Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Воспитување, а не “стручно образование“

10.12.2010 -
Проблемот не е во тоа, дека ние го кршиме карактерот на човекот и расипуваме нешто во овој свет. Но на таков начин ние откинуваме од заедничката поправка некои делови, без кои заедничкиот систем веќе нема да биде совршен. Во духовното – сè мора да биде совршено! И ако недостасува една мала клетка во целиот огромен систем - целиот систем не е совршен! Тоа подразбира целосна меѓусебна припадност - на секој и сите. Секој им припаѓа на сите и ги содржи сите во себе.

Се испоставува дека дури и ако само еден не е поправен – тогаш не постои ниту една поправена душа! Ако една душа е расипана, тој порок се чувствува во сите други души и во целокупниот систем. И секој порок е акумулациски, затоа што останувајќи во една душа, тој се размножува, ширејќи се на сите други души, и влијае на секоја, многу пати намножувајќи се од нивното меѓусебно присоединување.

Затоа кабалистите, во заштита на слободата на личноста, не бараат убави човечки односи, туку се базираат на структурата на создавањето, гледајќи го од почеток и до самиот крај. Затоа тие велат, дека не смее да се прави тоа што ни се сака денес, туку треба да се поаѓа само од изворната форма – конечно поправената состојба (Гмар тикун).

Ако ни е важно да го достигнеме крајот на поправката, тогаш денес треба да се грижиме апсолутно за сите, сметајќи ги нивните лични особини како особини од јавен интерес, кој со ништо не може да се замени. Треба само да си помогнеме еден на друг да се соединиме со сите други – такви односи треба да постојат во општеството.

Секому треба да му се даде можност да се развива во насока на поврзување со другите. И да не го развиваме лично него, барајќи секакви егоистични успеси и одликувања – со што е зафатена денешниот образовен систем, кој не го воспитува човекот, туку му дава "стручно образование". Наместо тоа тој треба да се занимава со воспитувањето на човекот во општеството! Благодарение на тоа сите негови природни склоности ќе се развијат во него правилно – бидејќи тие се наоѓаат во човекот само поради неговата поврзаност со другите: сите негови гени, хормони, вродените особини. Сето тоа е насочено само во правец на општеството и соединувањето. Инаку ние воопшто немаше да ги забележуваме.

Ние ги гледаме само затоа што поминавме разбивање. Односно личните особини на секој – се последица на разбивањето на заедничката душа и можат да бидат поправени само со помош на соединување. Навистина, човек нема со што повеќе да се занимава во овој свет – освен соединувањето со другите. Со тоа тој ќе може да ги развие во себе сите индивидуални особини и природни склоности на најоптимален начин. Тоа гарантира напредок на разумот и чувствата, во најизбалансирана форма.

Освен тоа преку своето поврзување со другите тој ќе ги апсорбира од нив сите видови на дополнителни особини, впечатоци, чувства - сето она што му треба. Тој ќе се храни од сите, од целиот овој систем - и толку правилно, за да се развива хармонично, во совршена форма.

Од утринската лекција според статијата “Слобода на вољата“ /10/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica