Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Моето зло под микроскопот кој зголемува 620 пати

Сите настани му се откриваат на човекот заради неговата нецелосна перцепција заради непоправените осети. Светот е отсликан како нецелосен според перцепцијата и сфаќањето на човекот. Но треба да сфатиме дека оваа несовршеност не е во надворешниот свет, туку во самите нас. Моменталната глобална криза не се развива околу нас, туку само во нашата перцепција. Но во моментот кога ќе се поправиме, сите надворешни проблеми ќе исчезнат. Така е бидејќи светот не постои во самиот себе, туку само во нашите чувства; тој е во нас. Веднаш штом ги поправиме нашите атрибути, сите катастрофи и проблеми, бурите и кризите веднаш ќе исчезнат.

Ништо од ова не постои; Вишата Светлина едноставно ја исполнува сета реалност... Разликата меѓу вистината и лагата е само во човекот. Прво преку разјаснување на сите удари кои ги добива, треба да разбере дека има цел и причина за нив, како што е кажано: „Јас сум првиот“, што значи причината, и „Јас сум последниот“, што значи целта. Овие удари доаѓаат за човекот да се поправи и да сфати дека неговата перцепција на реалноста е лажна. Функционира како „другар“. Бидејќи ова зло останало во човекот, тој никогаш нема да го открие. Но бидејќи злото се открива надвор, тоа како да е против него, и така човекот може да го распознае. Нашето его многу го зголемува ова зло дозволувајќи ни да го гледаме во другите во најистакната форма. На нашето зло гледаме како низ лупа и го гледаме 620 пати зголемено. Ова ни помага да го откриеме и се нарекува „другар“.

Го откривам ова зло во другите, но сфаќам дека е спротивно и дека е во мене, и така можам да се поправам. Човекот треба постојано да се проверува дали има правилна перцепција: Веднаш мора да го промени секое зло кое го гледа надвор и во него, и да го поправи. Кога ќе се поистоветам со тоа што е надвор од мене, го перцепирам тој атрибут како добар за мене. Го прифаќам и сум во него поправајќи се себеси. Благодарение на тоа, можам да се проверам себеси во однос на групата, во однос на другите, во однос на Создателот.

Излегува дека перцепцијата на надворешната реалност ми помага да го најдам злото во мене во мојот внатрешен одраз, и да сфатам дека не се уништува светот, туку јас сум тој кој што е уништен, бидејќи така се открива моето зло. Со тоа што ќе се поправам себеси ќе го поправам целиот свет. Ова се нарекува „судење самиот на себе и на целиот свет според заслуга.“ Да се надеваме дека ќе можеме да го разбереме и процесираме ова, да ја перцепираме оваа слика и да го пренесеме овој правилен и здрав пристап на целиот свет, на сите луѓе. Тогаш, со поправање на човекот, можеме да ги решиме сите проблеми. Првата потешкотија е менување на мојот пристап, и наместо да го поправиме светот, треба да сфатиме дека треба да се поправиме самите.

Според мудроста на кабалата, целиот свет кој го гледаме околу нас е одраз на нашите внатрешни атрибути, исто како огледало. Но за да ги поедноставиме работите, треба да објасниме дека човекот прво треба сам да се поправи за подоцна да може да го поправи светот. Така е затоа што расипан човек гради расипан свет, а поправен човек гради поправен свет.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 02.08.2012, Записи на Баал ХаСулам

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica