Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Надеж за спасение

17.03.2011 - Прашање: Зошто е толку тешко да се задржи намерата додека го читаме “Зохар“, или да ја замислиме врската помеѓу нас и да го фатиме цврсто текстот? Што да правиме?

Одговор: Ако човек се најде во голема катастрофа и некој му рече, „Читај го овој текст половина час и во него ќе најдеш начин да се извлечеш од катастрофата," можете да замислите како ќе го помине тој половина час. Би му било ли тешко да се концентрира на текстот? Каков притисок и надеж би почувствувал трудејќи се да продре во текстот, да сфати што се бара од него, што може да најде таму, какво спасение има, и како тоа ќе пристигне...

Сé зависи од опкружувањето, од тоа колку ќе го „загрее" тој внатрешен став кон текстот на Зохарот. Сите други кабалистички текстови се корисни во помала мера во поглед на нивното влијание врз читателот бидејќи кога ги читаме можеме да го ангажираме умот и чувствата, и на некој начин да ги поврземе со нас самите.

Тора, пак, е совршена, чиста, недостижна, „во рајот." Што значи „чиста" (Тмима)?

Никој не може да ја допре. Таа е Вишата Светлина. Ние само ги чекаме резултатите од неа што ќе се појават во нас. Само групата може да ми го даде тој став кон "Зохар" за да јас страсно посакам да добијам резултат од тоа. Инаку нема да се случи.

Веќе поминавме низ таа состојба кога само што почнувавме да го читаме Зохар. Во текот на првите неколку месеци луѓето беа толку инспирирани од тоа што таа општа возбуда влијаеше врз секој еден и секој донекаде го почувствува просветлувањето што ги опкружуваше, чувствувајќи ја врз себе моќта на влијанието на Зохар. Сега таа инспирација бледнее бидејќи прво ја примивме одозгора, додека сега мораме самите да ја развиеме. Ништо во Природата не се случува само од себе.

Добивате првично будење и потоа тоа ќе ви биде одземено за да додадете нешто од себе, за да го дополните просторот кој се изпразнил од инспирација одозгора со ваш личен напор.

Ако не додадеме нешто од себе, нема да можеме да ја задржиме намерата за поправање во текот на 45 минути додека го читаме Зохар, и само ќе чекаме лекцијата да заврши. Ако не разбудиме човек, ако не ги поттикнеме внатрешните вибрации во него за да се почувствува како болен кој се наоѓа пред единственото средство за спасение, единствената прилика да се излечи и спаси од катастрофа, тогаш секако ќе му биде тешко да ја задржи намерата и да внимава на текстот. Во суштина, тој нé обвинува нас затоа што не му даваме да ја почувстува суштинската потреба од ова, т.е. важноста на оваа цел.

Од утринската лекцијата / 17.03.2011/ “Зохар

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica