Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да изградиме љубов над егоизмот

Прашање: Што значи љубов над егоизмот?

Одговор: Пред сé, вложувајќи напори во групата, во учењето, искористувајќи ги сите можности, треба да се добие висока оценка на особината на давање. На својот пат човекот поминува голем број состојби на примање и давање кои тој воопшто не ги осознава, чувствувајќи се како мртов. Тој може да се наоѓа во спротивните состојби и да сака само да прима, може да се разочарува во текот на патот, но и обратно – може да престојува во невообичаено воодушевување. Но потребно е да се крене над сите тие поларно спротивни состојби. Постои само состојба, а јас се кревам над неа. Состојбата се праќа одозгора, од Создателот, кој на таков начин сака да провери како ќе изреагираме и ќе се кренеме над секоја ситуација.

Најчесто човекот чувствува рамнодушност, занемарливост. Но ако рече дека не сака да им верува на сопствените очи, и почне да работи за да си ги врати воодушевувањето, чувствителноста, чувството на животен дух во давањето, посебен однос кон сопствената поправка – над рамнодушноста и занемарувањето, тогаш постепено ќе ја привлече кон себе Светлината која враќа кон Изворот.

Јас почнувам да ја ценам особината на давање, напредувањето кон Создателот, кон Негово откривање – состојбите кои се над овој свет. Ако кај мене веќе постои таква проценка, стремеж кон давање – значи јас имам сад. Јас сакам да се почувствувам растворен во особината на давање, ја ценам над сé. Зошто одеднаш? Така врз мене влијаеше Вишата Светлина и сега јас сакам да ја имам таа особина. Се поставува уште едно прашање – зошто сакам да ја имам? Можеби чувствувам дека со неа ќе ми биде подобро: ќе ме ослободи од сите страдања и лоши искуства. Зарем е лошо да чувствуваш дека не припаѓаш на овој свет? Многумина би сакале да се оттргнат од него.

Затоа треба да проверам: зошто тоа го правам. Вишата Светлина ме буди, ми всадува почит кон давањето, но кон какво, – можеби егоистичко? Јас се проверувам себеси со помош на групата, пријателите, - дали можам со мојот стремеж кон божемната особина на давање да ја достигнам, да ја почувствувам. Дали посакувам давање за да давам на ближниот, или го правам тоа за да добијам нешто: почитување, почести? Сето тоа јас го проверувам во групата, зошто тоа го правам – за да ми биде добро? Не! За да им биде добро на другите? Да! Но како да знам дека тоа е токму така и јас сепак потајно не се надевамда добијам нешто за возврат?

Тоа го проверувам според тоа дали се стремам преку пријателите да Му донесам задоволство на Создателот. Тука мора да се открие мојата вистинска далечна цел. Наеднаш откривам дека целата своја работа на давање сакам да ја насочам кон Создателот. Бидејќи Тој сигурно ќе разбере, ќе препознае и ќе ми плати за мојата посветеност, и ако сум го достигнал тоа, значи целиот мој живот се исполнува со поинакво значење. Но не! Јас сакам да давам така, Создателот да не знае за тоа ништо – само да престојувам во особината на давање.

Ја проверувам својата работа според тоа колку сум способен да се кренам над својата егоистичка желба. Ако не се проверувам постојано како да се кренам над примањето кон давањето, тогаш не ќе можам никако да се фатам за давањето. Треба цело време да проверувам што сум добил и што сум изгубил и дали можам да не обрнувам внимание на своите губитоци. Односно јас имам можност да примам наполнување, но се кревам над тоа. Цело време водам сметка во своите желби за примање до кој степен можам да се задржам во вистинското давање. Едното се гради врз другото. Бидејќи во садовите за давање, во стремежот за давање, нема можност да процениме дали го правиме тоа заради себе. Само ако под сето тоа има желби за примање, кои ги смалувам за да изградам над нив екран и одразена Светлина, т.е. моето давање.

Од лекцијата според писмото на Баал ХаСулам, 05.08.2012

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica