Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во епицентарота на поправањето на светот

altПрашање: 22.05.2012 Која е врската меѓу центарот на групата и дисеминацијата за целиот свет?

Одговор: Најпрво, мора да се стремиме кон центарот на групата за да го сфатиме големото правило на Тората: Сакај го соседот твој. Инаку, нема да бидеме центарот. И преку оваа централна точка, која ги одредува почетокот и крајот на поправањето, преку овие дефиниции, се поврзувам со целата реалност и целиот свет (99% - те проценти). На крајот на краиштата, сакам да го видам целото човештво во оваа централна точка, и сигурно ќе го видам! До степенот до кој се поправам во центарот на групата, во врска со остатокот на светот (кон 99 – те проценти), со сите позитивни и негативни квалитети кои сум ги открил во него, со сите мислења и перцепции кои веќе се оформени во мене, до тој степен ќе го видам човештвото во центарот на групата, веќе поврзано и подготвено да го разберам. На овој начин, ќе делувам од внатрешниот дел на светот кон надвор. Вака ќе воспоставам духовна дисеминација. Потоа, ќе видам колку ефективно му помага на светот, и како светот се движи напред и се менува. Додека надворешната форма останува, на истиот начин светот е обврзан да постои до самиот крај на поправањето, додека сета оваа замислена реалност не исчезне од нашата перцепција. Затоа треба да вложиме напор и во надворешната дисеминација.

Меѓутоа, тогаш ќе можеме да ја дефинираме вистинската врска кон внатрешното и надворешното и да ја дистрибуираме нашата сила. Нашите проценки ќе се сменат. Значи, центарот на групата е точка кон која целиме пред се друго, како да сме тргале од сите светови на БЈА во Малхут од светот Ацилут, и потоа од Малхут од светот Ацилут, сакајќи да ги соединиме сите желби на сета реалност во нас и да ги подигнеме уште повисоко; откриваме уште поголеми квалитети наречени Зеир Анпин, ЈЕХСУТ, Бина и така натаму. Со овие нови квалитети и сфаќања, се поправаме и градиме Шехина, колекција на сите души. Ова е затоа што при обраќање со моите непоправени квалитети, како да ја градам; ѝ се придружувам како полезен, активен дел. Шехина е радување на фактот дека таа веќе не треба да биде одделена од својот орган, туку може да го врати и да го поврзе пак со себе.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 5/22/12, „Разговор за работилницата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica