Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Директно обраќајќи му се на човекот

19.12.2010 -

Денес, човештвото има развиено цела забавна индустрија - со цел да се заборави за празнината на животот: разни светски првенства, сите видови натпревари – сè за да се збуни човекот и со нешто да му се исполни животот. Бидејќи егоизмот пораснал и бара наполнување.

Една од задачите на владата е да го залажува народот за да го смири и со нешто да го занимава – само да не поставува прашања. Бидејќи што ќе му одговори, ако тој почне да прашува за смислата на животот?

Владата нема одговор на тоа прашање, меѓутоа не сака граѓаните да излезат на улица во потрага за смислата на животот, губејќи ја верата и во овој живот и во владата. Затоа таа ги поддржува популарните "ѕвезди", масовната култура, медиумите, кои ни даваат секакви непотребни информации, само за да нè збунат и малку да нè потспуштат од нивото до кое веќе сме се развиле...

Бидејќи ако му дозволиш на човекот сега да дејствува согласно на неговата лична, а не согласно замаглената желба, тој ќе почне да поставува многу сериозни, возрасни прашања. Тој ќе види, дека нема ниту систем на воспитување на помладата генерација, ниту култура, ниту наполнување, ниту здраво општество – ништо! Ќе открие дека живее во општество каде што царува целосна анархија. И тогаш ќе праша: ова е влада, ова е светот, ова е тоа, како треба да се живее?!

И ќе почнат револуции и нереди. Затоа главната задача на владата е да го залажува народот – не е важно каде, во секоја земја: во Европа, Америка, во арапските земји. Затоа, кога желбата на човекот пораснува повеќе отколку тој може да прими од животот во овој свет, тогаш се пробудува науката кабала и му ја открива вистинската цел.

Но тогаш се појавува проблем како да се донесе тоа знаење до него, бидејќи не е можно да се постигне преку медиумите, популарните ѕвезди, научниците, образовниот систем, владата. Тие самите не знаат зошто, меѓутоа сите ќе бидат против! Се открива целосна конфронтација меѓу науката кабала и сите начини на живот измислени од нас во овој свет.

Невозможно ќе биде да се потпреме на било кој канал – само директно да се обратиме до народот, за да дознае, дека во кабалата постојат одговори на неговите внатешни прашања. Сите други сакаат да го збунат со тие прашања и да ги спречат со секакви средства, но тој неизбежно ќе страда ако не најде одговор за нив.

Затоа ние се обраќаме директно кон секој човек. Тука не ќе можеме да си најдеме други сојузници, вие допрва ќе видите како на сите ним не им е попат со нас.

Од утринската лекција според статијата "Слугинката ја наследува својата господарка"  /19/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica