Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Знај го светот во кој живееш

27.05.2011 -
Прашање: Како да дојдеме до луѓето обземени од власт? Бидејќи ние сакаме да ги скршиме рамките кои тие ги прават цел живот.

Одговор: Воопшто не. Ние не војуваме со власта, не ја рушиме политиката и економијата, не го кршиме воспоставениот поредок. Ние се бориме само за воспитание на народот и ништо повеќе. Јас сум за тоа, да оставиме во светот сè како што е, само кон тоа да го додадеме принципот на љубовта кон ближниот како кон себе. Јас немам проблем со тоа што е изградено до сега. Нека градат и понатаму, на здравје.

За мене е важно само едно: човекот мора да знае во каков свет живее, зошто живее и како навистина може да се исполни за да ја достигне целта, не потпаѓајќи во лажење на самиот себе и да не се додворува самиот на себе со помош на секакви игри кои му даваат само повремено, невредно исполнување и паѓање во смрт. Јас ништо не поништувам, не истапувам против владините програми, банки, општини итн. За тоа не се интересирам. Правете што сакате. Сакате да крадете – крадете, занимавајте се со глупости. Тоа не е важно, сето тоа јас воопшто не го ни гледам. Јас само сакам да додадам воспитание.

Воспитание, за да се знае во каков свет живееме, како функционира тој, што го движи, која е неговата цел, што ќе се случи ако сите заедно тргнеме по таа програма, што ќе се случи ако се оттргнеме од неа или се насочиме во спротивна страна. Колку страдања ќе ни донесе тоа?Какви всушност страдања? Вредно ли е за тоа или не?

Јас сакам луѓето да знаат, да видат пред што стојат, за правилно да ја читаат картата и ништо повеќе. Сите други работи на светот се наоѓаат на друга површина и јас со нив воопшто немам допир, мојата канцеларија е еден кат погоре. Станува збор за тоа дека до што ќе дојдеме е сеедно. Бидејќи ние ги трошиме ресурсите на Земјата и ја загадуваме. Затоа треба да преминеме од побарувачко општество кон избалансирано, со други зборови, да престанеме да правиме глупости.

На луѓето им се потребни едноставни секојдневни работи: стан, работа, храна, облека итн. Тоа треба да се обезбеди на секого, а сето останато да се пресече, да се прекине со изработка на непотребни стоки, да се престане со мерење на својот успех според готовите производи. Затоа што тоа производство ја опустошува планетата и ја загадува животната средина.

Затоа половина ден ќе работиш за обезбедување на неопходното, а другата половина ќе седиш и ќе учиш, од време на време полагајќи испити. За тоа, и само за тоа ќе добиваш плата.

Затоа што човекот не знае во каков свет живее. Завршува школо и не е соодветен на условите во кои се наоѓа. Живее во својата илузија, одделен од светот, им се чуди на несреќите кои сам ги привлекува врз себе. Тие доаѓаат затоа што ние, како малите деца, си наштетуваме себеси. Затоа посакувам само едно – да ти дадам образование, и најважно, воспитание, кое е суштината за поправањето на меѓусебните односи на луѓето.

Тогаш ќе бидеш соодветен на светот, ќе бидеш избалансиран со него, ќе станете интегрална целина и тоа сега е временски императив. Сите елементи треба да бидат правилно соединети со заеднички механизам, со природни мрежи од меѓусебни поврзувања, а ти дури и да не знаеш за тоа. За тоа зборувам јас. Навистина, таквото воспитание ќе го промени човекот, но тоа ќе се случува постепено, само по себе. Јас не војувам со природните работи, јас само ти го објаснувам светот, ти покажувам каде живееш и како последица од тоа, ти се менуваш. Затоа што пред тебе се факти и што ќе правиш.

Нема што да правиме: ќе изготвиме непроменливи закони и ќе ги донесеме плански. Со брзање ништо нема да се поправи. Затоа што луѓето постапуваат според својата природа. Можеш ли неа да ја поправиш?

Уништувањето е составен дел од природата на човекот и додека не му дадеш правилно воспитание, додека не види со свои очи дека ризикува да го изгуби животот, нема да престане. При што, тој мора да го види тоа на најјасен можен начин, како смртта да му стои на прагот. Тоа и е образованието, воспитанието, кои ни е потребно. Инаку нема да преживееме на Земјата. Тоа го потврдуваат истражувањата. И нема други средства освен воспитанието.

Не треба да се морализира, не им кажувај на луѓето колку се добри или лоши. Тие се такви, какви што ги создала природата. Тие не можат помалку да крадат, помалку да лажат, едноставно не се способни за тоа. Кажано е за тоа: „Оди кај Создателот, Кој ме создаде мене". Создателот од самиот почеток ти вели: „Јас создадов лош почеток". Зарем ќе Му најдеш маани во Создаденото?

Има само еден лек: „Тора како зачин" – со други зборови, кабалистички метод на воспитание.

Од лекцијата според статијата “Слободна волја“ од 27.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica