Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не се оди во планина без искусен инструктор

Ако човекот учи, работи, се наоѓа во групата, сакајќи да го достигне откривањето на Создателот пред суштествата, особината на давање и љубов да го исполни, и почне во него да доминира – тоа значи, дека тој сака да стане кабалист. „Кабала“ значи „примање“ на откривањето на Создателот. И тогаш тој ги извршува сите совети на кабалистите: се соединува со пријателите во група, учи, како што правеле кабалистите од сите генерации. Но работата за достигнување на особината на давање ѝ противречи на природата на човекот, и затоа тој не секогаш ја чувствува како важна за него. Понекогаш таа му е важна, понекогаш не многу, а понекогаш воопшто му е одвратна и одбивна. Соодветно на тоа, човекот така и се чувствува. Кога го инспирира величието на целта, тој е полн со енергија. Целта свети напред пред него, и тој сака да биде во групата, заедно со пријателите. Тој е подготвен да оди да се бори за неа против целиот свет. Тоа значи, дека Вишата Светлина малку му светна. Човекот не ја чувствува самата Светлина, но забележува промена во себе, во најмала мера во своето расположение. Меѓутоа, напредувањето се состои во развојот на желбата. А желбата се развива заради тоа, што Светлината исчезнува, и човекот паѓа, чувствувајќи ја својата ништожност и најдувајќи се во темнина. Темнината значи, дека духовната цел ја изгубила својата важност за него. Материјалните цели исто веќе не го привлекуваат, и излегува, дека тој небаре се закачува да виси меѓу небото и земјата: ни натаму, ни наваму, како мртво тело.

Треба однапред да се погрижиме за таквите состојби, создавајќи за себе такво опкружување, кое секогаш ќе може да нè разбуди. Треба да си направиме таков распоред на денот, учењето, распространувањето, за да бидеме постојано зафатени. Тогаш дури и да дојде паѓањето, тоа нема да трае повеќе од неколку секунди, и ти повторно ќе се кренеш, и ќе напредуваш. На таков начин човекот се заштитува себеси од долготрајните паѓања. Но можеме ли да се заштитиме така, за да не паѓаме воопшто, и веќе во состојба на подем да се погрижиме таа состојба да премине во уште поголем подем, и уште поголем – без паѓања? Паѓањето – е разоткривање на злото, искачувајќи се над него, ние заслужуваме подем. Спуштајќи се на „-1“, ние се искачуваме на „+1“, потоа паѓаме до „-2“ и се искачуваме на „+2“. Како тогаш е возможно да се искачуваме без паѓања: од 1-то скалило на 2-то, 3-то, 4-то, не паѓајќи никогаш на негативните нивоа? Дали е возможно да поминеме без разоткривањето на желбата, оштетувањето, разбивањето? Како да се искачиме без да го поправиме злото, бидејќи ние немаме друг материјал, освен нашата желба за насладување?

Егоизмот мора да ја разоткрие својата зла природа сè повеќе и повеќе, и количински и квалитативно, а потоа да ја поправи во добра. Односно, ние сме обврзани да се искачиме над него и да го употребиме како отскочна штица, како средство за давање и поврзаност со пријателите. Дали е возможно да се кренеме без разоткривање на злото, ако целокупниот наш материјал – е желбата да се насладиме? Се испоставува, дека тоа е можно, во случај дури и во подемот да ги бараме нашите недостатоци, како старец, кој оди подгрбавен и цело време нешто бара, како да загубил. Иако тој уште ништо не изгубил, но веќе однапред проверува, можеби нешто ќе му падне. Старец се нарекува оној, кој стекнал мудрост. И секој мудар човек постапува токму така. За таа намена постојат два фактори, и пожелно е да се употребуваат двата, но во најмала рака, барем едниот. Првото средство – е групата, која цело време одново ја буди во мене важноста на целта, воздигнувајќи ја сè повеќе и повеќе. Тогаш јас ќе видам, дека не ја чувствувам целта толку важна, и со помош на зависта, страста и амбицијата ќе се залепам за пријателите, и ќе почнам да се издигнувам. А второто средство е – да ја отвориш книгата за време на подемот, и да почнеш да ја бараш во неа својата состојба, трудејќи се да сфатиш, како тоа е опишано во книгата. Јас се наоѓам во подем, односно мене малку ми свети Вишата Светлина, и со нејзината помош јас можам да се задлабочам во објаснувањето на дејствата. Бидејќи станува збор за интеракцијата на Светлината и желбите, и сега, кога мојата желба ја исполни Светлина, јас сакам да сфатам како тоа функционира согласно со „Учението на Десетте Сефирот“. Затоа, зависно од големината на моите напори јас можам да напредувам: да добијам и нов авијут на желбата, и Светлина, која враќа кон Изворот. Така може да напредуваме дури и без паѓања.

Всушност, ќе има паѓање, но тоа ќе биде многу брзо и осветлено со Светлина, која враќа кон Изворот. Како да ти соопштуваат за твојата болест, но веднаш ти даваат лек. Или дури првин ти кажуваат за лекот, а потоа кажуваат за болеста, замолувајќи те да не го воспримаш тоа толку трагично, бидејќи излекувањето е гарантирано. На таков начин, со лекот ти навремено го спречуваш ударот. Светлината сама ти го открива авијутот внатре во своето светење. Учителот може да ги разбуди во тебе желбите, да те размрда и насочи. Тој те поучува во текот на патот, како инструктор за возење автомобил, кој објаснува како треба да се вози, за да не направиш сообраќајка. Иако самиот ги изучуваш сите твои желби, но сепак заедно со учителот. Ако пак сакаш да поминеш без помош на учителот преку сите твои грешки, тоа може да биде многу непријатен и опасен пат.

Од лекцијата по статијата на Рабаш, 18.11.2013,на Каб.Тв

Добродушноста - знак на интелигенција

Мислење: Алтруизам, сочувство, срдечност – овие зборови сè почесто денес се употребуваат во психолошките, невробиолошките, па дури и економските истражувања. Со започнувањето на ерата на глобализацијата, ние јасно чувствуваме, дека сите се наоѓаме во ист чамец. Соочени со глобалните еколошки проблеми, гледајќи како се продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните, меѓу Северот и Југот, ние сфаќаме, дека поминало времето на ривалството, дека сега е неопходна соработка. Без тоа сите ние ќе бидеме губитници. Ние јасно осознаваме, дека озлогласените индивидуализам и егоизмот, ни носат несреќа. Заради нив ние се чувствуваме осамени, премногу чепкаме во себеси, и паѓаме во депресивна состојба.

Реплика: Но проблемот на психолозите е во тоа, што методиката за поправка на природата на човекот се наоѓа само во рацете на кабалистите – тие се подготвени да ја споделат со целиот свет, но светот засега не сака ни да слушне за тоа. Можеби се потребни заеднички напори на многу специјалисти, за да можеме сите заедно да им помогнеме на масите да сфатат, дека постои можност за излез од кризата на развојот на цивилизацијата.

Премин во ѕидот

Баал ХаСулам, „Науката кабала и нејзината суштина“: Разгледувајќи ја Тора како особено средство, во кое се крие Светлината, треба да ја поделиме на нивоа, согласно со мерката на Светлина, која човекот може да ја прима, благодарение на нејзиното изучување.

 "Тора" е средство за поправка на првосоздадената желба. Светлината, „суштинското од нешто“, го создала „суштинското од ништо“, и ја развива таа желба, за да ја поправи до потребната состојба. Така, целото влијание на Светлината врз желбата за време на нејзиниот развој се нарекува „Тора“. Значи, „Тора“ е методика на поправка на желбата, сè додека таа не ја достигне потребната состојба. Одделни светлини ги „потресуваат“ садовите-желби, ги редат, ги соединуваат и разединуваат – и сето тоа е „Тора“. Ние пак, зборуваме за неа во согласност со тоа, до кој степен можеме да ја активираме, да ја предизвикаме Светлината. За нас, делот кој ние го предизвикуваме, се нарекува „Тора“. Ние можеме да ја предизвикуваме со помош на еден од петте пластови на желбата (нивоа на авијутот), од нултиот до четвртиот. Соодветно на тоа, Тора се дели на пет дела. Изучувајќи ја, ние ја изучуваме заемната поврзаност на разбиените парчиња. Денес го забележуваме нивното егоистичко поврзување: тие зависат еден од друг, но нивната поврзаност е лоша. И ние учиме како правилно да ги соединуваме. За тоа пак, потребна ни е Светлина, која враќа кон Изворот – кон добрата заемна поврзаност на различните желби, деловите на суштеството, кон добрата заемна поврзаност меѓу луѓето во системите на интеракција, кои тие ги имаат изградено. Ние сакаме Светлината да нè организира во правилно соединување, - во спротивно сите достигнувања на човештвото ќе завршат со неуспех.

Затоа ние имаме потреба од науката кабала, која претставува средство, кое овозможува да се привлекува Светлината. Таа ќе нè врати кон Изворот, и тогаш во нашата правилна заемна поврзаност ќе се открие заедничката Светлина – „Создателот“. Кога учам, и ги градам сите овие компоненти, трансформирајќи ги од разбиена состојба во поправена, од криза во соединување, т.е. од егоистичкото примање во заеднички алтруистички односи, во заемност и заемна гаранција, тогаш ми се открива правилна заемна поврзаност, правилен систем. Притоа се открива постепено. Ако дејствувам засега само во првиот пласт на желбата, тогаш ја пројавувам „тајната“ (сод). Вториот пласт ја пројавува „алегоријата“ (друш), третиот – „алузијата“ (ремез), а четвриот пласт, во кој сите наши врски правилно се подредуваат, ми го открива „едноставното значење“ (пшат). Тука сè е едноставно, сè е откриено.

Значи, Тора е средство за поправка на садовите, или поправка на човекот како четврта фаза (бхина далет), бидејќи таа ги содржи во себе сите претходни. Со поправката на човекот, се поправаат и другите нивоа: неживото, растителното и животинското. И затоа сè зависи од изучувањето на Тора. Тоа значи, дека јас сакам да ги изучувам правилните компоненти и врски меѓу садовите со различни форми, тргнувајќи од кои, доаѓам до правилен, вистински систем, каде сите желби се заемно поврзани една со друга во заемно давање. И тоа го прави возможно откривањето на Создателот за мене. На таков начин, благодарение на соединувањето на различни желби во нивната интеракција, заемното давање една на друга, јас го откривам Создателот. Зошто? Затоа што во тие правилно соединети желби, во духовните парцуфим, во „круговите“ и „правите линии“ се пројавува ТаНТА (таамим, некудот, тагин, отијот) – сите детали на воспримањето, сите откривања, што ми доаѓаат од Светлината. Со тоа јас ги откривам садот и Светлината, што заемно се поддржуваат, - и тоа ми дава можност да го почувствувам, откријам Коренот. Да го откријам според принципот: „од дејствата Твои те спознаваме Тебе“. Тој се покажува себеси во Светлината и садот, во структурата ТаНТА, АВАЈА – и на  таков начин се пројавува во нас. Токму во тоа се состои целта на суштеството. Бидејќи јас можам да го откријам Него само преку спојување, кое на крај и го постигнувам. Јас го откривам Создателот во поправените садови, мене ми се пројавува основната ТаНТА, АВАЈА – и токму со тоа јас му причинувам Нему задоволство, исто како и Тој мене. И благодарение на таа заемност, ние доаѓаме до спојување, до финалната состојба.

Всушност, сите овие рабови се многу блиски еден до друг, и најважно за нас е да се трудиме меѓусебно да ги поврземе. Кризата и современите проблеми, непријателите што се појавуваат за да нè уништат, и Создателот, кој нè спасува од нив, целиот процес, што го поминуваме, - сето тоа треба да се соедини во една целина, и да се разгледува како единствен систем... А засега ние се обраќаме кон Тора како кон книга, напишана од Мојсеј. Во неа тој го опишал, го прикажал процесот, што се наоѓа пред нас. Речено е, дека во секоја генерација човекот треба да се разгледува себеси како да излегол од Египет. Целокупната историја сè до денешната криза може да се спореди со седумте години на изобилство. Затоа што генерално, ние бевме задоволни со нашата егоистичка желба, со својот развој, „американскиот сон“, кој се чинеше уште малку и ќе се оствари. Натпреварувајќи се еден со друг, ние сметавме да се искачиме уште погоре, да стекнеме уште повеќе, да доминираме над природата... И наеднаш настапиле седумте години на гладот: ветуваните награди веќе не нè задоволуваат, туку напротив, нè понижуваат, омаловажуваат. Работата излезе премногу тешка, робијашка. Расте очајот, ние стенкаме под тешкиот јарем и не гледаме излез. Цел свет „се прпелка“ во збунетост – и тие состојби, всушност, го навестуваат бегството од Египет. Ние сме сè поблиску до осознавањето на целосната немоќ, и излезот е еден – да им ја покажеме на луѓето вратата во духовното. Тоа навистина претставува премин преку ѕидот во нов свет. А условот е следен: за да се помине преминот, не треба да се гледа ѕидот. Ќе се обидеме...

Од лекцијата по статијата „Науката кабала и нејзината суштина“, 19.11.2013г. На Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica