Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ако групата се дели на фракции

11.02.2011 -
Прашање: Сум направил избор и се вклучив во групата, но во неа понекогаш се случуваат тензии. Како да се ослободиме од нив?

Одговор: Пред сé ние треба да сфатиме дека во групата постојат проблеми. Да не ги прикриваме. На пример групата се состои од 30-40 луѓе и секој од нив влече на своја страна, или тие веќе создаваат фракции. Тука треба да се разбере: ние се наоѓаме под Вишо управување кое ни ги прави тие фракции и спорови. Зошто? За да се издигнеме над нашите проблеми кон Единствениот кој ни ги предизвикал во животот. Тој ги создава сите проблеми меѓу нас и потврдува :" Јас го создадов почетното зло". Но за што? За да ја побараш Тора како додаток, т.е. да ја посакаш скриената во неа Светлина, која води кон Изворот. Барајќи Светлина ти ќе се издигнеш над проблемите до единствениот Извор од кој произлегува и злото и доброто.

Прашање: Тоа е така, но после тоа проблемите се зголемуваат .

Одговор: Треба да ја постигнеш потребната моќ на желбата и Светлината која поправа за да се искачиш на првото духовно скалило. Затоа проблемите се зголемуваат и уште повеќе ќе се зголемуваат. Потпри се на Создателот, Тој се разбира во тоа. Токму затоа Тој зборува за создавањето на почетното зло – за да сфатиш: сé потекнува од еден Извор. Треба едноставно да се прифати тоа како основа за работа. Ние немаме ништо повеќе. Важно е да се придржуваме на тоа.

Нека некои пријатели станат противници, а другите ниту за, ниту против, нека во групата е хаос – но јас сето тоа го примам "во пакет" од Создателот. Тој тоа го направил, а јас сум обврзан заедно со пријателите или наспроти нив, во сите можни состојби постојано да се движам кон единството. Токму тоа значи да се биде " како еден човек со едно срце". Инаку, врз основа на што, над што ќе се обединиме.

Во основата на нашето обединување не се "послушни деца" туку насилници и тепачи. Ние се караме и мразиме – и над тоа се спојуваме во една целина. Токму над тоа се појавува љубов кон ближниот како кон себе. Тогаш ја добиваш Тора. Дали се согласуваш или не, тој принцип нема да се промени. Во групата мораме да одлучиме дека нема излез, дека сега ние со него се согласуваме на вештачки начин. Престануваме да се караме и почнуваме навидум да се сакаме еден со друг. Учиме во надеж дека Светлината која враќа кон Изворот ќе влијае врз нас и ќе воспостави врска меѓу нас.

На часот секој си мисли: "Нека помогне барем малку!" Зошто инаку ние ќе се изедеме еден со друг не можејќи да ја завршиме вежбата која ни ја дал Создателот. Токму Тој не "вовлекол" во ова како да нè сместил во комјутерска игра, во полигон ограничен со рамките на екранот. И ете сме внатре. Што да се прави сега?

Токму тука треба да воспоставиме нови односи кои сакаме да ги постигнеме. Што ни недостасува во оваа област на играта каде што сите ние меѓусебно се мразиме, расфрлани како точки на екранот? Што треба да правиме? Треба да ја откриеме Светлината која враќа кон Изворот.

Ајде да учиме и да бараме тоа да се случи. Со зборови - тоа е лесно, но во реалноста ... Проблемот е во тоа што мора да се открие целата моќ на скалилото а тоа бара време. Бидејќи првото скалило е особено високо, на него не е едноставно да се скокне. Во споредба со него другите скалила се веќе полесни.

Од лекцијата по статија на рабаш - 11.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica