Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што е Кабала ?

                                               

Опис

Кабалата била обвиткана со конфузија, легенди, митови и недоразбирања, поради тоа што автентичната кабала била скриена илјадници години.

Превод

Примање на реалноста

Што е сржта на Кабалата ?

Па, имало многу конфузии, легенди, митови и недоразбирања кои што ја опкружувале вистинската природа на кабалата, поради тоа што била обвиткана со мистерија илјадници години, и била нарекувана скриена наука од три причини .

1. Во минатото кабалистите мислеле дека само неколку луѓе се навистина вредни, високо развиени луѓе од секоја генерација кој веќе поседувале внатрешни квалитети неразвиени од човештвото како целина, сè до неодамна. Овие квалитети им овозможувале да ја разберат кабалата и да ја употребуваат правилно. Затоа, кабалата  намерно била криена од самите кабалисти .

2. Сите кабалистички книги се пишувани употребувајќи зборови кои се чини дека реферираат за работи и луѓе, но факт е дека ниту еден збор во било која книга за кабалата не зборува за физичкиот свет, и ако не научите како да ги читате овие книги од кабалист, со автентично учење, вие едноставно нема да ги разберете. Не е важно колку сте бистри, на крај ќе завршите со продукт на вашата имагинација и ништо повеќе.

3. Кабалата ни ги открива целта и природата на овој систем што го нарекуваме живот, и доколку личноста нема моќна, реална и сериозна потреба да се запраша за ова прашање, тие нема да го слушнат одговорот. Дури иако им е извикувано на уво. Сепак денес луѓето од целиот свет ја бараат кабалата.

Ајде да ги расчистиме недоразбирањата. Најпрвин ајде да видиме што кабалата не е :

Таа не е и нема ништо заедничко со: религија, магија, мистицизам, вештерство, обожување, култност, излекувања,  медитација,  само-помош, филозофија, теорија  парапсихологија, ЕСП, телепатија,  јасновидност,  новото доба, психо кинеза, суеверие, толкување на сништа, френологија, тарот картите, мантри, јога, црвени конци, света вода, благослови, Јудеизам, Исламизам, Христијанство , Будизам, Хиндуизам, Суфизам или било кој изам, враќање во минатите животи, холистичка медицина, нумерологија, верски излекувања, Ароматерапија, тајни друштва, Реики, хипноза, вканалување, трансмутација, френологија, астрологија, астрални патувања или проекции, луцидни сништа, комуницирање со мртвите, искуства надвор од телото, магнетизам, вуду, слободното масонство, теозофија, рефлексологија, НЛО, креатонизам, фанатизам или било кое друго верување.......

Иако многу од горенаведените позајмиле и погрешно ги толкувале принципите на кабалата со текот на годините..

Сега, што е кабалата навистина ??

Кабалистот Јехуда Ашлаг вака ја дефинира кабалата :

Мудроста е, ниту повеќе и ниту помалку од редослед на корените, што виси долу по патот на причината и последицата, со фиксирани, одредени правила, споени во единствена, величенствена цел, опишана како, “Откровение на неговата Светост на неговите суштества на овој свет”

Ова значи дека постои виша сила и постојат управувачки сили кои слегуваат од оваа виша сила и го носат нашето постоење на овој свет. Нам ни се познати физичките сили , како што е Гравитацијата , Електромагнетизмот и моќта на мислите. Постојат меѓутоа и сили од повисок ред кои делуваат останувајќи скриени од нас. Исто како што ни се познати ефектите од електрицитетот а не можеме да го видиме и не ние не знаеме вистински што е тоа.

Конечната севкупна сила, Создателот, е сума на сите светски сили и највисоко ниво во линијата на повисоки управувачки сили .

Оваа Виша Сила го створила, го овозможила раѓањето на петте Виши Светови и на бариерата која што ги одвојува нив од нашиот свет.

Науката Кабала не го изучува нашиот свет и луѓето во него, на начин како што тоа го прават традиционалните науки. Таа го истражува сето она што постои позади оваа бариера.

Нема ништо друго освен силите кои доаѓаат од горе во согласност со прецизни закони . Овие закони, како што пишува Ашлаг, се фиксни, апсолутни и се насекаде. Конечно, сите тие се насочени така што ние да можеме да ја откриеме управувачката сила на природата додека егзистираме на овој свет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica