Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не ја губи главата во жешките прегратки на Светлината

Внатрешната работа се дели на ноќ и ден. „Пред зората” човекот се моли за спасението на Шхина од прогонство. Тоа се такви внатрешни состојби, кога човекот чувствува дека се наоѓа во прогонство од особината на давање, од добрата желба, од земјата Исраел – желбата насочена директно кон Создателот (Исра –ел). Треба малку да се задлабочиш во тоа чувство, за да ја почувствуваш длабочината на своите егоистички желби.

Ако ти не се наоѓаш на земјата Исраел, значи дека си во Египетско ропство! Треба да се осознае колку е големо скривањето, и дека не си способен да излезеш од него со сопствени сили. Но не треба да се губи контрола над таа состојба, и откога ќе се провериш себеси, мораш веќе да се пробудиш и да излезеш од него – да се кренеш и да се погрижиш да имаш сили, да не ги изгубиш целосно во чувството на прогон.

Сега треба постепено да се разбудуваш, и во темница да ги подготвуваш своите желби во очекување на Светлината. Горкото незадоволство, кое си го осетил во Египет, треба да помине од материјалното чувство дека ти е лошо – во повик, кој иницира поправки. Тој бил неопходен, инаку ти не би се разбудил. Треба да видиш какви поправки ти се неопходни и да почнеш да се прилагодуваш за давање, сé дури не ја достигнеш вистинската молба за давање, т.е. за добивање на антиегоистички екран. Ние не сфаќаме, дека не е едноставно да престојуваш во давање. Соединувањето со Создателот, кое притоа го достигнува човекот, му дава големо наполнување, го омекнува срцето, и дава осет на целосно ослободување од неговиот егоизам, почнувајќи да надвладува над него. Светлината доаѓа и завладува со човекот, ако тој достигнува правилно соединување со ближниот. За тоа се потребни многу силни желби, да не се изгуби главата, да се сочува самоконтролата, и да се прими тоа чувство токму за да Му се причини задоволство на Создателот. Тука постои голема опасност да почнеш сам да се насладуваш и тогаш човекот паѓа не само во ситни земни егоистички желби, туку во вистински клипот.

Затоа треба во ноќниот мрак да ги подготвиме нашите желби кон Светлината, а потоа - веднаш пред зората се соединуваат Вишите духовни парцуфим Аба ве-Има. Сите духовни насладувања, кои ги добиваме и Вишата Светлина се последица на соединувањето, т.е. Светлината и топлината кои се раѓаат од него. Затоа, од една страна, треба страсно да се стремиме кон соединување, а од друга страна, да се запираме и силно да се контролираме, за да не се залепиме на природен, егоистичен начин, туку свесно и одмерено. Човекот небаре забрзано трча, силно посакувајќи да достигне спојување, но во последен момент пред допирот, треба нагло да закочи и да се провери себеси! Во тоа е смислата на војните, при влезот на земјата Израел. Тој мора точно да разјасни, дали ќе го открие тоа соединување токму заради давање. Бидејќи сé додека тој не се наоѓа во соединување, не е толку страшно какви намери има. Сè уште дејствата и намерите му се егоистички – сé е разбиено. Но кога веќе тој почнува да влегува во соединување, се појавува опасност да навлезе во нечистите сили, клипот. Резултатот на соединувањето и откривањето кое е достигнато благодарение на него, треба да биде насочено само во корист на Создателот, а не во своја лична корист! Токму тогаш почнува вистинска војна против својата желба за насладување.

Од лекцијата според писмото на Баал ХаСулам, 02.09.2012  на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica