Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Независно шесто сетило

28.10.2010 -
Пред сé ние треба да се вклучиме во група и да го најдеме во неа независното кли, шестото сетило. На ист начин шестиот ден од неделата се крева над останатите пет денови и ги подготвува нив за саботата.

Така и ние треба да ги подготвиме сите наши чувства и над нивниот егоизам да изградиме нов сетилен орган, кој ќе се базира на екранот и Одразената Светлина.

Човекот се поништува себеси, се обединува со пријателите – и токму со тоа гради кли, преку кое може да се восприма реалноста. Во тоа кли тој открива 613 желби, градбата на душата. Во тоа кли, во својата врска со другите, човекот открива мрежа, а во неа - секакви желби и взаемни односи.

Собирајки ги и средувајки ги, тој наеднаш согледува, дека токму тие стануваат десет сфирот, желби на неговата душа. И во неа, во нејзината структура тој почнува да ја открива Светлината, Создателот – во Директната и Одразената, Внатрешната и Опкружувачката Светлина, во обратната и предната страна.

Човекот продолжува да го развива тоа кли, тој сетилен орган, да го испитува, да се задлабочува во него, искачувајки се по скалилата на самоодрекување и взаемната поврзаност. Неговото кли станува се посложено, посовршено, сé додека човекот не го реализира принципот на љубовта кон ближниот, како кон себеси. Таа љубов го гради и го оформува ова кли, соединувајки ги неговите делови, благодарение на што, човекот открива разни видови на врските и ги изградува нив во взаемното давање. И таму, во тоа кли, во тие десет сфирот, тој го "црта" ликот на Создателот – сеопштата сила на давање.

Таква е нашата работа, и ние секогаш ја спроведуваме во опкружување, кое станува група, душа, и го поприма обликот на Создателот. Бидејки и после толку години јас ништо немам. Како е тоа можно? Што се случува? Обединувањето ја зголемува болката од безрезултатните напори. Таа ќе биде доволна, за да во бегањето од неа јас се искачам погоре, на духовното скалило, и да го пренесам својот дел од царското благо.

Од утринската лекција според статија на Рабаш  /28.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica