Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кого јас сакам да поправам?

Писанијата на Рабаш, поглавје 1, Статија 30: „Што да се бара во собирот на пријателите.” Нема разлика во тоа дали пријателот некого клевети или го мрази. Наместо тоа, кога некој посакува да бара љубов од другите, нему му е потребна поправка - да ги сака другите. Според тоа, кога некој прави напор и го суди другиот по скалата на заслугата, тоа е Сегула (лек/моќ/доблест), каде што по трудот што некој го прави, кој што е наречен „будење од долу,” нему му е дадена сила од Вишото, да ги љуби сите пријатели без исклучок.

Постои таков човек кој не бара пријателите да го сакаат. Наместо тоа, тој бара сила да ги љуби пријателите, иако чувствува студенило, одбивање и омраза од нивна страна. Нему единствено му е потребна моќ со која ќе биде можно да сака, и покрај сите падови и проблеми што ги открива на сите страни. Напишано е: „Тие имаат очи, но не гледаат,“ и секој отфрла спрема неговите недостатоци. Создателот ги уредува сите услови, и навистина, секој освен мене го достигнал крајот на поправката. Тоа значи дека само јас морам да се поправам себеси. До таа мера ќе се појави пред мене вистинската слика, една по друга. Дури и сега, вистинската слика се појавува пред мене, но само спрема степенот на мојата расипаност. После тоа, кога делумно ќе се поправам себеси, јас ќе видам нешто друго. Целиот свет ќе биде променет пред моите очи. На крајот на краиштата, светот не зависи од други или нешто друго туку од моите садови (желби).

Самиот свет е апстрактна, безоблична Светлина, а јас ги пренесувам одредени облици во тој свет. Па оттука, ако видам лошо однесување од пријателот, треба да направам правилно барање. Навистина, јас чувствувам недостаток од нешто. Тоа „нешто“ е во рацете на Создателот кој е добар, добронамерен и спремен да ми го даде она што го посакувам. Сите услови се уредени така за јас да треба правилно да побарам. Тоа е така дури и кога јас немам вистинска желба да го сакам пријателот кој ме мрази, чувствувам дека зависам од него во мојот однос кон него. Па така, јас барам да ја видам причината, да ја видам вистината. Секој самиот треба да ја достигне ваквата желба. Ако јас не работам да го сменам мојот однос кон пријателите, тогаш што правам? Кого јас сакам да поправам: нив или себе? Некој треба да го одговори прашањето во мене и да донесе одлука. Секој што се менува себеси „служи на Создателот“,  тој навистина го разбира методот на мудроста кабала. Секој кој што сака да ги поправи другите а не себеси, тој треба да се приклучи на владата и другите организации. Во мудроста кабала јас не можам да побарам друг однос кон себеси. Целта на луѓето кои се собрани тука е да се поправат самите себе. Според тоа, на овој начин се однесуваме кон пријателите: Ние разбираме дека сите заедно се движиме кон поправката, кон љубовта, помагајќи си еден на друг да се поправиме, додека навистина не започнеме да сакаме.

Од 4-от дел на утринската лекција, 07.04.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Во еден сноп

Прашање: Како да работиме заедно во група која што се предава себеси на Вишиот?

Одговор: За ова, потребно е секој да ја наведне главата кон секого, од пријателите. Со помош на кршењето на Келим што ти ја дал можноста да работиш со пријателите исто како со Создателот. Ти не можеш да го видиш и да го постигнеш тоа со непоправени желби; па затоа, ти работиш со група. Колку повеќе си ја привлекол Вишата Светлина, ти си повеќе со пријателите. Тоа гради правилна состојба во тебе, „поле на споделување“ каде што можеш да „платиш“ и да вежбаш со нив. Твоето однесување кон нив е всушност твоето однесување кон Создателот, но, тука ги гледаш резултатите, ти работиш заедно со нив на промена на состојбите, обете: во тебе и кај пријателите. Создателот е апсолутен, и внатре во групата е исто така, промените во групата те подготвуваат многу подобро за средбата со Него. Затоа што ти имаш две желби во тебе - желбата да примаш -желбата да даваш - што се појавува пред твоето его и егото на пријателите; низ сето ова ти побаруваш целосен сад, Кли, спремен да се соочиш со Создателот. Вистината на суштината е дека сè е подготвено низ боженствената мудрост, која што те снабдува со сè што ти е потребно во облик на група за целиот пат.

Претпостави дека треба да се кренеш од степенот 120 на степенот 121. Таму ти си исто прикриен, па дури и во понатамошна сокриеност, во апсолутна темнина, каде што не постои сеќавањето за Создателот, те преплавуваат необјасниви мисли и чувства... Како да се кренеме од оваа страшна темнина до следното ниво? Тоа го правиме единствено со помошта од групата, како што тоа го правеа и учениците на Раби Шимон. Ти повторно откриваш дека сите односи меѓу пријателите се точно наместени за обликувањето на овој нов степен.

Прашање: Што може групата да направи за да се посвети и да се крене на следниот степен?

Одговор: Групата не треба да се посвети себеси; туку секој член треба да се посвети себеси на поврзувањето и на единството. Потоа сите ние заедно градиме подршка за откривање на Создателот, место за Неговото живеалиште, Шхина.


Прашање:
Но, зарем не треба да има заедничко предавање додека минуваме низ различните состојби?

Одговор: Вие чувствувате што е тоа да се биде заедно, во еден „сноп“ (омер). Главното нешто е да се поништиш, со други зборови: да се доставиш себеси, со сета своја сила да изградиш врска помеѓу пријателите. Твојата гордост да стане понизна заради поврзувањето, и да бидеш засегнат единствено за секој во групата, вклучувајќи ги жените и децата, да бидат поврзани, тие да се однесуваат еден кон друг со љубов, со разбирање, без да даваат отпор едни кон други. Создателот ни дава место за напорите, и ние едноставно мараме да направиме врска помеѓу нас. Ако тоа не го направиме, тогаш нема да има иднина за сето тоа.

Од 3-от дел на утринската лекција 05.04.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Раѓањето е пробивање надвор темнината

Ако сме поврзани во заедничка љубов во групата, тогаш секој треба да го почувствува она што секој го чувствува. Тогаш нема да постојат случаи кога некој се чувствува добро а некој лошо; секој ќе го чувствува она што се случува во едно срце. Секој кој не ја дели општата грижа, нема да ја почувствува општата радост што следи. Ние не знаеме зошто Создателот одненадеж создава такви ситуации во кои некои луѓе се повеќе поврзани од останатите. Тоа зависи од многу фактори и особено од подготовката на сите, и до која мера некој чувствува дека групата е негова. Во тој случај дури луѓето кои биле секогаш дел од „Египет“ што значи дека тие навидум им наштетувале на „синовите на Израел“ кои страдаа поради нив, сега имаат иста шанса да напреднат во духовноста. Овие два дела на групата имаат еднакви шанси да напреднат и станува јасно дека ова се обете страни на „медалот“ од истата состојба. Тие што нема да се пронајдат себеси физички во темнината ќе се почувствуваат како всушност да го искусуваат општото страдање, благодарејќи на нивното слепување со тие што го примиле ударот.

Целата светска група не може да го почувствува истиот проблем физички, сето тоа зависи од нашето слепување, од поврзаноста помеѓу пријателите. Тогаш секој ја чувствува болката од страна., како болест на драга особа. Целата светска група може да ја подели истата болка. Дури и целиот свет може да го направи тоа, ако се поправиме себеси, пораснеме посилни, и се воздигнеме. Тогаш брановите на нашите грижи, различните видови на бранови, добри и лоши, ќе се рашират во секоја насока и ќе направат „бука“ во светот, која што бука може да биде радосна или загрижувачка. Така општата состојба ќе биде поправена заедно со нас. Светлината е излезена од темнината. На тој начин ќе има спротивен резултат на сите критични проблеми. Следната состојба е родена во темнината и секое раѓање е нејзината спротивност. Тоа е секогаш како пробив од ќорсокак.


Од 1-от дел на утринската лекција на кабала 04.04.2013, Според Шамати, бр. 36, на Каб.Тв

На пистата од физичките проблеми

Прашање: Дали воздигнувањето над физичките проблеми ќе води кон апатија во однос на физичкиот живот?

Одговор: Ти го градиш твојот духовен живот над физичкиот живот. Духовноста е изградена единствено над овој свет. Нашиот свет бил создаден за тоа; не е даден случајно. Животот на нашето физиолошко тело е чудесно уредено во ист образец како Вишиот Свет, како гранката што наликува на коренот, така што во сите случувања во овој свет ти ќе почнеш да чувствуваш што стои на повисоко ниво, зад нив. Ние гледаме колку многу се различни десетте зла на Египет: крв, жаби, вошки, и така натаму, па сè до злото на првородениот. Секое зло е непријатен удар, но сите тие се разликуваат меѓу себе. Наспроти твоето место во општиот систем на душите на Адам ХаРишон, ти минуваш низ сето она што се случува во овој свет лично, како ударите на твоето его, внатре во твојата кожа. Овие удари особено ти помагаат сè повеќе и повеќе да излезеш надвор од твојата кожа повеќе, благодарејќи му на твоето надминување. Ти ги благословуваш овие удари, бидејќи без нив не постои шанса да станеш слободен. Егото те држи внатре во кожата; единствено низ волја на ударот ти ќе одлучиш да избегаш оттаму.

Ударот го гради човечкото суштество во тебе, Клипат Нога, средната третина од Тиферет; ти дава можност да размислуваш околу тоа зошто ти сакаш да излезеш надвор. Ти не сакаш да се криеш и да избегаш од ударите, туку си спремен да останеш во темнината. Повеќе би сакал да се прилепиш до Изворот, кон Создателот, со голема благодарност што Тој ти дава можност да излезеш од телото на кратко и да Му се доближиш Нему. Во овој услов, ти започнуваш да гледаш и чувствуваш огромно количевство на суптилности и нијанси, па, во овој облик го градиш твоето духовно тело, односно првите десет Сефирот од Повратната Светлина. Тоа навистина ќе биде Повратната Светлина, бидејќи ти повеќе не бараш за себе, туку ти се креваш над темнината која е почувствувана во твојата волја за примање со цел да примиш. Ти си одвоен од „себе.“

Од 1-от дел на утринската лекција, 04.04.2013, според Шамати, бр.36, на Каб.Тв

Војна на љубовта

Од писмата на Рабаш бр.5: ... треба да сторите повеќе во љубовта за пријателите. Не е возможно да се достигне љубов што вечно ќе трае, освен низ Двекут (прилепување), со значење дека обете од тебе ти ќе ги соединиш, со цврста врска. Ова може а се случи единствено ако се обидеш да ја„соблечеш“ наметката во која е сместена внатрешната душа-наметката наречена „самољубие“... И кога ќе почувствуваш дека си во војна, секој од вас ќе знае и чувствува дека му е потребна помош од пријателот, и дека без него и неговата сила исто така ќе ослаби. Тогаш, кога ќе разбереш дека мораш да го спасиш сопствениот живот, секој од вас ќе заборави дека има тело кое што мора да го задржи, и тогаш и обата ќе бидете врзани од помислата како да го искористите непријателот.“

Љубовта на пријателите се здобива по патот на војната, во нејзино име. Невозможно е да се достигне прилепување кое што означува постојана љубов, без стремеж да се остави наметката на склоноста кон злото, во која што е облечена душата. Да се напушти оваа наметка на самољубието, е можно единствено ако ти ја замениш за љубовта кон другиот, за екранот и Повратната Светлина. Токму ова е особина која што мораме да ја постигнеме. Кога започнуваме да бараме како ова да го сториме, ние чувствуваме дека сè зависи од нашиот однос гон другиот, и сите работи што се привлечни во нашиот свет. Сите односи во светот се засновани во согласност со законите, заштита на правата на поединецот, на демократијата. Кога ќе видиме нешто од вистината низ влијанието на Опкружувачката Светлина, тогаш разбираме дека посебно низ поврзаноста со другите ние го остваруваме целиот програм на создавањето.

Другиот, дали е тоа пријателот или Создателот, е исто; нема никаква разлика. Ако сакам да се кренам над самиот себе и да го достигнам Создателот, тоа е точно тогаш кога гледам дека јас барам помош од пријателот. Сè додека сите пријатели не дојдат да ми помогнат, спрема тоа колку јас им се предавам ним, јас не можам да сторам ништо. Тоа што го побаруваме е заедничка соработка каде ние зависиме еден од друг. Колку што јас се давам себеси на другите, до тој степен тие можат да ми помогнат, и кога ќе дојдат на помош, јас престанувам да мислам на себеси. Јас се кревам над самиот себе, и покрај себеси.

Пријателите можат да дојдат да ми помогнат само ако се покорам себеси, со почит кон нив. Со тоа, јас ги обврзувам да се грижат за мене. Тоа говори дека сè зависи од работата на поединецот и неговото однесување во средината. Што повеќе се покорувам себеси и сум спремен да се држам за групата, кон учителот, кон книгите, кон учењето, кон дисиминацијата - која е најголемото средство за постигнување на целта, да верувам како малолетен, да се предадам себеси на најниското ниво; толку поблиску ќе доаѓам до моето духовно остварување. Јас морам да го започнам моето духовно воздигнување од нула. Колку повеќе со мислите се доближувам кон нулата, желбите и делата, толку повеќе се придржувам кон групата и ја обврзувам да биде засегната за мене. Јас започнувам да го примам правото влијание од внатре во групата. Не е важно на кое ниво во моментот се наоѓам. Ова влијание прави тоа да е можно за мене, да го поништам моето самољубие, заминувајќи од егоистичната лушпа (Клипа), од лошата склонетост, и да започнам со духовната работа.

Од подготовките за утринската лекција 07.04.2013, на Каб.Тв

„Човекот секогаш ќе ги продава гредите од неговата куќа“

„Човекот секогаш ќе го продава покривот од неговата куќа и ќе ги стави чевлите на неговите стапала„ (Шабат, 129).

Прашање: Што значи да го „продава покривот од неговата куќа“ во духовна смисла?

Одговор:Покривот од неговата куќа“ се сите мисли, желбите, и сиот мој однос кон животот, кој што ме обврзува да се грижам за себе наместо да се соединам со пријателите. Со цел да изградам една општа слика, еден систем, јас морам да ја продадам оваа „куќа“ која што ми е толку мила. Но, ниту ова не е доволно. Морам да купам чевли и да ги ставам на моите нозе, што значи дека јас имам потреба од одбрамбена сила која што ќе ме задржи во нејзиното поле. Не е доволно само да го поништам моето мислење и да ја спуштам мојата глава пред групата, која се повикува на „продади го покривот од неговата куќа.“ Јас исто треба да примам сили кои ќе ми овозможат да останам почитуван од моите пријатели над сите мисли кои што се разбудени во мене. Тоа значи дека не е доволно да се поништам самиот, туку дека ми е потребна дополнителна сила што ќе ме врзе со групата, Ова се нарекува „завет”  или „чевли на неговите нозе (раглан)“ за да не „шпионира“ (мерагел, кој што го има истиот корен како нозе на хебрејски) во корист на моето его.

Од 1-от дел на утринската лекција, 07.04.2013, според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica