Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Движечка сила на суштеството

03.11.2010 -

Книгата Зохар ни ја опишува врската помеѓу нас. Бидејќи нема што повеќе да се објаснува. Дури тука, во овој свет, ние постојано откриваме, во каква врска еден со друг се наоѓаме. Ние тоа не го осознаваме, но цело време сме зафатени само со тоа.

Дури иако нам не ни е познато, што нé движи во сите наши дејства и мисли, но сите тие се диктирани само од желбата сé повеќе да се напредува во врската помеѓу нас или во спротивна од неа насока.

Познато е, дека луѓето, кои меѓусебно се сакаат, некогаш намерно малку се караат, за да ја зацврстат врската. Но тоа не е важно, бидејки во секој случај се одвива испитување на врската – не повеќе од тоа.

Гледајте, со што само ние се занимаваме! Комуникациски врски, телевизија, печатени медиуми, политика, економија, семејство – сето тоа е врска помеѓу луѓето. И не е важно, дали е позитивна или негативна, - но само во таа област ние дејствуваме. Ние како да сме заболени од тоа, бидејки целта на суштеството нé насочува само кон врската помеѓу нас. Или напредуваме кон неа по добар пат, следувајки по правилната метода и знаејќи што да правиме. Или одиме по патот на страдањата. Но во секој случај напредуваме само кон врската.

Затоа, отворајќи го Зохар, ние треба да мислиме само за тоа. Зохар зборува за напредните облици на врските помеѓу нас, за семожните нејзини видови. И затоа, читајки Зохар, јас треба да мислам, дека се наоѓам заедно со другите души, во соединението со нив ја чувствувам врската помеѓу нас и сакам да ја распознаам истата таа слика, истиот облик на врската, за која што раскажува Зохар.

Бидејќи ако ние се доближиме до неа, веднаш ќе го откриеме Создателот и Вишиот свет. Затоа ние треба да се стремиме кон откривањето.Тоа се нарекува "да се сака да се спознае изучуваното", да се соединиш со Него.

Од утринската лекција за Зохар /03/11/2010

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica