Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се справиме со законот на Природата?

17.12.2010 -

Во "Предговорот кон ТЕС" (т.4) Баал ХаСулам пишува: "Создателот му дава на човекот добра судбина. Изборот на човекот е само во зајакнувањето". Создателот го доведува човекот до пријателите, до учењето, а сето друго зависи од него.

Не чекај некој да ја заврши наместо тебе работата. Ти самиот треба да ги дознаеш сите средства и правилно да ги изградиш. "Но јас уште ништо не разбирам! Не умеам да учам, не знам како да се однесувам кон пријателите, се збунувам во внатрешното и надворешното..."

Да и се жалиш можеш на мајка ти, а од законот на создавањето не можеш да побаруваш. Тоа не е помалку бесмислено отколку да настапуваш спротивно на законот за гравитација.

Создателот е закон на Природата, апсолутно давање. Доколку се придржуваш кон него – ќе ти биде добро, доколку не – ќе ти биде лошо во соодветна мера. Притоа и двете се во корелација со нивото на твојот развој. Исто како што во нашиот свет различно се однесуваме кон децата, тинејџерите, возрасните и старците.

Погрешно замислувајќи си го Создателот, ние му припишуваме некоја човечност, Му доделуваме чувства, својствени за нас самите. Се обидуваме да Го "наговориме", се надеваме, дека Тој ќе се премисли. Тоа е многу сериозна маана, која произлегува од нашата егоистична природа. Од памтивек луѓето ја прават истата грешка – ги пренесуваат своите квалитети на светот околу нас. Дури од домашните животни бараме вообичаена реакција.

И навистина, од сите нивоа на Природата, вклучувајќи го и човечкото, ние очекуваме сличност со нас, согласност со нашите претстави. Во тоа науката кабала принципиелно се разликува од сите религии и верувања.

Речено е: "Законот е даден, и не смее да се прекршува", " Јас не се менувам". Вишата Светлина се наоѓа во апсолутно мирување, а сите промени се случуваат само во садовите. Или јас Го молам Создателот Тој да се промени, или знам, дека морам самиот да се променам. Мојата молитва е "врзана" за мене.

Да се молиш – значи да се судиш себеси и да се менуваш. Само така ќе предизвикаш поинаква реакција од страната на непроменливиот закон. Токму во тоа е поентата.

Религиите не зборуваат за трансформацијата на човекот, тие ни предлагаат да го "поткупиме" Создателот со механичко дејство или со страсна молба. Луѓето се надеваат дека тоа ќе им помогне, иако историјата сведочи за спротивното.

Кабалата пак кажува, дека ти треба да се промениш , и никој друг. Продолжи да Му се обраќаш на Создателот, како и порано – но само од сосема друга причина: таква е Неговата воља, и ти го правиш тоа спротивно на својата желба. Ти стоиш пред Светлината. Менувајќи се себеси и поистоветувајќи се со неа според особините, ти почнуваш да го воспримаш нејзиното влијание, кое порано останувала надвор од твоите осети. Ти стануваш сад за Светлината и растеш се додека таа не те наполни целосно.

Да се чека Вишата Светлина – не значи да се седи со скрстени раце. Направи внатрешно движење во пресрет на неа, посакај да се промениш – и таа ќе влијае врз тебе. Сите промени во светот кои ги забележуваме – тоа се промените во самите нас.

Од утринската лекција по статија на Рабаш /17/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica