Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да допреш до срцето?

17.11.2010 -

Материјалот на создавањето, т.е. ние самите – тоа е желбата за насладување. Ние не можеме да извршиме ниту едно дејство, ако тоа не ни е потребно за насладување. Ние делуваме само по барањето на желбата, кое се нарекува "место" (маком).

Речено е: "човекот учи само во местото, посакувано од неговото срце" – т.е. тој учи од потреба, од стремеж. Во тој случај, каква корист од тоа, дека јас седам и се обидувам да изградам во себе некоја посебна намера? Нели сé е лага. Моето срце си го сака своето, а јас дури не знам, што точно сака. Нели е подобро само да се чита текстот, не надевајки се да се допре до срцето?

Како да ја промениме желбата, ако токму ние самите сме таа желба? Кабалистите одговараат: вие треба да се обедините, да се вклучите еден во друг, да ја пронајдете заедничката желба и да ја засилите, да ја промените, да ги промените вашите намери и цели со помош на опкружувањето.

Останатото не зависи од нас. Во статијата "Слобода на вољата" Баал ХаСулам објаснува, дека вклучувајки се во групата, ние "течеме" заедно со неа и во се сме подложни на нејзиното влијание. Меѓутоа, ние го постигнавме своето – бидејќи сега ние делуваме според вољата на новата желба, здобиена од групата. Обид по обид, човекот се труди да се соедини со групата, и неговата желба се менува.

Благодарение на тоа тој ќе доаѓа да учи со друго барање, и ќе ја привлекува постојано обновувачката Светлина, која ќе го промени и ќе го повлече кон појасна цел, кон повисоко скалило.

Нека мојата желба е егоистичка: јас ги посакувам сите блага на овој и на идниот свет, не се грижам за другите, ниту за Создателот – меѓутоа, во тоа време групата околу мене зборува за високи работи.

Од духовна гледна точка, можеби сите мои пријатели се лажговци и измамници, но зборуваат убаво, и јас се воодушевувам на нивните зборови. На крај, напоредно со својата едноставна егоистичка желба, јас несакајќи превземам од групата нова насока кон давање, сакам да се вклучам, почнувам да го ценам обединувањето. Сакал јас или не, ги впивам во себе вредностите на групата. Пријателите стануваат дел од мене, и мојата намера се менува.

И сега, кога за време на учењето јас посакувам влијание на Светлината, таа сигурно доаѓа – адекватно на "вирусот", која јас го примив од опкружувањето. Јас имам веќе нешто, освен личното его, - нова насока кон целта, за која порано јас не сакав и не можев дури ни да помислувам. Групата обврзува. Бидејќи во својот корен ние сме поврзани во една душа, и затоа јас се проникнувам со желбите на пријателите, тие влијаат врз мене.

Од утринската лекција спред “предговор кон книгата “Зохар“ /17/11/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica