Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Големите кабалисти низ историјата

Опис

Рав Др.Михаел Лајтман,дава преглед на лозата на големите Кабалисти од Авраам до Јехуда Ашлаг .

Големите Кабалисти низ историјата

Превод

Мудроста Кабала е најстарата од сите мудрости. Таа датира од времето на Патријархот Авраам, во 18 век п.н.е., пред 3800 години. Авраам Патријарх беше обичен бедуин сродник во Вавилон, кој го открил постоењето на Божеството, реалност надвор од овој свет. Тој потоа напишал книга за тоа, се нарекува Сефер Јецира (Книгата на создавањето), Која е всушност првата книга за мудроста Кабала.

Имаше многу Кабалисти после него-учениците, синови и неговите внуци.Сите беа запознаени со Кабалата, до појавата на второто откривање на мудроста, од Мојсеј, за време на Егзодусот од Египет. Мојсеј беше голем Кабалист и тој ја напишал книгата Тора, за нас. Во неа, тој го  изразил сопственото откровение за Вишиот свет, но на еден поинаков начин.

Додека Авраам пишувал со Јазик на имиња ,Сефирот, и Парцуфим, Мојсеј се изразувал себеси на поинаков јазик ,- Јазикот на Гранки. Затоа што сè во овој свет доаѓа одозгора, од Повисок свет, како што е напишано, "Не постои зрно на трева ,ако не е ангел над него, тој да го води и му да му кажува  ", Порасни." Затоа, постои целосна корелација помеѓу сето она што постои во Вишиот свет и сè што постои во нашиот свет.

На пример, во нашиот свет имаме јазик,називи и имиња за секоја ставка што ја сретнуваме. Ние може да ги земеме овие имиња и да се издигнеме на повисоко ниво, во повисок свет, и да ги користиме овие имиња,за да опишеме се она што се случува во тој свет. Тоа е она што Мојсеј го направил кога тој го опишал Јазикот на Гранките.

Благодарение на него, ние сега ја имаме книгата Тора. Луѓето тука во овој свет мислат дека тоа се однесува на светските настани, историски настани, романса, патувања и други активности. Но, оние кои се на повисоко ниво, кое Мојсеј посака да се опише, знаеме дека Мојсеј не пишува за нашиот свет, но за тоа што е во Вишиот свет. Тој ги опишува Вишите Владеачки Приоритетни Предвидувања,одбори колку души се искачуват и симнуваат, нивните инкарнации,и целиот нивни Горен Систем

Следуваше  Книгата Зохар Книгата Сјај  (Блесок), Која  стана најпозната книга за мудроста Кабала, иако никој не ја разбира сосема.  Зохар е напишан на јазикот на Мидраш. Ова е различен јазик од оној што се користи од Авраам, кој ја напиша својата книга во Јазикот на имињата. Тоа е, исто така, на јазик различен од оној што се користи од страна на Мојсеј, кој пишува на јазикот на гранките, користејќи зборови на овој свет.  Зохар е напишан како фикција. Тоа е имагинарно и поетски. Тоа навидум зборува за овој свет, за горниот свет, но тоа е јазик на легенди,  наречен Јазикот на Мидраш.

По  Зохар, доаѓа до откривање во средниот век, во Свад, од страна на Светите Ари, Кабалистот Исак Луриа АРИ. Тој  самиот не напишал ништо, но она што останува од неговите учења е напишано од Рав Хаим Витал, неговиот ученик. Ова го означува почетокот на современата Кабала.

Потоа дојде времето на Хасидизам, како и еволуцијата на мудроста Кабала во 17 и 18 век, се додека не еволуирале во нашиот современик, Баал ХaСулам, Раби Кабалист Јехуда Ашлаг

Баал Ха Сулам го напиша коментарот на Зохар и пишувањата на Ари, и ја изразил Кабалата со современ јазик. Тој напишал Талмуд Eser HaSefirot (Проучување на десет Сефирота) како научна книга. Тоа е напишано академски и многу прецизно, со речник, прашања и одговори-комплетен учебник, соодветен за нашето време.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica