Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Групата е внатрешен контакт помеѓу душите

Прашање: Што може да се смета за група?

Одговор: Група може да ги сметаме тие десет луѓе, со кои седам, и ги разјаснувам нашите односи. Група може да бидат и десетиците групи, кои се собираат на конгресите. Да речеме, на конгресот имало 120 или 130 групи. И тоа е еден вид група, која заедно работела на иста задача, на истите прашања, и затоа, согласно со тоа, сите учесници имале исти мисли, исти прашања, исти цели. Не е важно, дека тие говореле на различни јазици, бидејќи тие работеле исто нешто: заедно комуницирале, си помагале еден на друг, били во едно поле. Нашите сензорни и умствени полиња се пресекуваат, заедно работат – така ние меѓусебно комуницираме. Притоа тие полиња немаат закон на оддалечување, како секое физичко поле, кое се намалува согласно на квадратот на растојанието: се оддалечил на два метри, значи тензијата, Светлината или други зрачења четири пати се намалиле. Тука не е така. Полињата на желбите не се намалуваат со растојанието.

Затоа, ако еден се наоѓа во Бостон, а другиот на Аљаска, третиот во Кентаки, а четвртиот во Австралија – сепак сите тие заедно се група, само ако можат да влезат во внатрешен контакт, кој ние делумно сме го почувствувале на семинарите на конгресот. Ако тие го почувствувале тој контакт, ако можат во себе повторно да го создадат, да го генерираат, повторно да го развијат, небаре дувајќи на јагленче, тогаш тие можат благодарение токму на „растојанијата”, т.е. на сите пречки што се создаваат, да се кренат над нив кон таа состојба, и да бидат на добро духовно ниво.

Од утринската лекција, 01.10.2012 -  на Каб ТВ

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica