Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Даровите на Создателот

Прашање: Што претставуваат „дарови на Создателот?“

Одговор: Даваме поклони на оној  кој што го сакаме, и добиваме дарови од таму каде што не се сомневаме дека тие се дадени со љубов. Јас можам да почувствувам дека некој ми дава поклон за да ме исплати со поткуп. Ова значи дека мора да направам разлика меѓу прав, несебичен поклон, кој пристигнува од блискоста што ја чувствувам кон дарителот, кој оној што сака обајцата да нè направи среќни со дарот; и поклонот кој што е наменет да ме купи и да ме спои со цел подоцна да бидам искористен за нечиј сопствен интерес. Создателот дава неколку вида на дарови, еден од нив го нарекуваме поклон. Како што е напишано: „Оној кој што мрази поклони ќе живее“, но ова се однесува на поклоните за нашето его, за желбата да се прими бесплатно исполнување, бидејки егото тоа го смета за дар.

Вистинскиот поклон е „Јас работев и најдов“, разоткривањето е истотака дар, бидејки ми е подарен од љубов иако јас не го заслужувам. Значењето на ова е дека не директен резултат на сработеното, туку повеќе  „ Јас работев и најдов.“ Не е исплата туку поклон, пронаоѓање. Многу незначителна разлика  која што ја разбира оној што повеќе ги има прочистено садовите на воспримањето (неговите сетила) и тогаш открива различни особини на кои тој им дава различни имиња. Ти можеш да примиш дар единствено ако тоа ти помага во работата. Како што е напишано, „Отвори за мене отвор како ушето на иглата“ за јас да можем да протнам конец и да започнам со „шиењето“, да започнам со работа. На овој начин сме подготвени да примиме дар од Создателот бидејки инаку, нема да можеме да се доближиме до Него. Поради тоа, Тора е наречена дар, бидејки Светлината во неа возобновува. Така јас примам дар, иако не сум го заслужил, но преку овој поклон, јас можам да се поправам себеси и да достигнам прилепување до Создателот. На крајот, јас се враќам кон Создателот, со овој дар, исто како да сум го земал на заем од Неговата продавница и го враќам. Излегува дека еден од видовите на примањето и дарувањето е наречено дар.

Од 1-от дел на невните Лекции на Кабала 13.03.13. Според „Писанија од Баал ХаСулам“ на Каб.Тв

Неочекуваните подароци на Создателот

Ние секогаш ги искусуваме Вишите Сили, вишите впечатоци во нас, како нешто неверојатно прекрасно, пријатно, задоволувачко, исполнително и многу пожелно. Го искусуваме како дар. Тоа пристигнува неочекувано, без подготовка од наша страна. Иако работевме напорно и се стремевме да го добиеме, појавувањето е секогаш изненадувачко. И внатре во подарокот чувствуваме љубов. Оваа љубов, се појавува во Светлината оставајки ефект врз нас, за возрврат предизвикувајки, врз нас, инстинктивен ефект на Светлината. Оттаму, да се достигне овој дар е најважната работа, кога ќе почувствуваме првиот удар на Светлината врз нас. Длабочината на љубовта која што ја чувствуваме е поголема од самиот дар, бидејки се мери со големината на Давателот, отколку да  се насочуваме кон вредноста на даденото. Слично е во нашиот свет: Ако не ми е грижа за оној кој што дава, тогаш се насочуваме кон вредноста на поклонот. Претпоставете дека сте примиле нешто од компанијата каде што работите, тогаш сте незаинтересирани кон тоа. Но ако таков подарок ми е подарен од посебна личност, тогаш воопште не е важно што ми подарува. Тој може да ми подари наједноставно пенкало, но она што е важно, е дека ми е дадено како знак на неговото внимание, бидејки јас не ја ценам вредноста на поклонот, туку големината на личноста која што ми го дала поклонот. Исто така, ние дефинираме што чувствуваме во духовниот свет. Ако веќе сме во духовно остварување, тогаш кога ќе го почувствуваме ударот на Светлината врз нас, ние одговараме инстиктивно на тоа  со љубов која се крева во нас.   

Но ако сè уште сме во нашиот свет, надвор од чуввството на Вишиот, тогаш тука мора вештачки да ги негуваме овие квалитети. Со други зборови, треба да направиме напор и да се обидеме да изразиме благодарност, да го возвишиме Дарителот во нашите очи, дури и ако не го чувствуваме Него, туку ги чувствуваме Неговите делувања врз нас: Одеднаш ние почнуваме да разбираме повеќе, да чувствуваме повеќе, и да доживуваме нови внатрешни чувства. Ова ме поврзува со Давателот. Што побрзо започнам да чуввствувам дека примам мал позитивен ефект  во облик на чувство или мудрост, јас морам веднаш да започнам со заблагодарување. Тоа ќе го прошири моето чувство за подарок. Тогаш, иако поклонот е мал, јас ќе започнам да чувствувам дека е многу голем, и внатре во него ќе може да се почувствува вистинскиот Давател.  Затоа, додека сме во нашиот свет, во нашите состојби, ние мораме веднаш правилно да одговориме на различните позитивни духовни промени во нас; иако тие можеби сè уште не се сосема духовни, но нешто веќе се појавува  во нашите сетила и умот. Во нашите очи треба да одговориме на тоа со благодарност и возвишување на Давателот, на дарувањето. Тогаш, се развиваат и шират нашите органи за прием, нашите сензори. Кога се движиме на овој начин, ние почнуваме постепено да го достигнуваме Создателот, и затоа Неговото давање е значајно само до начинот на кој, после сè, ние ќе го следиме со подлабоко искуство за Него. Поклонот е како некаков посредник, односно комуникација меѓу Него и мене.  

Од виртуелната лекција 13.03.2013г. На Каб.Тв

Гасовите на стаклената градина ја затоплија планетата земја

Во вестите (од СНН): „Глобалното затоплување ја придвижи климата на земјата од нејзините најладни декади, од последното ледено доба, кон најтоплите – за само едно столетие.“ Температурни разлики како овие се немаат случено до сега, барем не во последните 11,300 години, изјави климатологистот Шон Маркот, кој работеше на новата студија за глобални температури кои се навраќаат толку наназад. „ Ако било кој период во времето имал  претрпено температурни разлики слични на овие што ги имаме денеска, ние тоа досега ќе го имавме во записите,“ рече тој. „Ова е добар показател за тоа како човекот брзо допринесувал за промената на климата. Едно столетие е многу краток временски период за ваков скок.“ Спрема студиите на Државниот Универзитет на Орегон и Универзитетот Харвард; ако не беа влијанијата направени од човекот, планетата земја би била во многу ладна фаза токму сега и би станувала сè поладна. Мракот е водечкиот автор на извештајот и неговите резултати. „Да се подигне опсегот на температурата од ладно кон топло како пред 11.000 години, што е започнато уште од времето на индустриската револуција“, изјави Кандас Мајор од Националната Фондација на Науките, но овие промени се случија многу побргу.

Мојот коментар: Причината за сите овие промени е да се охрабрат луѓето да се поправат себеси. Но некој ќе се одлучи за ова само кога после многу несреќи и страдања тој конечно ќе биде убеден дека не постои друг начин – тој мора да се смени себеси. Колку многу и низ каков вид на страдања треба да минеме за да ја прифатиме оваа одлука е непознато. Секој кој ја разбира потребата од следењето на законите на природата, да стане сличен на неа, и да стане поврзан со добрите врски на заедничката доверба, треба да го направи потребниот чекор да го дисеменира знаењето за тоа. Со овие акции ние дефинитивно ќе ја донесеме поблиску правата одлука и ќе го намалиме страдањето.

Сребрено обложен фотографски филм

Во даден момент Создателот го замесува човека како тесто и оттука излегува прашањето: На кој степен ја осеќа и е спремен да ја осети и прифати непрекорната работа која Создателот ја врши врз него?

Постојат повеќе периоди, бидејќи на секое ниво ние мора да ги поминеме сите судења: на мртвата природа, вегетативно судење, животинскиот и „говорното”. Постои одредено време во кое ние спиеме. Тоа не зависи од нас, туку е дел од главниот план на создавање во кое учествуваме. Ние сме осетливи само на малиот дел од нештата кои влијаат врз нас и затоа постојат многу делови каде што нашата совест не е вклучена. Најпрво ние мора да го осетиме копнежот за сознанието на Неговото постоење и да прифатиме дека не постои никој освен Него. Потоа мораме да се поништиме себеси и да се поставиме кон целта. „Целна Перспектива” е гледање низ „леќа”, а не преку сопствените очи. Тоа е прогледување низ некој независен алат кој е надворешен врз мојот субјективен ум и кој може да ги зголеми или намали деталите и вештачки да ме сосредоточи, без разлика на моите чувства и избори. Ова е така наречена субјективна перспектива која ја пресликува ситуацијата како камера. Ние мора да ги почувствуваме суптилностите и осудувањата за да станеме леќа на нашата камера.

Што би сакал да фотографирам со мојата камера? Сакам да го фотографирам Создателот! Каква камера ми е потребна за фотографијата? Мојата желба да примам е фотографски филм во камерата со која јас ја сликам фотографијата. Оваа желба треба да биде независна од мене и да биде под целосна ограничување, ослободена од мојот субјективен пристап, мојот став. Морам да се кренам над тоа , за потоа да ја отслика вистинската слика, а не сликата која сум ја фотографирал и преобработил во фото шоп. Ова е првата фаза од работата. Сето ова зависи од моето чувство кон разбирање на сите форми и фигури кои Создателот ги прикажува пред мене, кои се непрекинато менливи, до тој степен кога јас би можел да започнам разговор со Него, во зависност од нештата кои ми се случуваат, и да се оттргнам од нив колку што можам подалеку. Ова е многу тешко, бидејќи да се оттргнам од себеси значи дека треба внимателно да се преиспитам себеси за непрекинато да го гледам она што ме поврзува мене со моето его.

До поголемиот степен на кој ја вршам оваа работа јас можам да ја препознаам сликата на Создателот почисто. До степенот на кој се неутрализирам себеси во било кој момент,  јас дозволувам Создателот да остави отпечаток на мене, да биде откриен во мојот фотографски филм, на слојот кој е осетлив на Светлината. Оваа осетливост зависи од видот на „сребрено обложување”, материјалот употребен во фотографирањето и зависи од големината со која се покривам и кријам себеси. Потоа одвнатре, спротивната форма на сликата на Создадителот може да се појави во мојата материја, како негатив. Можам да примам таков слој само ако се потчинам себеси пред средината. Јас немам наметка, „Масах“ (екран), каде што би можел да го сокријам моето его. Немам ништо со што би можел да се покријам. Единствената шанса е да се поставам себеси под грижа на средината, како бебе што сака да се сокрие во дланките на мајка сѝ. Но бебето заради неговото его го прави тоа инстинктивно, желбата да направи добро за себеси, каде пак ние мора напорно да работиме за нашето его за да го уништиме. Да се потчинам себеси пред учителот, групата, учењето и десиминацијата. Ова нам ќе ни овозможи таква наметка.

Од 1от дел од утринската лекција на 13.03.2013, Шамати 15, на Каб.Тв

Кој го одлучува вкусот на лебот од Рај (Мана)?

Господ му проговори на Мојсеј, велејќи: „Ги слушнав жалбите од децата на Израел. Зборувај со нив, велејќи „Во попладневието ќе јадете месо, а во утрината ќе бидете заситени со леб и ќе знаете дека Јас сум вашиот Господ, вашиот Бог” (Тора, Егзодус, „Бешалах”, 16:11-16:12)

Со цел да дознаеме што претставува „мана”, треба да ја земеме во обзир следната споредба. Некој сака да пушти во продажба нова машина, „3-D штампач”, која содржи во неа протеини, тестенини, мешунки, соја и др. Вие само треба да ги притиснете копчињата на штампачот за храната, која сакате да ја јадете, и во брзо време ќе ја добиете вашата посакана порција. Можеме да добиеме колбас кој е направен од соја и има вкус на месо. Овој уред има повеќе кертриџи исполнети со бибер, лимон и др. Кога завршувате со нарачувањето, штампачот ја подготвува нарачката и ви ја дава на чинија. Дали сме нарачале зачинета пушена скара? Ве молам, уживајте! Дали би сакале некои други вкусови? Нема проблем! Сите овие „вкусови”се направени од една главна состојка, на пример, од соја. Значи, што е „мана”? Вишата Светлина нема особени карактеристики; сите својства се наместени од потрошувачот. Покрај сè, кертриџите на принтерот немаат специфични особини; ние ги одредуваме параметрите; одбираме комбинации кои ги сакаме и ги дефинираме со заклучување на нарачката. Вие мислите дека сакате месо во попладневието, а леб во утрината. Но всушност, само еден производ влегува во машината, само потрошувачот го одлучува вкусот, бојата и изгледот.

Од Телевизиската Програма „Тајните на Вечната Книга”

Согледување на реалноста: Од антиката до денес

Човек кој се стреми кон духовно достигнување почнува да сфаќа дека целиот свет е еден систем. Тоа е среќна и постојана работа, на која постепено се навикнуваш. Таа станува потреба. Вие веќе постоите на ова ниво. Сите други нивоа се рамни, едно-димензионални и невозможно да се размислува за нив како претходно. Човека почнува да се навикнува да размислува во 3-димензионалниот простор кој се збива во една единствена сила и цел; затоа, не е тешко да се почувствува целиот свет како е поврзан со една единствена цел, една мисла, една сила, до точката кога гледате во ѕвезденото небо и набљудувате што ги поврзува ѕвездите. Оттука се појавуваат многу интересни прашања, како на пример:„Како старите астролози ги поврзале ѕвездите во соѕвездието?”. Сепак, ако погледнам кон ѕвездите не можам да им се придружам на сите знаци од хороскопот: Орион, Големата Мечка и др. Немам толку голема имагинација како старите Грци или Вавилонските астролози бидејќи ѕвездите се далеку едни од други и се на различни различни рамнини.

Да кажеме дека некоја ѕвезда е стотици милиони светлосни години поблиску до Земјата, а некоја друга е стотици милиони светлосни години подалеку. Но нив ги виделе споени како да се врзани во една рамнина. Што е тоа: Примитивна репрезентација или човечка фантазија? Каде постои мечка со четири или пет ѕвезди кои формираат квадрат со опашка? Како некој би можел да го замисли ова? Тоа нешто е многу интересно: Идејата која ги поврзува ѕвездите во хороскопските знаци се остварени од некоја личност која влијае врз неа. Старите астролози имале чувство врз поврзаноста на овие ѕвезди. Поради развивањето на егоизмот ние се разделивме од универзумот, од неговото согледување како целина, но тие имале чувство на релативна поврзаност бидејќи тие тоа го согледале како група на Богови, Виши Сили кои влијаеле врз нив. Тоа не е затоа што биле мали или примитивни, тоа едноставно е неизвртена, не е груба перцепција без бројните филтери кои што ние ги имаме. Тие имале многу поголема согледување за Светлината. Ако ние почнеме да го поправаме нашето его ќе почнеме да ја согледуваме Светлината многу посилно, бидејќи ние сме многу по груби одколку нив.

Од „Тајните на Вечната Книга”, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica