Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Внимавајте на дозирањето!

Баал ХаСулам, „Откривање на мерата и скривање на две“: Големите кабалисти, пред да откријат нешто длабоко, пишуваат: „Тука ја откривам мерата и скривам две“.

Пред сè, зошто воопшто е потребно нешто да се скрива? Каква корист носи затајувањето? Генерално, целото суштество (брија – בריאה) е скриено со слоеви. Оттаму и називот, кој означува нешто надворешно (бар - בר) во однос на Создателот, излезено надвор од Него преку скривање, и затоа способно да егзистира. Во случај да егзистира во Создателот, тоа би претставувало не повеќе отколку Малхут на Бесконечноста, целосно наполнета со Светлина, која се наоѓа под власта на Создателот и нема ништо свое. Суштеството престојува надвор од Создателот и има сопствена реалност – сопствен разум и чувство, различни од Него. Кога не би постоела таа разлика, суштеството би престојувало во Создателот, „апсорбирано“ од Светлината. Но тоа е поинакво, и таа разлика се создава со оддалечувањето. Оддалечување во духовното е токму скривањето. Кај нас оддалеченоста и затајувањето се одредуваат со растојанието, а таму слојот сам нè „одвојува“ на различни страни. Значи, суштеството се разликува со разумот и чувството, се разликува по особините, на кои им недостига сличност со Создателот. И тоа е неопходно за суштеството, за да биде тоа што е, да егзистира.

Постојат чувство и разум, кои ние ги припишуваме на Создателот – апсолутното давање и љубов, Светлината хохма, преслечена во Светлината Хасадим, која потоа се манифестира пред нас во „родителските“ парцуфим Аба ве-Има. Ние пак, треба да се разликуваме од нив во квалитетот ЗОН, во квалитетот на душите. Оттука гледаме, дека токму разбивањето претставува дејство, кое е наменето да ги доведе суштествата до откривањето. Тие задолжително мора да бидат спротивни на Создателот – и тогаш со помош на надворешните дејства над себеси, тие стекнуваат екран и одразена Светлина, т.е. мерки на сличност на Него. На таков начин, суштеството првично е поделено надве: неговиот внатрешен дел е спротивен на Создателот според желбите и мислите, додека надворешниот дел, „покривката“, екранот (масах), е сличен на Создателот. Како резултат на тоа, суштеството егзистира само за себе и истовремено е споено со Него. Понатаму, бидејќи суштеството мора да ги вклучува во себе овие две спротивни една на друга сили, две особини, две состојби, и да дејствува тргнувајќи од нив, без оглед на нивната спротивност, бидејќи самото тоа не претставува ниту аналогија на Создателот, ниту аналогија на Неговата спротивност, злата склоност, суштеството претставува средна линија – во таа мера, во која може да ги соединува двете спротивни форми, изградувајќи од нив нешто заедничко.

За да му се овозможи на суштеството да го прави тоа, постои законот на откривање на мерата и скривање на две. Согласно тој закон, да се открие што било, т.е. да се приближи суштеството до Создателот е можно, само со негово враќање во преходната состојба, со додавање на „дебелина“, тежина. Да речеме, суштеството направи чекор напред – „ја откри мерата“, малку се приближило до Создателот, стекнало повеќе сили. Но со самото тоа суштеството излезе од рамнотежа, и сега силите на Создателот поинаку влијаат врз него во споредба со претходната состојба, враќајќи го назад со нов „багаж“, иако тој е скриен. А потоа на суштеството му додаваат, „удвојуваат“ скривање – и благодарение на тоа, повторно го доведуваат до избор. Така на суштеството постојано му даваат можност слободно да избира и да напредува кон Создателот. И затоа, откривајќи ни ја мерата, кабалистите мора да скриваат две. Тоа овозможува да ги задржува суштествата во одвоеност од Создателот, за тие да можат да одат кон Него, секогаш сочувувајќи ја својата самостојност, својата независност. И се разбира, кога ние самите ги придружуваме луѓето на духовниот пат, кога служиме како „локомотива“, „пастир“ за нив, не смееме да ги доведуваме до забуна. Тоа е дозволено само во одделни случаи, за да се создаде подлога за работа, кога збунувањето служи како „надразнувач“, „стимулатор“, кој помага да ја надминат конфузијата и од неа да откријат нешто ново.

А од друга страна, ние не смееме да зборуваме со нив за она, што ќе ги доведе до ќорсокак, ќе ги дезориентира. И затоа им се обраќам на сите наши пријатели, кои се обучуваат за предавање и работа со широка публика – како во областа на науката кабала, така и во областа на интегралното образование: ние секогаш мора да ги чувствуваме срцата на луѓето, и да откриваме само онолку, колку што им е потребно за напредување, - од една страна не одземајќи им ја слободата на избор, а од друга страна, не внесувајќи конфузија. Учителот мора да биде лекар, исцелител на човечките души, а за тоа е потребно да се знае точното дозирање. Бидејќи Тора, како и секој лек, може да стане „животворен еликсир“ или „смртоносен отров“. Учителот треба да биде искусен наставник, водич, кој ги сака своите ученици и вистински учествува во нивното продвижување. Тогаш тој ќе им го даде точно тоа што е потребно, избегнувајќи незрели или презреани плодови. Сè има свое време, и науката кабала овозможува точно да се пресметаат „дозите“, бидејќи во неа ние се соединуваме со срцата, душите – ако не од страна на учениците, тогаш барем од страна на учителот. И токму кон таква настава ние треба да се стремиме. Сето тоа е дел од заштитата, благодарение на која човекот останува суштество надвор од Создателот и може да напредува, останувајќи слободен. „Да се биде слободен во својата земја“ – речено е во химната на Израел. Со други зборови, дури стоејќи пред Создателот и соединувајќи се, спојувајќи се со Него, јас не се поништувам себеси, туку дејствувам како еднаков, на еднакво ниво.

Од лекцијата по статијата „Откривање на мерата скривање на две“, 11.12.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica