Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Каде е местото на духовниот свет

09.09.2011 -
Прашање: Каде се наоѓа местото на духовниот свет?

Одговор:
Местото на духовниот свет е желбата која е слична на желбата на Создателот. А местото на материјалниот свет е желбата која е спротивна на Создателот. Местото е желба која била создадена. Освен желбата, нема ништо. Ние сме само желба. Мене само ми се чини дека јас постојам, дека имам свое физичко тело и околу мене цел свет: нежив, растителен, животински, луѓе, а желбата едноставно е она што сакам.

Но не, целиот свет околу мене исто така е мојата желба, само во различни видови. Затоа оваа желба ми се претставува во разни, материјални форми. Меѓутоа материјата исто така е желба. Секој атом е желба, негативните полнења, позитивните, нивниот меѓусебен однос – сето тоа е желба, која се појавува во моите чувства како некоја независна материја. Но, всушност постои само мојата желба – една желба внатре во друга. Постојат поедноставни и посложени желби кои дејствуваат само инстинктивно, благодарение на природната сила во нив и желби кои дејствуваат според целата програма, односно кои вклучуваат не само желба туку и програма за нејзино дејствување. Затоа желбите се соединуваат и се разделуваат, градејќи меѓу себе секакви форми. Но сè е само желба.

Самиот јас, кој се чувствувам себеси и своето опкружување, овој свет, исто така е само желба и ништо повеќе. Внатре во својата желба јас чувствувам разни други желби кои имаат други форми. Во однос на мојата желба, тие желби се помали од мене, затоа што јас најнапред се чувствувам себеси, а сите останати на пониски нивоа. Затоа сите тие се вклучуваат во мојата желба, раѓајќи во мене разни ликови и состојби. Поголемата желба ја проголтува помалата и во неа таа предизвикува разни појави. Освен желбите, друго ништо нема.

Физиката сега доаѓа до заклучок дека нема ништо освен поле на сила. Но полето е токму желбата. Внатре во тоа поле ние чувствуваме секакви промени кои ни ја сликаат целата реалност. Ние едноставно сме навикнати да живееме во таа слика и не сфаќаме дека таа е привидна, па затоа овие појави кои се случуваат внатре во нашата желба ги нарекуваме наш свет.
Од утринската лекција според статијата  “Шамати“ - 09.09.2011
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica