Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Помеѓу плус и минус

Прашање: Постојат две сили во создавањето: плусот и минусот, желбата да се прими и желбата да се дава, машката сила и женската сила. Можеби поврзаноста помеѓу машките и женските сили недостасува со цел да се открие една сила која што е наречена „Еден?“ Ако тоа е вистина, тогаш како може да се поврземе?

Одговор:  Единствено со вклучување на Создателот, не постои друг начин! Единствено Тој може да создава хармонија меѓу плусот и минусот. „Мажот и жената, се вели, и Шхина (Божественоста) е меѓу нив.“ Мажот и жената, плусот и минусот, овие две спротиставени сили никогаш нема да можат да се спојат без откровението на Создателот. Во природата мора секогаш да има отпор помеѓу плусот и минусот, во кои заедничката енергија меѓу нив станува истакната, и Создателот е тој кој ја игра таа улога. Одпрвин Тој се открива Себе во облик на его, отпорот меѓу плусот и минусот, потоа Тој поврзува сè во еден систем, и потоа на врвотот, Неговото откровение станува обелоденето и ние започнуваме да го чувствуваме Него. Ние всушност не можеми да го почувствуваме Него. Тој се насетува во нашите желби, во нашите садови, во отпорот што го создаваме помеѓу плусот и минусот. Да претпоставиме дека ова е нашиот отпорник, плусот или минусот, нашето его. Ако таму постои „струја“ која течење низ него, значи дека ние се поврзуваме и покрај егото, тогаш на врвот од отпорникот ние почнуваме да го откриваме Создателот. Создателот е спротивен од нашето его, бидејки Тој ја создал темнината од Светлината. Создателот е спротивен од нашето его, така ние го откриваме Создателот. Тој „инструмент“ е нашиот Масах ( Екран ).

Од Европскиот конгрес во Германија, 22.03.2013 Лекција бр.3

Спречувајќи ги пријателите од „паѓање“

Прашање: Во времето меѓу конгресот во Арава и европскиот конгрес, пријателите во групата работеа многу напорно и во целост почувствуваа многу удолнини. Што може да направиме за пријателите да не „паднат?“

Одговор: Нам ни е потребна само една работа да помогнеме пријателите да не „паднат„: да ја зацврстиме врската со Создателот, пријателите од другите групи треба да те потсетат на тоа. Кога групата работи исправно, таа станува една целина. Единката не може сама да стори ништо. Има многу групи кои треба да си помогнат едни на други. Единствено во поврзаноста меѓу нив Создателот ќе биде откриен. Групите треба да работат како единствен организам, исто како што функционира телото. Можно ли е бубрезите, срцето, белите дробови, и другите телесни органи да бидат здрави ако не постои комуникација меѓу нив? Тоа не може да се случи! Мора исто така да има орган кој ги справува сите активности на истиот начи на кој во телото тоа го прави мозокот. Тој ги управува сите групи и тие му враќаат повратни информации. На овој начин има непрестана заедничка, циклична работа на сите органи. Ако активноста на телото не циркулира, нема да има баланс помеѓу органите и потоа телото станува болно. Дури ако сите органи се здрави и само еден дел е болен, ќе води кон нарушување на балансот на целото тело. Затоа, мора да постои зедничка поврзаност. Ние веќе дојдовме до овој стадиум. Сега со цел да се поврземе и да исправно да напредуваме, без никакви пречки, треба секој да биде поврзан, и потребна ни е заедничка меѓу-поврзана подршка од сите групи, еден систем на учење и дисеминација.

Од Европскиот конгрес во Германија 23.03.2013, Лекција бр.3

Групата нема право да молчи

Прашање: Кога нешто ќе се случи во групата, групата се обидува самата да ги реши нејзините посебни проблеми, наместо да се сврти кон другите групи и да почне да вреска „Помогнете ни!“ Дали некој треба да препорача обраќање за помош или дали треба целата група да одлучи дека ние навистина имаме проблем и дојдено е времето да викаме за помош, за тие да ни помогнат?

Одговор: Во нашата израелска група, истите работи се случуваат. Чувствувам дека кога еден пријател или друг ќе падне, почекајте, еден ден или два, да видите дали другите реагират на тоа или не. Јас препорачувам да им се каже на останатите. Тоа е, мора да има непрестано испитување и не смее да се бега од ништо. И групата нема право да молчи, во услови како овие, бидејќи ова може да им наштети на сите останати. Не треба да го кријам моето неучество во нешто, моето одвојување од духовниот пат, од барањето, од притисокот, од напредувањето. Јас не можам да молчам за ова бидејќи правејќи го тоа, ќе предизвикам паѓање кај останатите. Исто е како група на војници кои се надвор во напад и одненадеж еден од нив не е спремен да се движи напред. Останатите зависат од него. Што ќе се случи ако тој не ја изврши задачата? Тие сите ќе бидат убиени; ништо нема да успее. Токму затоа, со цел да не ја минира групата, тој мора да им каже дека нешто не е во ред со него, можеби неговата нога или рака не функционира соодветно. Исто така, ако целата група падне, ова има влијание врз сите групи. Не смееме да мислиме само за себе. Ако вака мислиме, ние велиме дека заемната доверба не постои, дека не постои заемна обврска. Општо кажано, нема да биде ништо! Размислите добро за сето ова.  

Од Европскиот конгрес во Германија, 23.03.2013, Лекција бр.3

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica