Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Материјалниот свет има свои закони

16.05.2011 -

Прашање: Како треба да се однесуваме кон материјалните проблеми?

Одговор: И материјалните и духовните проблеми доаѓаат од еден извор, затоа што „Нема никој друг, освен Него". На сè треба да се гледа како дел од една целина.

Но, во материјалниот свет има дополнителни закони. И додека го гледаме материјалното, мораме да ги совладуваме тие проблеми и да се бориме според законите на овој свет и човековото општество. Затоа што тие закони се исто така, последица од нашата непоправеност и затоа мора да ги исполнуваме.

Ако јас живеам во човековото општество, не е важно дали сум голем кабалист, јас сум обврзан да се однесувам во општеството според неговите закони. Сите ние мора да им се потчинуваме, без оглед на тоа што тие немаат никаква врска со духовното и не смееме да ги одбегнуваме.
На пример, ако некој се спрема да ме убие, јас морам да се заштитам и да го престигнам.

Од лекцијата според статијата “Шамати“ - 16.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica