага по Кабала
- Маса за јадење - пиеса


