Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Зошто целото човештво?

Желбата која што ни е потребна да се подигнеме над е голема колку и Светлината која што ја создала во смисла на волумен, длабочина, ширина, енергија и моќ.

Ние не сме способни да го исправиме тоа сами,па од таа причина Создателот ја подели на многу делови така што секој од нас да има можност да го исправи нашиот личен дел во оваа огромна желба. Како краен резултат, сите делови се соединуваат.

Во исто време, Кабалата ни укажува дека ние сме раздвоени со цел да научиме да се подигнеме над нашата омраза ( одвоеност ) и да се сакаме меѓусебно за да научиме да го сакаме Создателот на ист начин. Односно, целта на нашата поделба на индивидуални души е да се разбуди во нас еден нов став за грижа кон другите, а не да ја направи нашата работа со вољата за примање полесна.

Двете проценки се точни. Целта на нашата поделба е дводелна. Ние мора да постигнеме љубов за другите - пред да постигнеме љубов за Создателот, како што е напишано, " Од љубов кон другите до љубов кон Создателот ", а поделбата на повеќе делови ја прави нашата работа кон поправката на егото полесна.

Всушност, Создателот можел да создаде два Адамовци, наместо еден за тие да можат да учат како да се сложуваат. Сме слушнале дека " минималното количество е два ", па двајца би биле доволни да научат како да изчекорат надвор од себе кон другиот.

Но, Создателот ја подели колективната желба во мноштво на души на човештвото согласно со густината или масата на егоизмот така што секој од нас да може да го поправи неговиот личен дел од колективното его, да го ограничи, да се воздигне над него, и да го употреби со цел да дарува на другите.

Затоа, нашата работа во поправањето на ова масивно его е поделено на мноштво делови во согласност со бројот на душите ( или луѓето ) во нашиот свет. Значи, населението на земјата се наголемува или се намалува за да одговара на густината на егоизмот на овој свет во било кој момент. Настрана фактот дека оваа работа е поделена меѓу многу луѓе кои живеат денес.

Таа постепено се завршува од секој од нас со секое враќање на ( реинкарнација) во овој свет. Секој пат, ние го поправаме нашето его во мали делови, ден по ден, во текот на целиот живот и многубројните инкарнации.

Од Мега Конгрес, Лекција 1, 23/7/10


Зачекорување во универзумот!

Ние го искусуваме светот во рамките на нашата желба да примаме задоволство сé што сме ние во состојба да согледаме со нашите пет сетилни органи, како вид,слух, вкус, мирис и допир, резултира во сликата што ја гледаме од внатре. Ова е реалноста што ние ја возпримаме.

Има ли излез од оваа ограничена перцепција во една поширока, која што не е ограничена од физичкото тело и неговите пет сетилни органи? Впрочем, нашиот поглед на светот и на самите себе е диктиран од нашето тело.Сé зависи од перцепцијата. Можеби постојат безброј форми надвор од телото, но нашето тело ги филтрира дозволувајќи ни да го почувствуваме само она кое што тоа е способно да го обработи.

Тоа значи дека ние никогаш нема да бидеме во состојба да ја искусиме крајната реалност. Ако тоа е така, тогаш можеби ние ќе видиме дека тоа е вистинска реалност одкако телото ќе умре? Но, како е тоа возможно ако и нашите сетила умрат со него?

Кабалистите ни кажуваат дека ние не сме способни да ја согледаме целата реалност бидејќи таа се искусува " во себе " и со тоа е ограничена на делумна перцепција наречена " овој свет ". Сепак ние можеме да се префрлиме во " надворешна " перцепција, онаа надвор од телото. Постои сила која што го менува нашиот обсег на перцепција, каде што е можно да се искуси реалноста надвор од себеси.

Со други зборови, наместо да се фокусирам на себе, јас се фокусирам на другите и ги ставам над себеси. Кога ние читаме за надворешната реалност, таа влијае на нас и ние постепено почнуваме да ја воспримаме. Тоа се нарекува " сработено и најдено". Ние мора да вложиме напор со цел да ја достигнеме оваа нова перцепција.

После неколку месеци на таква работа ние започнуваме да забележуваме промени кои што се појавуваат во нас, и колку различна станува нашата перцепција за другите. Најефективниот начин да се напредува во овој процес е преку групно читање на Зохар, без оглед на тоа колку добро ќе го разбереме. Она што е важно е нашата желба да биде под негово влијание, кое што постепено ќе ни помогне да почнеме да ја искусуваме надворешната реалност.

Од вториот дел на дневните лекција /23/7/2010, Зохар

 

Јас сум Авраам во Египет 

Зохар, Глава " Лех Леха ( Оди Напред ) ", точка 117: Слично, напишано е за егзодусот од Египет, " и доајдоа да положат, кога Фараонот ги пушти луѓето да си одат ", со кое што Фараонот му даде Келим на својата одлука и воља.

Воспримањето на духовниот свет е ослободено од секаква телесност; не постои ниту Египет, ниту Авраам таму. Ние ги користиме овие зборови да ги означиме духовните сили кои ги формираат овие објекти во нашиот свет. Ова значи дека ние употребуваме зборови од нашиот свет за да ги именуваме вишите сили.

Ние го читаме Зохарот како да не знаеме ништо за нашиот свет и неговата историја. Најпосле Зохарот ни кажува за духовните состојби кои лежат и чекаат за нас.

Од вториот дел на дневната лекција по Кабала 23/7/2010,Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica