Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Отворете го влезот за Светлината!

15.05.2011 -
Прашање: Како практично да се влијае на своите другари, за тие да имаат правилни намери за време на предавањата и најважно, за време на читањето на книгата Зохар?

Одговор: Пред сè, мораме да се поддржуваме еден со друг во внатрешното барање, внатрешното чувство затоа што тоа се нарекува гаранција. Без нашата меѓусебна поддршка јас нема да достигнам состојба во која целата заедничка желба ќе ја чувствувам како своја. И не затоа што тие имаат потреба од мене, туку јас од нив. Овие дејствија се многу подлабоки од таквата, да речеме, надворешна поддршка. Со тоа јас се будам со осознавањето дека целата таа желба е садот на мојата душа.

Понекогаш мислам на соединување внатре во желбата, но сфаќајќи го тоа или не, јас со тоа предизвикувам Светлина, ако извршувам дејствија насочени кон единство на нашиот духовен сад/желба. Затоа што Светлината е една. И ако не се свртам кон Неа преку една желба/сад, јас не предизвикувам Светлина. Затоа сум обврзан да мислам на заедничката желба во која сите живееме во меѓусебно давање и гаранција.

Всушност, гаранцијата е малечок отвор преку кој отвараме влез на Светлината. Значи, гаранцијата означува дека ти веќе си соединет со другите во единство, слично на единството на Светлината.

Според статија од книгата “Зохар“ од 15.05.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica