Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дали можеме да научиме да ја гледаме иднината

Прашање: Многу ми е блиско вашето објаснување за местото на човекот, кој како резултат на својот егоистички развој се нашол најдолу и е најнесреќен од сите други суштества во природата. Понекогаш го гледам своето куче, и завидувам на неговиот живот: тоа не се измачува со никакви прашања, нема никакви проблеми. Единствената негова грижа е – што да јаде. Во времето кога човештвото се борело за својот опстанок, тоа не си го поставувало прашањето за смислата на животот. И токму сега, кога достигнавме релативна благосостојба и не се бориме за парче леб, одеднаш се појавува прашањето: „Зошто е потребна целата оваа игра која се нарекува живот?“ Излегува, дека целата наша мудрост, развој, разум не вреди ништо, бидејќи не ни дава одговор на ова темелно прашање. Тогаш каква треба да биде следната фаза на нашиот развој? Дали ќе можеме да ја видиме својата иднина?

Одговор: Ако постои прашање, незадоволена желба, потреба за гледање на иднината, тогаш изгледа сме способни да најдеме одговор на него. Во историјата дури имало луѓе кои можеле да ја претскажуваат иднината. Интересно е дека иднината веќе постои! Прашање е само дали ние ќе можеме да се поврземе со неа? Ако се развиваме со помош на програмата, содржана во природата, тогаш по сè изгледа можеме да ја откриеме, прочитаме, сфатиме, почувствуваме. Бидејќи таа веќе постои во природата, во облик на баланс на силите. Астрофизичарите кои го изучуваат животот на космосот, исто така велат дека целата Вселена претставува една мисла. Тоа се многу материјални луѓе, научници, истражувачи на природата, но сепак тие изјавуваат, дека ние се наоѓаме внатре во полето на мислата. Во природата е вградена програма на развој, на која ние се потчинуваме. Ние сме – производи на таа програма, и целата наша еволуција се одвивала според нејзиното сценарио. Таа програма управува со балансот на силите во природата, што резултирало со соединување на елементарните честички во објекти и тела, и така се развила целата Вселена, почнувајќи од Биг Бенг и сè до денес. Тогаш како да го откриеме овој скриен пласт на природата?

Познато е дека основен, и всушност единствен закон на природата кој ги определува сите наши чувствувања, сфаќања, воспримања – е законот за сличноста на особините. Законот на сличноста вели: ако јас нешто чувствувам, тоа е само затоа што таа особина во некој облик постои во мене самиот. Ако гледам жолта, црвена, бела боја, ако слушам некои звуци, вкусувам секакви вкусови – ако нешто разликувам во моите осети, значи во мене се присутни истите сили, истите особини, како и во објектот на набљудувањето. Токму затоа јас можам да го почувствувам. Едното се определува со другото – мојот внатрешен модел е соодветен на надворешната слика.

Ние се убедуваме во тоа од примерот на нашите деца, кои не забележуваат многу нешта во овој свет сè додека ние не им објасниме, не им дадеме соодветни игри, не им помогнеме да видат, почувствуваат, да го пробаат вкусот. Излегува дека е можно да го развиеме во себе чувствувањето на непознатата иднина. Иднината може да се дознае на сметка на фактот, што пред сè, ние ќе научиме каква природа се наоѓа повисоко од нас. Ако целата Вселена е една голема програма, како во компјутерот, и врз нас влијае една мисла, една замисла, тогаш треба да се приближиме до неа и да ги дознаеме нејзините планови во врска со нас. Како можеме да се поврземе со неа? Какви сетилни органи, какви вкусови, сензори, сили, мислење треба да имаме, како да го подготвиме своето срце и разумот, односно желбите и мислите, за да ја почувствуваме иднината? И тука наидуваме на сериозен проблем. Бидејќи природата, ако говориме за неа како за виша замисла која го поддржува нашето постоење и владее со нас – е целосно интегрална, тркалезна, заемно поврзана. Таа не се дели на посебни елементи: неживи, растителни, животински, човечки, на посебни бои, звуци. Во природата се се соединува воедно во една целина, сè е непрекинато поврзано едно со друго.

Човештвото, како последица на својот развој на Земјината топка, исто така постепено ја открива сè потесната сеопшта меѓусебна поврзаност на сите. Иако таа не е посакувана од нас и секој би сакал да се скрие во своето ќоше, никој да не го чепка. Но тоа не успева, и ние секој ден откриваме сè поголема зависност на секого од сите. Дури и научните дисциплини сè повеќе меѓусебно се испреплетуваат. Секаде дејствуваат истите закони, истите односи, само во малку поинаква форма, од што ние разликуваме: закони на тврдите тела, на течностите, на гасовите, на плазмата. Во суштина, во природата не постојат никакви разлики – ние ја делиме на одделни делови: биологија, зоологија, механика, електрична енергија, изучувајќи го секој предмет посебно. Ние едноставно не сме способни да ја опфатиме целината заедно, целата таа интегрална форма заедно. За да можеме барем малку да ја разбираме природата и да ја контролираме, ние ја делиме на одделни предмети. Но веќе постојат многу насоки, кои поврзуваат неколку предмети заедно, како на пример, мојата прва специјалност: биокибернетиката. Ние создаваме сè повеќе такви меѓусебно поврзани науки, бидејќи сфаќаме дека всушност сè е единствено. Во античките времиња, кога науката уште не била толку развиена, научниците поседувале универзално знаење од сите области, како на пример, Леонардо да Винчи. Секој од големите луѓе бил мудрец филозоф, бидејќи филозофијата ги вклучувала во себе сите знаења за природата. Но потоа, ние толку сме ги развиле своите знаења за природата, што еден човек веќе не бил во состојба сето тоа да го асимилира. И затоа морало да се направи поделба на одделни предмети. Но всушност, тоа е еден систем.

Затоа ние треба да научиме да чувствуваме, да сфаќаме, да знаеме што е вградено во вишата програма која ќе управува со нашиот живот во дадениот момент, утре и сите наредни години. Спознавајќи ја, ние дури ќе дознаеме што ќе се случи со нас после нашата смрт. Бидејќи нашата свест, чувствата, знаењата нема да умрат заедно со ова протеинско тело, кога тоа ќе престане да егзистира. Тоа е апсолутно друга материја – тоа се сили кои не исчезнуваат. Ние ќе дознаеме за животот надвор од телото ако станеме интегрални како целата природа, и ќе почнеме да се приближуваме до нејзината програма. Затоа ние треба да развиеме во себе интегрален сетилен орган, за целиот свет, целата природа, сите луѓе да се соединат за нас во еден систем, и да не остане никаква разлика на едното од другото. Ако јас го изградам своето воспримање на таков начин што за мене самиот јас и сите други ќе се соединат во едно, тогаш ќе се почувствувам како живеам во повисока димензија во однос на сегашната. Ќе почнам да ја чувствувам програмата на природата, нејзините сили, преку кои таа управува со сите нас заедно. Можеби се плашиш, дека притоа ќе се изгубиш себеси и ќе се врзеш за сите? Но знај, дека токму заради тој факт, ти ќе почнеш да се дознаваш себеси.

Од 305-та беседа за новиот живот, 13.03.2014

Два неразделни дела

Реалноста во која ние се наоѓаме се дели на светови, парцуфим и сефирот, кои претставуваат „обвивка“, „место“ за душата. А душата е суштинска последица на развојот на таа структура која произлегува од нејзината внатрешна точка. Во согласност со ова, во нашиот свет прво се развила неживата природа, потоа на Земјината топка – растителната, потоа – животинската, и потоа – човечката. Истовремено се развивал и духовниот систем, кој претходел на сето тоа. Постои усогласеност меѓу системот на световите со сите нивни механизми и ситемот на душата, која се наоѓа во нив. Световите претставуваат надворешен дел, додека душата – внатрешен. Всушност, постои само душата, меѓутоа ние не ја чувствуваме. Нам ни претстои да ја постигнеме. Според мерата на нашето соединување, ние ќе почнеме да навлегуваме во тој систем, да го чувствуваме. Но сега засега ние сме одделени, исклучени од него во чувствувањето. Значи, системот на световите се дели на два дела: внатрешен и надворешен. Внатрешниот дел се системите на светот на Бесконечноста, а исто така и на световите Адам Кадмон и Ацилут. Надворешниот дел – се световите Брија, Јецира и Асија (БЈА), вклучувајќи го овој свет, кој претставува последно, најниско скалило.

Душата во овие светови претрпува разбивање. Но и таа, како пред разбивањето, така и после него, т.е. и со цел за расипување, и со цел за поправка – исто така се дели на два дела: внатрешен и надворешен. Внатрешниот дел на душите се оние кои се устремени директно кон Создателот (јашар-Ел-Исраел), кој се стреми да достигне спојување со Него. Почетокот им го дал Адам, кој пред 5774 години за прв пат го пројавил тој стремеж, и го открил системот на заедничката душа и световите. Потоа поминале дваесет генерации до Авраам, кој ги сплотил луѓето, кои сакале да го постигнат Создателот, во група, и ја нарекол „јашар – Ел“, „Исраел“. Токму со тоа тој ги издвоил од другите, за тие да можат да почнат да работат меѓу себе според принципот на љубов кон ближниот како кон себеси, стекнувајќи сличност на особините и постигнувајќи го соодветно на тоа вишиот систем.

Понатаму, таа група поминала преку разбивање, прогонство и денес заедно со сите, кој и се присоединува секој ден, сè повеќе се формира, се подготвува себеси за самопоправка. Генерално, дојде фазата на поправка не само на таа група, туку и на целото човештво. Како и да е, поделбата на два дела се запазува во сè. Народот на Исраел – оние, кои се стремат кон Создателот, - се делат на две половини: Галгалта ве-Ејнаим (внатрешно) и АХАП (надворешно). Човештвото исто така се дели на внатрешен и надворешен дел. Општо земено, ние можеме да ги видиме во секој детал, бидејќи делумното и целото се еднакви. Тоа се однесува и на световите, и на душите, на кои се разбила заедничката душа. Внатрешното и надворешното меѓусебно се конфронтираат, и Вишата Светлина дејствува меѓу нив, за да ги доведе во меѓусебна хармонија системот на световите и системот на душите. Влијанието на Вишата Светлина врз нас исто така се дели на внатрешно и надворешно. Бидејќи ако садовите се делат на два дела во однос на Светлината, на Создателот, на Вишиот систем, тогаш таа поделба дејствува во секој посебен аспект. Соодветно на тоа, надворешниот дел на световите се нарекува „народи на светот“, а внатрешниот дел – „Исраел“, согласно на насоката директно кон Создателот. „Народот на Исраел“ и „народите на светот“ исто се делат на внатрешно и надворешно. Секој свет, секој парцуф во заедничкиот систем, каде што егзистираат душите сè додека не се соединат во една душа, - целиот тој „оперативен систем“, кој управува со душите, исто се дели на внатрешно и надворешно, на Галгалта ве-Ејнаим (садови за давање) и АХАП (садови за примање).

Од лекцијата по „Предговорот кон Книгата Зохар“, 13.03.2014

Волк во овча кожа

Прашање: Зошто е речено, дека душата сосема се одделува од Создателот и во исто време му е слична Нему според особините? Согласно духовните закони, ако тие имаат еднакви особини, тогаш треба да бидат една целина?

Одговор: Душата – е желба за примање, а не желба за давање. Тогаш зошто таа се нарекува давател? Без оглед на фактот, дека тоа е желба за примање, таа извршува дејства, со кои станува слична на желбата за давање. Иако внатре седи волк, но однадвор се чини дека тоа е овчичка. Сега сè зависи од тоа како тој волк ќе ја облече овчата кожа или ќе ја соблече – според негов избор и желба. Во светот Ацилут сè е апсолутно бело, совршена овчичка. Додека во светот Брија веќе станува забележливо, дека тоа е волк, но таков, кој сака да биде овчичка. И тој навистина така се однесува, како овчичка. Меѓутоа сепак се гледа, дека таму внатре е – волкот. Односно сè уште тоа е духовен свет, душа, давање, но веќе се појавува предупредување, дека таа не се наоѓа во спојување со Создателот. Се појавува нешто, што ги разделува – волкот, кој седи внатре, егоизмот.

Во светот Јецира уште повеќе, таму желбата за насладување веќе не може да се контролира себеси. Од позитивното останува фактот дека таа е соединета со Создателот, зависи од Него, и е целосно под Негова власт. Создателот одредува сè што ќе се случи, а јас самиот не сум способен ништо да одлучувам. Јас немам сили, јас сум слаб, јас сум инструмент во Неговите раце. Волкот сè појасно осознава дека е волк, и чувствува се поголем внатрешен отпор, но се воздржува. Ако пак одиме во спротивна насока, одоздола нагоре, и да се искачуваме во светот Јецира, кој е соодветен на малата состојба (катнут), тогаш јас постигнувам, дека сум мал. Постојат повисоки скалила, кои се подобри од мене, а јас сум засега во таква состојба. Излегува дека има позитивни и негативни моменти. А во светот Асија е сосема... Осознавање на фактот, дека не сум способен за ништо, ме доведува во состојба на зародиш. Јас само се затворам себеси, целосно предавајќи се во власта на вишиот, и немам ниту најмала шанса да станам сличен на него, освен во облик на една точка.

Од лекцијата по „Вовед во науката кабала (Птиха)“, 13.03.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica