Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Азбучни вистини

11.02.2011 -

Прашање: Илјадници години кабалистичката метода ја равивале посебни луѓе – кабалистите. Сега ние ја распространуваме во народот. Дали притоа ја губиме длабочината на оваа наука?

Одговор: Секако дека ја губиме. Ако е и така, сепак треба да се распространува. Преку нас таа се предава на другите. На пример твоите родители, со целосна почит кон нив, биле обични луѓе, а не свети праведници. Тие те родиле и те воспитале на своето ниво. Истото го правиме и ние. Се разбира дека распространувајќи ја кабалата меѓу народот ние ја "расипуваме". Тоа се нарекува снижување на скалилата кои слегуваат од светот на Бесконечноста. Но сепак не може поинаку.

Зар детето може веднаш да добие готова наука? Не, треба да му се даде адаптирана верзија, добро обработена согласно со неговото ниво. Што и да му објаснувам, што и да му покажувам, со што и да го хранам – сé мора да одговара на неговата сегашна состојба.

Пример за тоа е текстот "Зохар за народот". Ние земавме коментар на Баал ХаСулам кон Книгата Зохар и го очистивме од додатните материјали кои не се однесуваа на главната книга. Во суштина и тие се неопходни. Баал ХаСулам не направил ништо излишно. Но во дадената фаза тоа ни пречи нам, а уште повеќе на широките маси, да прејдеме на Зохар.

Отворајќи ја својата прва книга во животот ги видов зборовите испишани со големи букви: "МАМА, ДОМ, СОНЦЕ". Така и ние треба да им даваме на луѓето материјали кои им одговараат. Потоа, откога ќе научат тие ќе се искачат на високоте скалила. Духовната скала несомнено го "расипува" Вишиот свет кој многу губи на својот пат кон нижите. Таква е нејзината природа – зошто поинаку нижите не би можеле да апсорбираат ниту капка од Светлината.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 11.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica