Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ерусалим не се камења туку духовност!

 

Прашање: Што претставува “Ерусалим” во духовна смисла?          

Одговор: “ Ерусалим”(Јерушалаим) во духовна смисла значи “Совршен трепет” (јира шлема).

Како што објаснува Книгата Зохар, ние имаме заповед за трепетот и заповед за љубовта. Првата заповед е токму трепетот, кој постои во неколку форми: од овој свет, од идниот свет, трепет за себе, за заедницата, за Создателот и т.н. “Ерусалим” претставува совршен трепет, скалило на Бина, која потоа се развива себеси за да стане основа за примање на Светлината Хохма заради давање. Токму затоа ова скалило се нарекува совршено. Тука Светлината Хасадим и Светлината Хохма се наоѓаат заедно во еден сад. На таков начин трепетот, т.е. Хасадим, ја држи Светлината Хохма. Таа совршена состојба се нарекува “Ерусалим”.

Покрај тоа, како што знаеме, секое од четирите нивоа на неживата, растителната, животинската и човековата природа ги содржи во себе сите останати. Соодветно на тоа, на човечкото ниво постојат и претходните скалила: неживото, растителното и животинското. Како резултат, искачувањето по нив достигнува интеракција (зивуг) со максимална длабочина, го достигнува “местото” каде што сите суштества, сврзани со заедничка мрежа, престојуваат во интерална состојба и доаѓаат до спојување, до капката на единство со Создателот. Тоа е “Ерусалим”. Таков ќе го видиме ние – како точка на највисоката духовна особина, како капка на единство. Таму ќе биде Храмот, таму ќе биде врховниот свештеник – во таа точка ќе внесеме сé.

Да не мислиш дека “Ерусалим” е град на картата? Не говориме за тоа. Материјалниот свет ќе исчезне, ќе се крене во нашето воспримање на духовното скалило. Сликата која ја гледаме денес е извртена од силите на нечистотијата. Тоа е сонот на оние кои престојуваат во материјалноста. Ние, пак сакаме да се разбудиме од сонот – тогаш ќе исчезне обвивката во облик на овој свет и ќе ја видиме вистинската реалност, во која сите сме едно. Така што не е целта во градбите кои се на Ридот на Храмот, - целата работа ние мораме да ја вршиме внатре. За цело време поминато со Рабаш, само еднаш со него бевме во Ерусалим. Баал ХаСулам во негово време отпатувал од Ерусалим во Јафа. Затоа, дефинирај ги своите очекувања во однос на античките камени плочи. Тие во гранките го симболизираат тоа што е својствено за коренот и потребни ни се за од гранката да стигнеме до коренот. Ако пак се придржуваме до гранките, тогаш никогаш нема да дојдеме до потребата за поправка.

Денес сé уште материјалното преовладува во нас. Некои сметаат дека ако се состават камените блокови според цртежите кои ги ни изгледаат точни, тогаш ненадејно ќе вдишиме во нив животен дух, ќе ги обдариме со светост и духовна сила. Така детето прави авионче од импровизирани материјали, недевајќи се дека тоа ќе полета. Кој навистина денес умее да гради духовно? Добро е ако народот се буди, размислувајќи за тоа, но ние сфаќаме дека во таквиот пристап нема ниту животен дух, ниту разбирање на тоа што навистина треба да се прави...

Од лекцијата според статијата на Рабаш, 29.07.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica