Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Недофатлива клучна компонента

17.12.2010 -

Ние сето го проценуваме според мерата на нашето наполнување, кое го има во две форми: поради себе и поради давање. Поради себе јас не можам да добијам повеќе од нашиот материјален свет. Јас имам огромен сад-желба, но сé што можам во него да примам – тоа е мал простор наречен "овој свет". И тоа што можам во него да го примам – тоа се привремени наполнувања кои влегуваат и веднаш се губат. И тоа е целиот мој живот.

На таков начин во текот на историјата јас се наполнував на се повисоко ниво: неживото, растителното и животинското, но на крај почувствував уште поголема празнина. Во почетокот мојата желба била мала, потоа растела се повеќе и повеќе – се додека не ја достигнала својата граница: XXI век. Поголемо егоистично наполнување не може да постои – јас го достигнав максимумот на скалилото на апсорпцијата. И затоа прашувам: "И што сум постигнал во својата историја, во текот на илјадници животни циклуси? Зошто сум постоел во овој свет илјадници години?"

Во мене останале овие информациски податоци за поминатиот пат и затоа јас барам одговор. А потоа во мене се буди некој посебен информациски ген (решимо), благодарение на кој јас наеднаш почнувам да го чувствувам надворешниот, за мене, дел од желбата, и таа ме влече да се развивам понатаму, напред. Но отпрвин јас пристапувам кон оваа моја надворешна желба на застарен начин и гледам како можам во неа да примам, да апсорбирам.

Јас не разбирам, дека таму функционира сосема друг пристап – и треба да се насладувам од давањето, а не од примањето. Додека се навикнам на оваа мисла, почнам да ја сфаќам, и навистина да преминам одвнатре нанадвор – потребно е да помине време. Тоа се нарекува време на подготовка – додека јас постепено не научам дека насладувањето е во давањето, а не во примањето.

Баал ХаСулам го нарекува ова "психолошка бариера" (махсом). Јас треба да се согласам, дека дејството на меѓусебното соединување и давањето, мислата за некој друг – може да донесе насладување, такви вежби ние почнуваме да правиме во групата, постепено се исполнувам со големината на давањето. И кога би останале само на тоа, би го повториле искуството на комунистите во Русија.

Но работата е во тоа, дека ние имаме уште една компонента – "Светлина која враќа кон Изворот", и таа постојано влијае врз нас, зависно од степенот на нашите напори. Токму таа компонента ја менува нашата природа!

Јас наеднаш почнувам вистински да го ценам давањето и да чувствувам задоволство од тоа! Тоа се нарекува чудо. Јас наеднаш откривам дека во давањето се кријат бескрајни насладувања, а самата способност за давање е неограничена! Но најважната и несфатлива за нас компонента е "Светлината која враќа кон Изворот". Засега таа за нас е недофатлива.

Од утринската лекција според статијата “Слобода на воља“ /17/12/2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica