Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се облече препреката на точката во срцето

Прашање: Што значи: „да се облече препреката на точката во срцето”?

Одговор: Препреката доаѓа од разбивањето на садовите, желбите. Во срцето има искра, останата од тој сад, завиткана во голем број расипани обвивки. Тие постепено се откриваат една по друга, за да можеш да изградиш од нив доволно дебели ѕидови на поправениот сад, во најмала рака првите 10 сефирот. Ако човекот правилно ги восприма и користи проблемите, со кои се судрува во овој свет, без да се оттргне од Создателот дури и при најголеми тешкотии, тогаш на крајот гради свој сад, желба со такви особини и способности, што може да чувствува каде се наоѓа. Слично на бебето, кое веднаш по раѓањето ништо не восприма. Поминува некое време: ден, два, една недела, втора, додека тоа не почне да го открива светот што го опкружува, наеднаш слуша некои звуци, реагира на запалено светло, почнува да гледа. Исто и ние имаме потреба од духовни садови во развојот на воспримањето, за да го почувствуваме Вишиот Свет.

Препреката не е надворешна пречка, туку моите разбиени садови. Погрешно е тие да се нарекуваат препреки. Какви препреки можат да постојат во суштеството? Ние се искачуваме на планината, до дворецот на царот, бидејќи самите имаме потреба од таа планина. Тоа е планина на омразата, која сме обврзани да ја претвориме во љубов, за планината Синај (омразата) да стане планина на Создателот. Расипаните желби се нарекуваат препреки, и нема други препреки. Тоа што ме одделува од точката на спојувањето, од целта. Токму тоа е препрека, која морам да ја присоединам кон точката во срцето. Ако човекот не е конфузен, туку цело време се задржува во насоката кон целта, тогаш тој открива токму таква слика. Ако наеднаш се појавуваат навистина тешки проблеми со заработувачката или здравјето, тогаш нормално, тие треба да се решаваат на материјално ниво. Од примерот на мојот учител, Рабаш, сум видел колку тешко работел да заработи за храна за своето семејство. Но треба истовремено да се оди во двете насоки. Од една страна, јас имам проблем и морам да го поправам, вложувајќи ги сите мои сили, како да „никој нема да ми помогне, освен самиот мене”. Во исто време јас треба да помнам, дека оваа препрека ја добив од Вишото, а не од некои луѓе од моето опкружување. Јас ја извршувам мојата работа со сета сила, и ја присоединувам кон истата таа насока, кон Создателот. И во таков случај, јас ја присоединувам таа препрека кон Светоста и напредувам благодарение на неа.

Зарем Создателот нема доволно долари, зарем Тој сака човекот да потоне во секојдневните проблеми? Но тие ситуации се откриваат како неопходни за нашиот развој, и за секого одат во посебна насока: кај едниот во врска со парите, кај другиот – со здравјето, кај третиот – несогласувања во семејството. Немојте да мислите, дека некој имал повеќе среќа, а некој помалку. Секој поминува најоптимални, најдобри состојби за развојот на неговата душа – не треба да стравувате. И нема зошто да се моли Создателот да ја тргне таа препрека и да ја промени судбината, туку само да се залепите за Него и да ја наведнете главата, и во спојување со Него да одработите сè што ви е дадено. Пред почетокот на дејството јас треба да речам: „Никој нема да ми помогне, освен мене самиот!”, а кога ќе го завршам: „Не постои никој, освен Создателот”. Но кога велам, дека „Никој нема да ми помогне, освен мене самиот” – тоа не значи дека се исклучувам од Создателот, како Него да го нема. Јас сè извршувам сам, небаре Него го нема покрај мене, но сè правам во спојување со Него, одам да работам и се грижам за мојата работа и заработувачката, но без исклучување од Создателот. Јас едноставно не сметам, дека тоа го прави Тој, туку сметам дека тоа го правам самиот. Како да сме со Него партнери, а кога одам нешто да произведам и да заработам, Тој исто така пасивно учествува во тоа. Тој е мој партнер, само во дадениот момент не е активен. На таков начин јас се поправам себеси, своето учество.

Од утринската лекција,28.02.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica