Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Пловејќи во круговите на Светлината

01.11.2010 -

Желбата, која работи со екран – се нарекува " линија", а без екран – "круг". Заедничката работа помеѓу линијата и круговите ги преместува желбите/душите. Круг и линија – тоа се две различни форми на однесување: линијата – е личното, а кругот – општото.

Круговите се однесуваат кон желбите така, како тие да немаат екран, и затоа тие ги преместуваат небаре во магнетно или гравитационо поле, не земајќи ја предвид мерата на исправувањето на самото кли – туку мислата, која дејствува во тој дел на полето. Затоа круговите можат да влијаат и да ги преместуваат желбите, кои немаат екран.

Додека, пак, "линијата" – се желби, кои го поминале скратувањето (Цимцуф Алеф), и затоа се однесуваат на тие, во кои постои тој анти-егоистички екран. Ако пак јас немам екран, врз мене не делува линијата – јас не и припаѓам, бидејки немам со неа никакви заеднички особини. Затоа сега ние се префрлуваме од место на место само со силата на круговите – и тоа се нарекува "опкружување" (свива).

Системот на врските помеѓу нашите души им се потчинува на тие закони. Во него дејствуваат "кругови цимцум-алеф", со центар во точките на малхут, и "кругови цимцум-бет", со центар во точките на бина, каде завршуваат примачките желби и почнуваат давачките. Врз секој дел од желбата, секој најситен детал, кој ги содржи во себе двата вида на желби, кои припаѓаат на цимцум-алеф и цимцум-бет – делуваат круговите цимцум-алеф и цимцум-бет.

Да речеме, во мене постојат желби, кои можат да се откријат веќе сега, а постојат такви, кои не се откриваат до крајот на исправувањето, и согласно на тоа врз нив ќе делува едно поле, а нема да делува другото. Но ние се наоѓаме во тие две полиња што нé опкружуваат – полето цимцум-алеф и полето цимцум-бет. Во тоа заедничко поле се содржи целата меморија, целиот програм, целата цел и мислата на творбата, сите наши состојби до самиот крај на исправувањето.

Нам ни треба само да се доведеме себеси во соодветност со тоа поле. Но како јас тоа да го направам, бидејќи не го чувствувам тоа поле? Тоа е Опкружувачката Светлина – а јас не можам да воспоставам врска со Светлината. Затоа јас воспоставувам врска со желбите, со пријателите, со некој дел од заедничкиот систем и се обидувам максимално да и се уподобам, согласно на законите, содржани во Светлината.

И на таков начин јас добивам поголемо влијание од Светлината. Јас станувам почувствителен кон неа, и затоа таа посилно на мене влијае. Самата Светлина не станува посилна, таа е константна. Но јас морам да ги изострам своите чувствувања, и тогаш ќе почувствувам од тоа поле на Светлината поголемо влијание. На таков начин јас ќе се преместувам себеси во тоа поле! Колку почувствителен ќе бидам јас кон Светлината, толку побргу ќе запловам во тоа силово поле, привлекувајки се од периферијата кон центарот.

Во центарот на полето може да постои истовремено и голем мрак, и големо влијание на силите – но за сметка на таа спротивност јас побргу доаѓам до "правото" дејство во "линијата". На таков начин, движејки се "во круговите", јас ја достигнувам "линијата" и се здобивам со анти-егоистички екран.

Од утринската лекција  “Беит Шаар ха Каванот “ /01.11.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica