Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Намалувајќи ја илузијата на разбивањето

16.02.2011 -

Невозможно е да се работи врз себеси без поддршка на правилното опкружување кое секој пат го води човекот до точна анализа, точна состојба. Впрочем, вечното прашање, на кое што треба да се одговора со "удар по заби" е прашањето кој е поважен: Создателот или јас? Ближниот или јас? Силата на давањето или силата на примањето?

Ако ова прашање јасно стои пред мене и јас разбирам дека од јасен одговор зависи мојот напредок или неуспех, тогаш потребата од постојана поддршка од опкружувањето станува очигледна за мене. Од друга страна пак, какво е тоа опкружување? Каква поддршка дава?

Всушност јас ги добивам моите лични келим, (желби), зависно од тоа колку сакам да ги приближам до себе. Бидејќи целата реалност – сум јас. Работејќи со опкружувањето јас го подигам во своите очи, ја наоѓам во него важноста на Создателот. Но, всушност, ми беше дадена сила на разбивање за да ми помага да работам на овој начин над самиот себе.

Моето "јас" кое ја вклучува целокупната реалност, се дели на два дела: дел кој јас го чувствувам како себеси и дел кој го чувствувам како свет, како ближниот, како сé што се наоѓа надвор од мене. Зошто Создателот ме поделил на два дела?

За да можам полесно да го поправам делот кој е однадвор. Јас ја подигнувам неговата важност за мене ако ја пробудувам важноста на пријателите и ги поттикнувам да работат на мене, како да имаат слобода на избор и повеќе самостојност отколку што јас им припишувам. Треба да се сфати дека силата на разбивање дејствува за наше добро.

Делот наречен "ближниот", т.е. сé што е надвор од мене ќе биде поправено од мене ако се однесувам кон него токму како кон ближниот. Јас ги поправам тие желби кои ми изгледаат туѓи, ставајќи се себеси пред нив и сакајќи да се соединам со нив. Моето "јас" е само точка во срцето, а "ближниот" е целото мое кли, целиот сад на душата.

Кога не би бил поделен на тие два дела, не би имал можност да ги поправам "надворешните" желби. Никогаш не би можел да ги изанализирам, да ги проверам, да ги сортирам, да побарам сили за работа со нив. Меѓутоа јас се наоѓам надвор од нив и го поправам својот однос кон нив. Кај мене се создава таква илузија – небаре јас го поправам својот однос кон ближниот според приципот "сакај го ближниот како себеси". Сé уште не сфаќам, не разбирам, не чувствувам дека всушност тоа е мојата душа.

Едноставно ми дале сила на разбивање која ја црта лажната слика на "ближните" во моите очи. Но токму така јас можам да почнам со поправка на своите келим, работејќи спротивно на силата на отфрлањето и нанесувајќи ѝ удари. На таков начин можеме да ја прикажеме нашата работа, поинаку: човекот првично го прима сето создание како негова душа и разбира дека сите сили на разделување се фантазија со цел да го збунат. Всушност реалноста воопшто не е одделена од него.

Затоа човекот нанесува удари, "ги затапува забите" на таа сила на разбивање, на таа илузија – и во тоа ја гледа целата работа која треба да ја заврши. И така сé додека не ги искрши сите заби, не ги искорне сите трња за розата, која расте сред нив, т.е. Малхут, да расцвета во својата вистинска форма, во полна сила. Бидејќи тоа е Шхина - заедничка душа. Така јас морам да го гледам и опкружувањето, пријателите, Создателот. Сé што ми изгледа надворешно, е неразделив дел од мене. Додека силата која ме одделува од заедничката мисла и желба, од Единствениот, - тоа е сила на поделбата, која морам да ја разбијам.

Од утринската лекција според Статија на Рабаш од 16.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica