Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мудрецот кој ја изучува Тора "лишма"

28.08.2011 -
Најважно е цело време да си претставувам себеси како стојам пред Вишата Сила, единствена и која дава, која е добра и која води кон целта. Ако се насочувам кон целта, секогаш ќе се чувствувам добро, со добар однос кон себе. Ако се насочувам кон целта, секогаш ќе гледам дека всушност сè е насочено кон неа за да ми помогне да го постигнам ликот кој треба да го изградам од себе. Сè е поставено така, да станам сличен на Него. И сè што се случува во мојот живот се само вежби кои секој миг стојат пред мене за да се оформам себеси со нивна помош.

Ако човек така се организира, тој ќе се радува дека се наоѓа во процес на формирање на својата личност да стане човек, Адам, што значи „сличен" на Создателот. Тогаш тој гледа дека нема сурови и непријателски сили во дворецот на Царот, туку дека сè се прави за негово добро. Создателот само го спроведува, „го прегрнува однапред и одзади", од сите страни. И сè е поставено само за соединување со Создателот, каква што е целта на битието.

Затоа, ако во некој момент човек се чувствува лошо, незгодно во однос на целта на битието, на Создателот, на реалноста околу него, тоа е знак дека тој сè уште не се довел себеси во рамнотежа со дадените услови, во согласност со Добриот и Кој прави добро, со „Нема никој освен Него" и не се соединил со своето својство за давање, тоа да завладее во него.

Така треба да се поставиме себеси и секој пат да се движиме кон целосно поправање. Ако пак, човекот ги прифаќа сите услови, причини, случајности, правилно го употребува опкружувањето – учителот, групата, учењето, се грижи за нив и за распространување во целиот свет, ако прифаќа сè само за да го постигне својството за давање и од него самиот да остане само точка напор, а сето останато во него да се исполни со давање, тоа значи дека тој ја учи Тора „лишма". Односно, секоја добиена сила, сите свои сили, карактеристики и способности тој ги претвора во форма на давање. Тој посакува така да се издигне над своето својство за примање, за да не го чувстува како тоа реално да постои – да владее само давањето.

Ако стремежот на човекот е ваков, тој се нарекува мудрец, „талмид хахам" (ученик на мудрецот) кој ја изучува Тора „лишма". Тој учи кај мудрецот, кај Создателот и од Него добива примери во секој момент од својот живот, стремејќи се да ги донесе во силата за давање, во единствената сила – Добрата и Која прави добро.

Од утринската лекција  - 28.08.2011  по статијата “Шамати“
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica