Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во стегите на природата


Прашање: Во Подмосковјето беснеат пожари, луѓето ја напуштаат Москва, се движат со респираторни маски. Во Индија има поплави, во Кина лизгање на земјиштето поради поројните дождови. Може ли да се исправи оваа состојба?

Одговор: Природата од сите страни не стиска во стеги, за да ни го докаже едноставниот факт: ние се наоѓаме внатре во неа, ние сме многу мали, постоиме внатре во микроскопска сфера, сите зависиме едни од други и од опкружувачката сеопфатна и мудра Природа ( Создателот). Ние сме должни да ја пронајдеме единствената причина на сите наши беди и да сфатиме, што единствено треба да сториме, за да ги избегнеме глобалните катастрофи. Веќе е јасно, дека истекувањето на нафтата во Америка, ерупцијата на вулканот во Исланд, пожарите во Русија, цунами и поплавите во Азија и Европа не може да се наречат локални непогоди – тоа се глобални влијанија на природата врз сите нас. Без сомневање, така ќе продолжи, и никој нема да може да остане настрана и да се чувствува надвор од опасност.

Кога се случи финансиската криза во Америка, во Русија се радуваа, мислејки дека тоа ја погодува само Америка, а со нив нема да се случи. Таа кратковидост се откри после неколку недели во нивните банковни сметки! Еруптирал вулкан во Исланд? Што ми е гајле? Сите нека експлодираат...- Но не, тоа се одрази врз сите и врз пожарите и поплавите. А не чека зима...На крајот на краиштата, ние треба да сфатиме, дека планетата е топка, ние мораме да се соединиме заедно и заедно да размислиме за преживувањето. Создателот, или истото тоа, Природата, има разум, чувства, насока и цел, и ќе не натера да станеме "добри деца". Да се надеваме, дека ние тоа бргу ќе го сфатиме и ќе станеме поумни.

Од третата утринска лекција 08/08/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica