Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Новороденчето плаче, а возрасните се радуваат

Ние треба да се радуваме на тоа што ни е дадена можност да го шириме знаењето на кабалата низ целиот свет, како што некогаш пишувал Баал ХаСулам: „Среќен сум да живеам во време, кога станало возможно разоткривањето на науката кабала”. Од моментот, кога кај нас се појавува можност да ја реализираме методата на поправка, треба да почнеме да се однесуваме кон целиот свет како кон средство, дадено за поправка. И тогаш ќе бидеме среќни од дадената можност да работиме и да поправаме. А како резултат, сите ќе добиеме добра награда, која самите сме ја создале, изградиле, заслужиле. Кога истовремено се присутни двете компоненти: недостатокот кој се открива и методата која ни е достапна за негова поправка, ние треба да се радуваме. Затоа што ни останало само да направиме правилен напор и целиот свет на Бесконечноста ќе се открие во нас.

Ние треба да му ја покажеме на светот нашата радост, надеж, воодушевено расположение, убеденост. Наместо стравот, со кој денес е опфатен целиот свет – радост, наместо стравувањето - убеденоста и точно одреденото знаење на тоа што сега се случува, и тоа што ни претстои понатаму. Тоа не се страдањата на светот, туку радосни породилни маки. Кога новороденчето плаче, сите наоколу се радуваат – нашето тело, нашиот егоизам плаче, додека човекот во нас се радува. Ние тоа треба на сите да им го објасниме, и да ги привлечеме со нашето внатрешно добро расположение. Треба да се усовршуваме во тоа, бидејќи светот се лизга сé подлабоко во пропаст – во чувство на очај, немоќ, безнадежност. Во нас, треба многу силно да се чувствуваат радоста, надежта, јасното знаење, убеденоста, дека сé што се разоткрива, е само за наше добро, бидејќи сé е веќе подготвено за поправка, за „царска трпеза”.

Сé зависи од тоа како ние ќе ја реализираме нашата мисија, сфаќајќи дека е дојдено вистинско време за внатрешна поправка и широка надворешна дисеминација на кабалата. Многу е важно, во која мера ние ќе можеме да ја зрачиме таа радост и убеденост надвор, во светот, дејствувајќи трпеливо и внимателно. Треба да разбереме, дека на човекот кој не е заедно со нас, не му е едноставно да го восприми таквиот однос. Него може да го налути и да го иритира тоа што ние се наоѓаме во навидум спротивна состојба од неговата, и не ги споделуваме неговите проблеми и стравувања, радувајќи се тогаш, кога сите плачат. Треба да се има обзир кон луѓето и постепено деликатно и трпеливо да објаснуваме, како да излеземе од оваа криза.

Треба да се известат луѓето, дека веднаш по промената на нашиот пристап, ние веќе по малку го поправаме нашиот однос кон Создателот и стануваме поблиски до Вишата Светлина. И затоа ќе почнеме да ја чувствуваме оваа реалност, ќе почувствуваме дека тоа не се празни зборови, туку зад нив нешто има.

Од утринската лекција според писмо на Рабаш, 05.09.2012   на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica