Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Која е суштината на кабалата?

 

 

Опис

И покрај тоа што нејзините корени  досегнуваат во далечното минато, од времето на древниот  Вавилон, Мудроста кабала остана практично скриено од човештвото уште со самото нејзиното појавување, пред повеќе од четири илјади години. До денешен ден, само неколкумина знаеле што навистина е кабала.

Со милениуми, на човештвото му беше понуден широк спектар на работи под името „кабала": магии, клетви, па дури и чуда – сè, освен самиот метод на кабалата. Повеќе од четири илјади години, обичното разбирање на кабалата беше преполнувано со заблуди и недоразбирања.

Затоа, прво и основно мудроста кабала треба да биде јасна. Kaбалистот Јехуда Aшлаг (Баал ХаСулам) ги дава следниве дефиниции во неговата статија “Суштината на мудроста кабала“

Оваа мудрост не е ништо повеќе и ништо помалку од низа корени, кои висат надолу по пат на причина и последица, по фиксни, утврдени правила, испреплетувајќи се во една единствена, возвишена цел, опишана како: " Откровение на Неговата Светост пред Неговите суштества во овој свет. "

Со поедноставни зборови, постои горна, сила која е во сè, или "Создател", која управува со сè што е во реалноста. Сите сили на светот се спуштаат од оваа сеопфатна сила. Некои од овие сили нам ни се  познати, како што е гравитација или електрична енергија, но исто така постојат сили од повисок ред кои дејствуваат, останувајќи скриени за нас.

Кабала, ја држи мапата или знаењето за тоа, како овие скриени сили се структурирани и законите со кои тие влијаат на нас. Нè учи, како да развиеме чувство за овие сили, и конечно да ја откриеме нивната единствена цел - да нè доближат до откривање на Создателот, додека живееме во овој свет.

Бнеи Барух - Центар за образование и домаќин на бесплатен, во живо, интерактивен видео курс - кликни тука за регистрација.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica