Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Рамноправноста помеѓу мажот и жената: Добро или лошо ?

frau und glueckЖената ја извршува својата улога со тоа што е спротивна,(и не е еднаква) со мажот

Улогите на мажите и жените станаа толку нејасни, што луѓето се збунети, какви би требало да бидат идеални улогите на мажите и жените. Ова влијаело на односите помеѓу мажите и жените, и дури предизвикало збунетост кај луѓето за нивниот сопствен идентитет.

Колку повеќе сакаме да создаваме едноставна, чиста рамноправност – според нашето разбирање на тоа, на крајот тоа не користи ниту на мажите, ниту на  жените.

Тоа не ги прави нашите животи поизбалансирани, хармонични, праведни или среќни - и тоа е затоа што начинот на кој трагаме да создаваме „рамноправност“ оди против законот на природата.

Наместо да учиме од природата како да ги организираме нашите животи, ние се носиме со мислата дека сме над природата и измислуваме сопствени правила. Сепак нашите животи докажуваат дека ние сме, всушност, дел од природата. Од сега мораме да и дозволиме на природата да нè подучува како да создадеме совршени односи меѓу нас и да уживаме во хармонија едни со други.

Тоа е токму она што мудроста кабала нам ни го овозможува да го правиме – таа ни ги открива законите на природата и му овозможува на поединецот да го согледа најдобриот начин за постапки кон другите, било кон други мажи, жени, деца или пак  кон целиот свет. Без тоа знаење, невозможно е да ги организираме нашите животи на разумен начин. Попрво, секој ден ќе доживуваме повеќе проблеми и страдање.

Но на прво место, како започнала конфузијата околу улогите на половите? По сè, односите меѓу мажите и жените се единственото неусогласено кај човечките битија. Во животинскиот свет, мажјакот секогаш ја обезбедува женката со сè што на неа и е потребно. Проблемот кај луѓето е во тоа, дека сè се работи во согласност со егото, а не според должностите кои едниот пол ги има кон другиот. Поточно, егото ги произведува нашите односи и улоги на половите, неусогласени.

Па кој е складниот начин, со кој ќе ги изградиме нашите животи? Запишано е, дека жената е создадена да биде помош наспроти мажот. Тоа е да се каже, жената ја извршува својата улога и дава потребната помош со тоа што всушност е спротивна, значи да му помага во достигнување на духовната цел, и со тоа тие заедно тоа го достигнуваат.

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica