
Кабалистичката музика изразува две состојби на кабалистот; тежнеењето да се почувствува духовниот свет и тежнеењето да се воспостави контакт со изворот на животот во радостно чувство на потполно совршенство.
Посебно знаење за кабалистичката музика не е потребно, и не е потребно да се објаснува. Нејзиното влијание на срцето доаѓа благодарејќи на сложеното поврзување на нашите души и коренот на нотите. Постојаното слушање на кабалистичка музика му овозможува на слушателот да го почувствува продирањето на музиката длабоко во својата душа.
- Инструментална верзија
- Електронска верзија-изведува „Бнеи Барух„Бенд
- Инструментална верзија-изведува „Бнеи Барух„Бенд
- Вокална верзија-изведува Рабин Барух Шалом ХаЛеви Ашлаг(Рабaш)
Во основа секоја мелодија содржи две нивоа. Првото е состојбата во која се наоѓа Клито(садот) - душата на која човекот дејствувал за да ја исправи -корегира , и второто кога го постигнал задоволството и возбудата, па во таква состојба на задоволство пее.
Затоа во мелодијата Тцадик ке Тамар Ифрах / Tzadik ke Tamar Ifrach /, постои чувство на поранешната состојба кога недостасува исполнување, поради што страдал и барал, покасно осознава дека така требало да биде, зошто праведниот на крај го разбира процесот на исправка низ кој поминал.
Ова доживување ги опфаќа двете спротивни состојби; поранешната, најодалечена состојба кога се чувствува очајно далеку од Вишите Светови, и сегашната состојба кога е поврзан со Создателот.
Ова мелодија е особена зошто ја изразува благодарноста кон праведноста, и објаснувањето на Создателот, за сè што му се случило на неговиот пат.Сега може да ги види причините и неопходноста на сите состојби низ кои минал. Осознава дека сето тоа е припремено одозгора, за да ја достигне таа воздигната состојба.


