Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мојата свеќа

24.12.2010 -

Кога би се погледнале однадвор, надвор од границите на овој свет, тогаш би забележале, дека "животот" во него – не е живот. Ние сосема сме отсечени од вистинкото сфаќање на животот. Духовно сме мртви, а нашата реалност е илузија во бесвест, краткотрајна искра која е доволна за цел овој свет.

Човекот вистински живее тогаш кога добива Светлина и ја држи над себе не дозволувајќи тоа насладување да згасне и во исто време не пуштајќи го директно во желбата. Светлината и желбата не се гасат една со друга, и притоа не ја губат врската.

Тие се како свеќа, како масло и оган поврзани со фитиљ. Маслото е нашиот материјал, желбата. Фитиљот - е екран (масах), а пламенот на свеќата – е Светлината. Јас го држам огнот над себе, повлекувам граница меѓу него и желбата. така да не ја оттурнам целосно Светлината, туку да ја задржам поради давање.

Јас постојано правам пресметка колку масло теба да дотурам, колку желба да додадам за пламенот да гори на најдобар начин. И тогаш мојата свеќа не се гаси. Ако тоа ни успева – ние го чувствуваме животот, вечен и совршен. И таа можност е пред нас.

Од утринската лекција според статии на Рабаш /24/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica