Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Неограничен пристап до компјутерот на Создателот

Прашање: Силите на физиката: електромагнетни, гравитациски, меѓуатомски – влијаат врз неживата материја. Дали може да се рече дека Вишата сила на Создателот влијае слично на нив и ги движи луѓето?

Одговор: Се разбира дека целокупната нежива, растителна и животинска природа исто се движи под управа на Создателот кој ги задржува сите делови на созданието во еден систем. Но најважен е Неговиот однос кон нас, кон човечкото, највисоко ниво на природата. Важно е нашето човечко ниво: разумот и срцето, човековите мисли и желби да бидат соодветни на мислите и желбите на Создателот. Бидејќи неживото, растителното и животинското ниво инстинктивно дејствуваат во соодветност со Вишата сила. Ние не ги контролираме и не можеме да управуваме со системите кои функционираат во нашето тело. Но ние сакаме нашите мисли и желби да бидат слични на Создателот. Тогаш сѐ ќе биде во ред. Ние секогаш работиме само со сили, тие нѐ опкружуваат во нашиот живот од сите страни. А Создателот е само општа сила која управува со сѐ и сето тоа го активира. Наместо некои луѓе, влади, држави, треба да се гледа силата која сето тоа го движи. Нема ништо освен Вишата сила. Ние гледаме дека самите ништо не определуваме. Сѐ се развива согласно со некоја виша програма и ние треба да ја дознаеме и да се вклучиме во нејзината реализација.

Прашање: Нашиот мозок е способен да го прими тоа вишо знаење?

Одговор: Ние мора целосно да ја постигнеме Вишата Сила и во нас се вградени такви способности. Нашиот мозок и срцето ќе се присоединат на општиот систем и ќе можат да го искористат во бескрајна количина. Не е важно дека јас имам мал компјутер. Но тој е приклучен со кабел кон компјутерот на Создателот и јас ги добивам сите Негови ресурси, додека својот компјутер го користам само како тастатура. Науката кабала може да изврши таква промена во човекот. Таа му објаснува, го обучува, го воспитува преку своите учители.

Од емисијата „Кабалистите пишуваат. Да се подготви народот на Израел за Светлината“, дел3, 29.08.2014

За користа и штетата од научното познаниe

Прашање: Што има лошо во науката ако потрагата по тајната на животот е природен стремеж кој во човекот се пројавува од природата?

Одговор: Ние се стремиме да ја откриеме тајната на животот бидејќи ни свети нашиот Виш корен. Прашањето е само каде и како го барам? Во обичната наука јас го барам со својот телесен разум и чувства. Со земските, егоистички средства јас сакам да го најдам Вишиот корен? Зарем не сфаќам дека Тој е возвишен, целосно давател, одделен од желбата за насладување, од нејзините ниски особини и ограниченоста? Егоизмот кој цело време сака да прими за себе не може да биде совршен бидејќи постојано чувствува недостаток. Затоа тој не е компатибилен со Вишиот корен. Колку повеќе тој сака за себе и ја открива својата ограниченост толку подолу се спушта. Заради таа причина древните луѓе го боготвореле сонцето бидејќи тоа за нив претставувало извор на животот.

Прашање: Како претаткото Авраам ја барал тајната на животот?

Одговор: Авраам излегувал да ги гледа ѕвездите, месечината, сонцето, барајќи ја силата која би можеле да ја наречеме универзална и виша. Но тоа било внатрешно барање.

Прашање: Зарем тој не го барал тоа со својот земски разум и чувства, како во секоја наука?

Одговор: Авраам не се потпирал на својот разум, тој барал нешто повисоко, одделено од него, универзално. Тој постигнал сѐ благодарение на сензитивноста на својата душа, како и Адам ХаРишон. Затоа тие можеле сѐ да откријат сами, без учител. Кај нас такво нешто не е возможно, никој од нашите современици не е способен сам да го открие Создателот. Има многу луѓе убедени дека тие ја чувствуваат Вишата сила, но всушност ниту еден од нив не се ни доближил до тоа. Таква е нашата генерација – тоа е резултат на порастот на егоизмот и спуштањето на генерациите. Прататковците се наоѓале во посебна положба која се нарекува „заслуги на татковците“ бидејќи нивното разбивање се случило горе во корените и произлегло од самиот систем. Но после своето паѓање ние го поправаме веќе нашето лично разбивање и не поседуваме никакви „заслуги“. „Заслугите на татковците“ постоеле само до откривањето на коренот на злото наречен Фараон. Откога починал Јаков во Египет не останале заслугите на татковците. Во име на вистината ние можеме да ги искористиме но само ако се прилепиме за нивното ниво а не сами во пракса.

Прашање: Авраам бил научник, како и секој кабалист? Зошто тогаш науката прави штета?

Одговор: Науката е небаре змијски отров кој може да биде отров или лек во зависност од тоа како се употребува. Таа треба да биде употребена за откривање на Вишата сила кога ние ја сфаќаме нискоста на нашиот егоизам во кој невозможно е да се открие ништо вистинито. Ние сме ограничени со нашите материјални органи на воспримање и егоистичката желба која стои зад нив. Ние не можеме да излеземе од таа желба која нѐ тера да мислиме, гледаме, разбираме, чувствуваме само тоа што нејзе ѝ е корисно или може да ѝ наштети. Односно целото воспримање е подесено само во насока на желбата за примање и ништо повеќе ние не гледаме. Наоколу можат да се наоѓаат цели светови но ние немаме сетилни органи за да ги лоцираме.

Ако сме така градени тогаш нема што да бараме средства ниту внатре во нас, ниту во науката која сме ја развиле. На таков начин ние никогаш нема да дојдеме до вистината, до Вишата сила, до универзалноста. Затоа во науката постои само она што човекот го открил во својата егоистичка желба и таа е исто така егоистичка. Така ние ја откривме и така ја користиме. Ние не можеме да ја искористиме во друга насока бидејќи целокупниот нејзин развој произлегол од нашата егоистичка добивка.

Од лекцијата по статијата „Предговор кон ТЕС“, 27.08.2014, на каб.тв

Оживеана играчка

Прашање: Што значи „достоинство на Царот“ кое човекот може да го навреди со својот егоизам?

Одговор: Да се почитува достоинството на Царот значи да се признае дека Тој владее со мене и управува со целиот мој живот: со сѐ што постои во мене и околу мене. Сѐ што јас чувствувам и мислам, сѐ што се појавува во мојата свест доаѓа од Него, од некој корен. Да речеме се наоѓав во несвест а сега почнав да се освестувам. И сите мои чувствувања на себеси и светот што ме опкружува произлегуваат од некој претходен корен. Тој Виш корен ме создал мене и ми дал чувство дека постојам во физичко тело, со раце и нозе, со некој волумен и околу мене се врти цел свет. Но сето тоа е нацртано на една точка внатре во мене, во мојата свест. Таа точка која така ја претставува својата состојба има духовен, Виш корен наречен Создател. Тој се нарекува така токму заради тоа што ме создал мене. Освен тоа „Создател“ (боре) значи „дојди и види“ (бо-ре) бидејќи јас можам да дојдем кај Него и да почувствувам. Создателот створил во мене некоја точка која се чувствува себеси како постои во посебна форма, во човечко тело кое живее во овој свет, во вселената. Но таа точка има можност да ја прошири својата правилна перцепција така да од оваа земска слика добиена одозгора од Создателот да дојде до Него, до својот корен. Односно таа мора да научи како е изградена и како внатре во неа се одвиваат процесите кои изгледаат надворешни, небаре се случуваат во светот што не опкружува. Од тоа таа ќе го постигне својот корен. Но за таа намена потребно ѝ е да собере внатре во себе сѐ што ѝ изгледа дека е надвор. И сѐ што се случува во моето сопствено тело јас мора исто така да го сместам внатре во таа единствена точка за од неа да се поврзам со коренот, со причината на моето постоење, перцепцијата на реалноста. Тоа е веќе работа на многу напредно ниво. Задача на човекот е да разбере и најважно да почувствува дека Создателот ја определува целата моја реалност, мојата перцепција на себеси и светот.

Замислете си играчка, мече на навивање, кое е управувано со помош на некоја програма која го тера да се движи. Но во него има посебна точка во која тој се чувствува себеси дека постои во таква форма. Токму таа точка претставува корен на душата бидејќи сѐ друго се однесува на Создателот, на Вишиот извор кој управува со мене. Но таа една точка, токму таа е човекот во мене, почеток на идниот човек. Сѐ друго припаѓа на Создателот и се управува одозгора. Затоа е важно како од оваа точка јас почнувам да го разбирам својот живот и неговиот Управител. Тоа се нарекува: „Да се спознае Создателот според Неговите дејства“. Јас ги гледам дејствата кои Тој ги прави со мојата точка, како Тој ми го црта целиот свет и мене самиот, и преку нив се запознавам со Него. Така на крај јас го спознавам Создателот.

Од лекцијата по статијата на Рабаш, 07.09.2014

Учителот те чека на влезот

Ученикот ја прима целата Светлина преку учителот: Светлината која враќа кон Изворот и Светлината на наполнувањето. Редоследот на нивоата никогаш не се менува. Затоа задача на ученикот е да се стреми да се прилепи до учителот. Таков пример се наведува во книгата Зохар каде се зборува за Раби Хија кој постел четириесет дена за да го види учителот кој ги напуштил, Раби Шимон. А кога не му успеало да го види, тогаш постел уште четириесет дена. Се разбира дека не се мисли на физичко гладување туку на духовни дејства. Раби Хија двапати се искачувал до нивото на вишата Бина и толку се поправил себеси со Светлината Хасадим што се удостоил да се поврзе со учителот на многу високо ниво, односно „го видел“ Раби Шимон како седи во вишото собрание, кој токму благодарение на ученикот ја открил вишата скриена мудрост, Светлината Хохма (моха стима).

Прашање: Како ние можеме да достигнеме такво откривање?

Одговор: Треба да се трудиме да се прилепиме кон она што го зборува учителот. Се разбира дека ниту јас ниту вие сѐ уште не се наоѓаме на оние нивоа како Раби Шимон и Раби Хија, но нема сомнеж дека некогаш ние ќе се искачиме до нив. Овој случај треба да ни послужи како пример, и тоа не за телесна или психолошка туку за вистинска внатрешна поврзаност. Сѐ што ние изучуваме и примаме преку надворешниот разум и внатрешното наполнување, доаѓа од учителот. Во спротивно учителот не може ништо да направи за нас. Тој се наоѓа во положба на родител кој има можност да му даде на детето само тоа што детето ќе побара. Ако детето е исполнето со енергија, разум, желба, тогаш може да го запишеме во различни кружоци, кај приватни учители, да му носиме книги и игри за развивање сѐ повеќе и повеќе посложени. А ако детето е психички болно и заостанува во менталниот развој тогаш на родителот му останува само да се грижи за неговата физичка егзистенција, за телесните потреби, со надеж дека некогаш во него ќе се разбуди разумот. Сѐ зависи од желбата на ученикот.

Оваа поврзаност работи само во една насока: само желбата на ученикот го отвора учителот, го обврзува или да се отвори или да се затвори. Ова се нарекува „Страдање на родителот кој ги расте синовите“, кога учителот е принуден да се затвори согласно со оддалечевањето на ученикот од него. Такво нешто се случува со секој ученик, и јас самиот поминав преку ова во многу драматична форма. Ние мора да ја проучиме и таквата состојба за да сфатиме дека целата одговорност е наша. Откривањето на учителот, а потоа на Создателот, се случува согласно со желбите на ученикот, со тоа како тој се подготвил себеси во работата со пријателите. Само преку соединување со пријателите може да се устремиме кон учителот, а преку него кон Создателот. Внатре во тоа соединување треба да се најде заедничка желба и тогаш ќе ја најдеш правилната насока. Во спротивно ништо нема да испадне. Скривањето ни помага. Учителот те учи како да го откриеш отворот, во некое место и со некаква форма, преку кој ќе можеш да продреш до Создателот. Замисли дека некаде тука во близина, во воздухот наеднаш откриваш првин некое скривање. И благодарение на тоа што учителот ти посочува на него (а тој никогаш нема да ти каже за тоа директно, не се надевај!) ти сфаќаш како треба да се отвори тој отвор во воздухот и да се влезе.

Од лекцијата по статијата „Предговор кон ТЕС“, 29.08.2014, на каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica