Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Поврзување преку централната контрола

alt- 25.05.2012 Прашање: Дали навистина постои нашата заедница, или секој си гради сопствена реалност?

Одговор: Нашата заедница навистина постои на сличен начин како што ние се чувствуваме во врска со живеењето во еден свет, секој го чувствува тоа различно. Не можеме ни да измериме на кој начин се различни нашите чувства за овој свет. Во нашата површност, не можеме да бидеме вклучени во меѓусебните желби, не можам да влезам во твојата желба и ти не можеш да влезеш во мојата. Секој има негова елементарна точка, која ја одредува уникатноста на неговиот карактер кој го добил од Создателот. Создателот е нашиот заеднички именител, факторот што нè обединува. Можеме да се поврземе само преку Него.

Затоа, центарот на групата е појдовната точка од тоа место, наречено Создател, или желба во која Тој се открива. Само во оваа централна точка можеме да се разбереме еден со друг, во исто време, откриваме дека никогаш нема да чувствуваме што навистина се случува во желбата на пријателот и што тој чувствува. Се поврзуваме еден со друг само преку Создателот, и дури тогаш тоа е несвесно!

Од првиот дел на дневната кабала лекција 25/05/12 „Разговор за работилницата“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica