Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да го развиеме шестото сетило

Прашање: Со помош на кaква метода јас можам да почнам да го развивам во себе шестото сетило кое ќе ми овозможи да го видам вистинскиот свет кој се наоѓа надвор од мене?

Одговор: Внатре во мене се наоѓа мојот егоизам преку кој јас чувствувам сѐ во дадениот момент. Во него јас секогаш воспримам сѐ онака како што сакам и на таков начин го гледам овој свет. Потребно ми е во себе да развијам посебен сетилен орган кој не е насочен навнатре туку нанадвор. За тоа потребно ми е да се соединам уште со неколку луѓе и да изградам меѓу нас заеднички сад за воспримање кој ќе биде последица на нашета желба да излезе од себеси и да се соедини. Со нашиот стремеж за единство ние градиме меѓу нас нов алтруистички сетилен орган – заеднички за сите нас. Откога ќе го изградам тој орган јас почнувам да го гледам преку него она што се случува надвор од мене и сликата што ја гледам ја нарекувам Виш Свет.

Од блогот на руски јазик

Тие кои тргнале по Авраам

Прашање: Во што Израел се разликува од другите народи? Зошто тој има посебна мисија?

Одговор: Желбите Галгалта – Ејнаим се нарекуваат Израел, а АХА"П – народи на светот. Желбата за насладување е материјата на суштеството. Желбата за насладување, која е толку мала што е способна да тежнее кон давање се нарекува Израел. И затоа е речено: „Вие сте најмалубројните од сите народи“.

Во Древниот Вавилон живеел човек по име Авраам кој сакал да достигне добар живот, да се ослободи од егоизмот во кој биле потонати сите Вавилонци. Тие решиле да изградат Вавилонска кула, но нивните јазици се измешале и тие престанале меѓусебно да се разбираат, ја изгубиле поврзаноста меѓу себе. Авраам сфатил дека целта е токму во заедничкото соединување. Со помош на соединувањето ние можеме да создадеме систем во чија внатрешност ќе ја откриеме Вишата Сила која управува со нас. Колку луѓе тргнале по Авраам? Пет илјади од трите милиони. Бидејќи за тоа е потребна одредена суптилност на човекот. Овие суптилни луѓе кои се присоединиле кон Авраам, согласно со својата намера „јашар-кел“, односно стремежот да станат слични на Вишата Сила која во целост претставува давање, се нарекуваат Исра-Ел. А сите други се стремеле во обратна насока, во насока на егоизмот и тие се нарекуваат народи на светот. Се разбира целта на создавањето е сите да се доведат до јашар-кел, до друго ниво на постоење. Но засега само овој мал дел е согласен на таков подем. Авраам ги изведува од Вавилон и заминува со нив. Израел се одликува со својата суптилна желба: од нивото 0-1-2. Тоа се желбите Г"Е кои се способни да ја сфатат оваа идеја и тежнеат кон соединување.

Ние постоиме во поле кое влијае не само на еден човек туку на нашето соединување. Веднаш штом се создаде соединување меѓу неколку луѓе тие предизвикуваат врз нив влијание на Создателот, ова поле на давање, зависно од тоа над каков егоизам се соединиле. И тогаш тие чувствуваат дека во нив се пројавува Вишата Сила, се открива Светлината. Сите ние се наоѓаме во поле на постојана Светлина која постои во апсолутно мирување. Ако ние не се соединуваме тогаш воопшто не ја гледаме, ништо не чувствуваме. Ако пак почнуваме да се соединуваме со другите, тогаш дури внатре во соединувањето меѓу двајца, да не зборуваме за десетмина, почнуваме да го лоцираме тоа поле како радиоприемник. Тоа воспримање внатре во нас се чувствува како откривање на Светлината, Создателот, Вишата Сила, небаре сме лоцирале радиобран. Ова Авраам им го објаснил на вавилонците и имало такви кои го сфатиле и тргнале по него. Затоа што им било јасно дека само така може да се излезе од кризата која го погодила Вавилон. А тие што не го сфатиле Авраам останале во Вавилон надевајќи се да пловат по течението заедно со својот егоизам.

Од тогаш светот се поделил на два дела: Израел и сите други народи. Зошто е тоа толку важно со оглед дека Израел брои само неколку милиони луѓе? Но тој ја определува суштината на процесот. И ние гледаме дека таа поделба се сочувува во текот на целата историја сѐ до нашето време. Не станува збор за географско место туку за духовна идеја. Има луѓе кои ја користат идејата на Авраам, како Израел, додека другите ја користат својата природа како вавилонци.

Од лекцијата по статијата „Заемна гаранција“, 15.06.2014

Цена за откривањето

Од статијата „Шамати“ №199: Во секого од Исраел постои точка во срцето, едноставна верба – наследство од нашите прататковци кои стоеле на планината Синај. Но таа точка е преслечена со многу лушпи (клипот), нечисти намери наречени „ло лишма“ (заради себе) кои потребно е да се тргнат.

Ако човекот чувствува привлечност кон Вишата Сила тоа е заради фактот што во него има духовен ген (решимо) наречен внатрешна точка во срцето. Таа точка се пробудува и го привлекува човекот кон Изворот на животот и затоа тој се нарекува Исраел – „Јашар-Кел“ (директно кон Создателот). Одозгора му е дадена можност да го достигне коренот на својата душа. Тоа се случува кога тој се очистува од нечистите намери, ја трга целата лушпа (кипот) која го покрива тоа решимо. Тоа решимо е разбиено, бидејќи некогаш тоа не било само информациски ген туку вистинска врска со сите други делови на заедничката Малхут. Но сега меѓу овие делови дејствува силата на разединувањето, и за да ја откриеме Вишата Сила претходно треба да ја откриеме таа сила на разединување. Напорот вложен од нас е цена за откривањето. Секој пат овие клипот стануваат сѐ подебели и предизвикуваат во човекот уште поголема сила на разединување. Но во мера во која тој ги надминува и ги чисти од себе достигнувајќи соединување со пријателите, тој се претвора себеси во сад за откривање на Вишата Светлина.

Работата за одделување на клипот кои ни пречат да се соединиме со другите делови на садот се нарекува работа на Создателот. Затоа што таа се врши преку помош одозгора и на таков начин човекот станува партнер на Вишата сила и ја препознава Неа, му се приближува на Создателот сѐ до нивото на целосно спојување. Наша обврска е да се занимаваме со оваа работа бидејќи само така ние го реализираме духовниот ген кој се пробудил во нас. Ако тој ген се пробудува значи дека Создателот го насочува човекот кон добра судбина. А човекот треба понатаму да се погрижи тој ген да не се изгуби, да не се затвори туку да биде реализиран. Ако човекот не вложува напори за да го реализира тоа решимо тогаш тоа се губи и повторно се пројавува во друга форма и во друго време. Можно е тоа да се случи веќе во друг животен циклус, ако човекот се покажал неспособен да се справи со таквите надворешни услови. Затоа тој го добива тоа решимо во други услови сѐ додека не го реализира.

„Во секого од Израел постои внатрешна точка во срцето, едноставна верба“. „Едноставна верба“ се достигнува кога човекот го очистува духовното решимо од сите материјални преслеки, односно од намерите заради себе и останува само едноставна точка – „наследство од нашите прататковци“, односно дадена од повисоките нивоа, „кои стоеле на планината Синај“ – кои успеале да ја надминат омразата која ги разделувала. „Но точката е преслечена со многу лушпи (клипот)“ – сили кои пречат на соединувањето, нечистите намери наречени „ло лишма“ (заради себе), кои потребно е да се тргнат. Тогаш основа на човекот ќе биде само вербата која нема потреба во никаква потпора и поддршка од страна. Односно тој нема да има никаков недостаток заради себе и ќе биде подготвен да работи за општеството. Зависно од мерата во која човекот стекнува едноставна верба кај него се појавува сила да се соедини со ближниот и да ги доведе сите до нивото на верба. Во тоа се состои поправката на желбата. Постои едноставна верба – нивото на Бина, а следно ниво е совршената верба, кога во Бина се преслекува и Хохма.

Од подготовката кон лекцијата , 15.06.2014

Татковците во заробеништво кај децата

Нашето време се нарекува ера на Месијата. За овие денови пишува дека „веднаш пред доаѓањето на Месијата ќе се зголеми дрскоста“. Односно ќе се откријат многу груби, тешки егоистички желби, во светот ќе дојде голема омраза и со сета моќ ќе се одвива војната на Гог и Магог. Работата е во тоа што после првото скратување (рестрикција) и одлуката на нижиот дека тој сака да прима само заради давање, целиот свет на Бесконечноста бил организиран соодветно на екраните, односно соодветно на способноста на нижиот да дава на светот на Бесконечноста, на својот виш. Световите одат по следниот редослед: Адам Кадмон, Ацилут, Брија, Јецира, Асија. Адам Кадмон е Кетер, Ацилут е Хохма и ГА"Р де-Бина (горната половина од Бина), Брија е ЗА"Т де-Бина (долна половина од Бина), Јецира е Зеир Анпин и Асија е Малхут.

По второто скратување и по разбивањето стана возможно да се работи само со желбите за давање: Кетер, Хохма и ГА"Р де-Бина. Кога овие желби ги креваат од световите БЈА во Ацилут, тие се нарекуваат јашар-кел (директно кон Создателот), Исра-ел. Овие желби се лесни и можат да се поправат. Но грубите желби не можат да се поправат, тие се премногу тешки и тешко е да се кренат. Тоа е можно само во случај на нивно соединување со другите. Во исто време без присоединување на тие тешки, груби желби, желбите за давање (Г"Е), Исраел, остануваат неисполнети, без својот позадински дел, АХА"П. Овие желби АХА"П паднале под парса во световите БЈА и таму престојуваат во заробеништво на желбите кои се нарекуваат народи на светот. Сѐ додека желбите на народите на светот, така наречени „синови“ не почнат да се пробудуваат и не ги пробудат паднатите во нив желбите АХА"П кои припаѓаат на вишото ниво, тој АХА"П нема да може да се искачи и повторно да се соедини со своите виши Г"Е. Тоа значи дека Исраел не може да излезе од прогонството бидејќи го задржуваат народите на светот. Или може да се рече дека татковците (вишите Г"Е) не можат да растат бидејќи нивниот АХА"П се наоѓа долу, во Г"Е на синовите кои не ги ослободуваат и не ги пробудуваат. Фактот што АХА"П на вишиот паѓа внатре во Г"Е на нижиот ни дава можност да влијаеме врз вишите нивоа и да се поврземе со големите кабалисти, со високите души кои веќе се поправиле себеси и сега чекаат кога ние ќе продолжиме да ги поправаме нив.

Сите долни делови (АХА"П) на вишите нивоа паѓаат долу на нижите нивоа.

Од горниот дел (Г"Е) на нижото ниво каде што паднале тие АХА"П на вишото зависи пробудувањето на себеси и на таков начин да ги пробуди и АХА"П на вишото. АХА"П на вишиот кој се наоѓа внатре во Г"Е на нижиот се нарекува МА"Н, молитва. Пробудувајќи ги своите Г"Е ние со тоа го пробудуваме вишиот, односно МА"Н, молитвата. Но сето тоа ние го правиме за да му причиниме радост на Создателот, на вишиот. Вишото ниво за нас секогаш се нарекува Создател. Токму тоа означува да му се причини радост на Создателот: да ги пробудиш своите Г"Е така за да се залепиш за паднатиот во тебе АХА"П на вишиот, да станеш со него заеднички парцуф и со тоа да го натераш да се крене. Тоа се нарекува кревање на МА"Н, молитвата. Г"Е на нижиот влегува во АХА"П на вишиот како капка на семе кое продира во матката на мајката и се залепува како зародиш кој сака таму да се развива. Со тоа тој ја обврзува матката, АХА"П на вишиот да се крене нагоре и да прими двојна Светлина, и за нас за да ни ја пренесе Светлината нам.

Од подготовката кон лекцијата, 06.06.2014

Робови на љубовта

Зависноста на вишиот парцуф од нижиот е посилна од ропството. Постои зависност заради зла принудувачка сила, туѓа власт. Но може да постои ропство заради добра обврзувачка сила, кога вишиот го сака нижиот. И тогаш тој му е лојален на нижиот заради својата љубов и прави сѐ што тој побара – се разбира ако тоа е за добро на нижиот. Тој цело време ќе очекува со што може да му помогне. Тоа е небаре ропство во обратна форма. Вишиот не може да му причини никаква штета на нижиот. Но сѐ додека не почнеме да молиме, да креваме МА"Н, АХА"П на вишиот, вишиот сам нема да го крене својот АХА"П. Тој само ќе чека. Тоа се нарекува страдање на Шхина, Малхут на светот Ацилут која многу посакува да го крене својот АХА"П и ја очекува нашата молитва. Но таа не може да го крене сама туку само по барање, по пробудувањето на нижите, односно искрите (Г"Е) кои се наоѓаат во световите БЈА. Вишиот се наоѓа во наше ропство како родителот кај саканите деца. Љубовта нѐ заробува во ропство исто како и омразата. Само што љубовта го прави роб вишиот, оној кој сака, додека омразата го прави роб нижиот кој го мразат. Ако вишиот мрази тогаш нижиот станува негов роб, а ако вишиот сака тогаш самиот се наоѓа во ропство.

Прашање: Во кој случај вишиот одговара на молитвата нa нижиот?

Одговор: Вишиот одговара на молитвата на нижите ако тие се подготвени да се откажат од себеси заради соединување и го молат вишиот за сила која ќе ги соедини во еден парцуф. Вишиот го реализира нивното соединување и се создава заеднички парцуф внатре во кој веќе се открива Светлина. Односно за да добиеме помош од вишиот треба да посакаш да се соединиш со другите во еден парцуф – не твојот личен туку тој што им припаѓа на сите, кој ќе се нарече Малхут. Таа молитва се нарекува општествена или молитва на мнозинството.

Прашање: Кога ние креваме МА"Н, молитва?

Одговор: Ние креваме молитва кога може можеме да ги занемариме своите желби за примање и да се соединиме меѓу нас само со своите желби за давање. Но тоа не значи дека ние воопшто не ги земаме предвид нашите желби за примање. Да речеме јас живеам во дворец и имам многу коли и авиони. Ти живееш во стан и имаш само еден автомобил. А тој живее во шатор и има само количка во која го впрегнува коњот и притоа тој коњ умрел. Како тогаш ние можеме да се соединиме заедно? За таа намена ние мораме да се откажеме од целокупната сопственост во односот еден кон друг односно да собереме заедно сѐ што имаме и над тоа да се соединиме во нашите Г"Е во форма на давање. Соединувањето во желбите за давање (Г"Е) бара исто така и релативно поништување на желбите за примање (АХА"П).  Тоа не значи дека треба навистина да се откажеме од целокупната сопственост но треба да земеме предвид дека се откажуваш од својот АХА"П смалувајќи ја неговата важност. А соединувањето потоа ќе се случи на повисоките нивоа. Односно ние не можеме едноставно да се соединиме со искрите – во иднина тоа ќе бара од нас да се соединиме со АХА"П –ите, како што Баал ХаСулам опишува во статијата „Последната генерација“.

Од подготовката кон лекцијата, 06.06.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica