Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

attaining_preview

Достигнување на Вишите Светови

од Д-р Михаел Лајтман

Ова е практичен и пригоден начин да се поврзете со смислата на животот, да сфатите што ние правиме тука и што е нашата цел во овој свет. Аудио верзијата на  Достигнување на Вишите Светови, ви овозможува да впиете крајна исполнетост на движечката духовна содржина на едноставен англиски јазик, каде и да бидете. Преку трогателно раскажување ве води на патување кое го просветлува умот, гo оживува срцето и ве движи во длабочините на вашата душа. Зборови на Д-р Рав Mихаел Лајтман "Тоа е надвор од човековото сфаќање, да се разбере суштината на таков духовен квалитет каков што е целосен алтруизам и љубов. Ова е од едноставна причина што луѓето не можат да сфатат, како такви чувства можат воопшто да постојат, кога секој навидум бара поттик да изврши било какво дело; без некаква лична добивка луѓето не се подготвени да се прошират себе. Затоа,  квалитет како алтруизам, може на човек да му биде даден само од Горе, и само оние кои го доживеале тоа можат да го разберат. "Така, седнете удобно и дозволете и на мудроста кабала да ве измие. Соочувањето со совршенството на бескрајноста на таков начин, е искуство кое не може да се опише со зборови. Тоа мора да го почувствува секој поединец, секое искуство на свое место. Овој сеопфатен водич за духовното откритие, е наменет за сите оние кои ја бараат вистинската смисла во животот, а која е далеку од обичните.

Музиката користена во снимките е напишана од Баал ХаСулам (Раби Јехуда Aшлаг): Једид Нефеш и Кел Мистатер (преземање од Мелодии од Баал ХаСулам).

Аранжман: А. Eтингер / Т. Kозинек од Tинк музик студио, Торонто, Канада
Нарација и продукција: Т. Koзинек. Аудио и видео снимките се на англиски јазик

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica