Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Духовна терапија за масите - прва сеанса

08.04.2011 -
Денес почнуваме да ја распространуваме науката кабала низ народните маси, за да луѓето  разберат дека треба да се тргне кон личноста, односно кон Создателот.

До скоро, ја распространувавме кабалата само до одредени луѓе - само до тие кои имаат точка во срцето. Се обраќавме до луѓето кај кои веќе беше пробудена желбата за духовното. Тие почувствувале внатрешен повик и доаѓаа кај нас, пополнувајќи групи и оформувајќи нови. Ако точката во срцето на човекот се појави на еден или друг степен, значи тој е со нас.

Колку што гледам и слушам, денес такви точки во срцата има кај милиони луѓе. На пример, при последната посета во Торонто, среќавајќи се со обични луѓе, дознав дека тие знаат за нас и не само што знаат, туку и нé следат на интернет. Меѓутоа, сите тие беа сами, а не групи. Бројката на луѓе на земјата е неколку милијарди. Како да се обратиме на нив?

Можеме да им се обратиме само на нивните „утроби", на нивната материјална желба. Треба да им се раскажува за Создателот и високата цел.

- Создател? - велат тие. Добро, дајте да го видиме.

Таква е желбата на човекот и тој не разбира поинаку. Па затоа со луѓето зборуваме за глобалната криза, за воспитувањето и здравството, за екологија, за причините за катастрофите, за тоа зошто светот стана толку непредвидлив, што ќе се случи утре. Се обраќаме кон нивните желби кои бараат факти и сигурност. Притоа, не зборуваме за науката кабала, туку за системот, приодот, начинот кој може да нé спаси. Но, во што се состои тој?

Во обединувањето, кое ќе ги доведе луѓето во соодветство со природата. За нас природата и Создателот се едно, но луѓето за тоа не сакаат да знаат. За нив се што е возвишено е мистика и бараат рационален приод. Природата е глобална и интегрална и таа има своја програма. Таа нé развивала нас до ден денес и ќе продолжи да нé развива уште. Во која насока? Таму, каде што и ние ќе станеме глобални и интегрални, како неа.

Па што треба да направиме? Само едно - да се обединиме. Мораме да се обединиме, целото човештво да стане една целина. Ајде да поминеме на работата, да почнеме да се сплотуваме, да се споиме внатрешно.

Овде преоѓаме на моментот, за кој зборува Баал ХаСулам, опишувајќи го погледот на Маркс и неуспехот на социјализмот во Русија. Кога ќе почнеме да се обединуваме, ќе сфатиме дека за реализација на замисленото ни недостига внатрешната, исконската сила на Природата - Вишата Сила. И тогаш ќе побараме да ни го даде единството, кое ние сами не можеме да го достигнеме.

Затоа зборуваме на луѓето за кабала, не употребувајќи го тој збор и се ограничуваме само на научниот приод и ги објаснуваме актуелните настани во светот. Зборуваме за причините и последиците од она што се случува, за однапред да спремиме лек за болеста.

Тоа ќе биде првата „доза", првото средство за комплексното лечење, кое на почеток ќе им помогне на луѓето да сфатат што ги чека. Благодарение на тоа, тие ќе почнат да се движат нанапред и со секој чекор ќе добијат ново сфаќање и поинакво чувство. Ќе го приближиме човекот кон целта по етапи затоа што тој треба да ја прекине состојбата во која се наоѓал. А тоа не е лесно.

Од утринската лекција според статијата “Слобода на вољата“ од 08.04.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica