Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Почеток на пробудувањето

04.02.2011 -
Прашање: Што сака од мене Создателот кога "игра" со мене?

Одговор: Создателот не сака ништо. Тој е добар и создава добро. Поаѓајќи од замислата на создавањето за доброто на творбите, Тој извршил едно дејство – ја создал желбата за примање. И тоа го создал веднаш во совршена состојба.

Како што е речено во "Предговорот кон Книгата Зохар", почетната и конечната состојба престојуваат во заедничко совршенство. Но за да сфатиме каде се наоѓаме, како и зошто Тој првично нè создал нас, ние постепено се враќаме во свеста, постепено ја раствараме состојбата во која престојуваме. На крајот на краиштата сé се случува само во однос на нас, во нашата перцепција. Ништо не се менува освен моето разбирање и свест.

Значи Создателот ништо не сака од нас, Тој само ни овозможил да ја дознаеме состојбата во која нè создал – совршената, вечната, сличната на Себеси. Токму тоа треба ние да го направиме, откога ќе поминеме неколку фази. Од почеток ние се развиваме несвесно на неживото, растителното и животинското ниво на желбите. А во последната фаза ние се освестуваме, ја постигнуваме својата вистинска состојба.

Токму сега се случува тој премин. Порано исто така имало луѓе кои ја спознале духовната реалност, но тоа биле поединци. Додека сега кон процесот се присоединуваат сите души кои почнуваат да чувствуваат, да осознаваат каде тие всушност се наоѓаат.

Од утринската лекција по статија на Рабаш од 04.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica