Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вовед

4 Првични  Прашања

Што е кабала ?

Мудроста кабала е научна алатка за проучување на духовниот свет. За истражување на нашиот свет, ние ги користиме природните науки како што се физика, хемија и биологија. Но, природните науки го проучуваат само физичкиот свет кој го согледуваме со нашите пет сетила. За целосно да се разбере светот во кој живееме, потребен е истражувачки инструмент, кој може да го истражува скриеното царство, она што нашите сетила не може да го согледаат. Тој инструмент е мудроста кабала.

Според мудроста кабала, реалноста се состои од две сили или квалитети: желба да прима и желба да дава, да дава. Бидејќи  желбата за давање сака да даде, ја создава желбата на примање, па оттука почесто се користи името "Создател." Поради тоа, целокупното создавање, вклучувајќи нè и нас, е израз на желбата на примање.

Користејќи ја кабалата, можеме да работиме со фундаменталните сили на реалноста - примање и давање - во наша корист. Не нè  учи само каков е нацртот на создавањето, туку и како можеме да станеме моделатори, како што е Семоќниот, како оригиналниот Дизајнер на реалноста.

 

Што нè учат кабалистичките книги?

books1_previewКабалистичките книги ја даваат структурата на духовните светови и како секој од нас може таму да отиде. Кабалистичката книга е како туристички водич. Доколку сакате да патувате во нов град, можеби ќе сакате да користите туристички водач, да ви каже кои се најдобри места за посета, најдобри кафулиња и клубови, и места каде што не сакате да одите, затоа што нема да ви се допадне она што таму ќе го најдете.

Слично на тоа, кабалистичките книги ви кажуваат како се градени духовните светови, кои "места" се повеќе забавни, а кои не. Се разбира, тие не се физички места, туку духовни состојби, кои секој кабалист ги искусил.

Друга работа која ви ја кажуваат кабалистичките книги е: како да се најде духовната реалност. Ако сакате да отидете некаде во овој свет, потребна ви е карта за тоа место и туристички водач за проучување на самото место. Во духовноста, кабалистичките книги ќе го направат тоа за сите вас "ќе ви покажат" каде е духовниот свет, "ќе ве доведат" таму, и ќе ви ја покажат околината.

 

Кој може да студира Кабала ?

4-otazky_clip_image002Кога го прашале Рав Кук, големиот кабалист на 20тиот век и првиот Рабин на Израел, за тоа кој би можел да учи кабала, неговиот одговор бил недвосмислен: "Секој, кој го посакува тоа". Во последните сто години, сите кабалисти без исклучоци, јасно изјавиле, и тоа во многу прилики, дека денес кабалата е отворена за сите. Покрај тоа, тие велат дека тоа е неопходно средство за решавање на глобалната криза која тие ја предвидоа, дека ќе дојде, и со која ние се соочуваме денес.

Според сите кaбалисти, скриените денови на кабалата се завршени. Мудроста кабала до сега беше скриена, бидејќи кабалистите стравуваа дека таа ќе биде злоупотребена и неразбрана. И навистина, малку протече и предизвика многубројни заблуди во врска со тоа. Бидејќи кaбалистите изјавиле, дека нашата генерација е подготвена да го разбере вистинското значење на кабалата, и да ги расчисти заблудите на минатото.  Оваа наука сега е отворена за сите кои сакаат да ја научат.

 

Што е Бнеи Барух ?

4-otazky_clip_image003Бнеи Барух е Институт за истражување и организација за учење, студирање и за дистрибуирање на автентична кабала. Во 1991 година, др. Рав Михаел Лајтман, го основа Бнеи Барух за целите што се опишани. Тој го нарекол Бнеи Барух (синови на Барух) во спомен на својот ментор, големиот кабалист Рабин Барух Aшлаг, првороден син и наследник на кaбалистот Рабин Јехуда Aшлаг, автор на Сулам (скала) и коментарот на книгата “Зохар“.

За да се шири пораката, Бнеи Барух го подржува овој сајт, издава книги, весници, приредува радио и телевизиските програми. Околу, два милиони корисници го посетуваат сајтот секој месец, од кои стотици  илјади се активни членови, кои ја подржуваат каузата и помагаат таа да се шири, во корист на човештвото.

Пријави се за бесплатен кабала курс кај Бнеј Барух - Институт за образование