Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

1+1=3 (Создателот меѓу нас)

19.12.2010 -

На нашиот пат нè придружуваат парадокси, затоа што треба да се обединат две спротивности. Треба да се навикнеме дека ако почнуваш нешто да дознаваш, тогаш внатре секогаш ќе пронајдеш две спротивни особини кои сепак се соединуваат. Некој вид на "поделба". Бидејќи ако ти работиш само со егоистичната желба тогаш се одлично се сложува: 1+1=2.

Но ако ја соединуваме желбата за насладување со намерата заради давање, бидејќи тие се спротивни - не можат да се соединат. Односно 1+1=3! Третиот – е Создателот! Кон таков парадокс треба да се навикнеме и да го воспримаме како природно нешто – за нас е тоа нормално. Ние го набљудуваме овој "парадокс" во човековото општество. Од една страна секој би сакал максимално да се оддели од другите, а од друга страна луѓето бараат контакт еден со друг.

Тоа се претворило во манија – имало случај, кога паднал целокупниот систем за мобилна комуникација, луѓето останале без мобилните телефони и почнале едноставно да полудуваат. Тогаш излегува, дека секој сака да биде сам, а од друга страна не може без врска со другите?

Работата е во тоа што да биде сам, човекот посакува за некое кратко време, никој да не му смета. Но притоа луѓето тежнеат да живеат заедно: во еден голем град, во една масовна култура. Тие тежнеат да се имитираат еден со друг, за да прават исто како и другите. Затоа едното не го исклучува другото.

На човекот му треба свој ќош каде што може да се скрие, како пчелата – секој во својата ќелија. Но откако ќе ја добие таа "независност" тој мора да почувствува дека се наоѓа меѓу сите.

Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка"  /19/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica